Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ПУЛС

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Има доволно количини на крв и крвни компоненти

ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ располага со доволни количини на безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи.„Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти. Во моментот нема потреба од вонредно дарување крв! Институтот за трансфузиона медицина изразува длабоко сочувство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа во Кочани. Ние продолжуваме да бидеме тука за сите потреби и да го дадеме својот придонес во обезбедување на медицинска помош за оние кои имаат потреба“, објавија „Крводарители Македонија“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.22

(Видео) Татко си ја бара едната ќерка, другата паднала и газеле врз неа, но се спасила

Родител на две девојки кои биле вчера во дискотеката во Кочани, се уште ја бара едната ќерка, додека другата е хоспитализирана.„Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“, вели таткото Бобан Тасев за МИА.Тој сведочи дека едното девојче кое го нашол и е хоспитализирано паднало при евакуацијата, а врз неа газеле други лица што се обиделе да се спасаст.Девојчињата се Лепа и Марија Тасева на 20 и 25 години.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25

Се запалила завеса, па кровот и паднала конструкција - нови детали за дискотеката каде загинаа 51 лице

Страшна била глетката кога настанал пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сведоци посочуваат дека од објектот имало само еден излез, а пожарот брзо се ширел. Тие опишуваат дека станува збор за излез кој е 90 х 90, а присутните почнале да се гушат и се направило стампедо.Според сведоштвата, од пиротехниката се запалила декоративна завеса поставена на кровот, а потоа и цела кровна конструкција. Паднал и таванот, додека присутните се обиделе да се евакуираат.Дискотеката функционирала долги години. Се менувале сопствениците, но во сопственичката структура постојано имало едно лице кое сега е повредено. Дел од организаторите се во полициските станици, а меѓу нив има и тешко повредени.Неофицијалните информации се дека објектот, кој е сместен во куќа, имал и дозвола за извршување на оваа дејност. На некои од прозорите имало и решетки, кои биле отстранувани од жителите, кои спасувале гости.

Македонија | пред 1 година

spisoci

Објавени списоците на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката „Пулс“ во Кочани во скопските болници.Список од „8 Септеври“:[caption id="attachment_324288" align="alignnone" width="341"] Канал 5[/caption]Список од Клинички центар:[caption id="attachment_324289" align="alignnone" width="407"] Канал5 ТВ[/caption]

Македонија | пред 1 година

4a6c8e70-ad97-11ef-a4fe-a3e9a6c5d640.jpg

Еврокомесарката Кос: Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани

Марта Кос, еврокомесарката за проширување изрази сочувство и длабока тага поради трагедијата во Кочани.„Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе”, напиша Кос во објава на Икс.Изразувајќи сочувство за загинатите до семејствата, Кос наведува дека нејзините мисли се со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.15.36

(Видео) Ова е објектот кој неофицијално имал и лиценца да биде дискотека, а каде загинаа 51 лице

Засега нема официјални одговори дали дискотеката „Пулс“ имала лиценца за ноќен клуб, иако некои од медиумите брифираат дека лиценца била издадена која важи до 24 март. Останува отворено прашањето, кој дозволил во куќа во населено место, да има дискотека.Жители кои ја посетувале сведочат дека станува збор за простор кој има тесен простор за влез и излез, каде имало стампедо кога настанал пожарот.Клубот е сместен во објект кој изгледа како куќа, а дел од прозорците биле со решетки.

Македонија | пред 1 година

panco

(Видео) Панчо од ДНК кој настапуваше во Кочани има изгореници по лицето и е на кислородна поддршка

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотелата „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК неговата сетра Јадранка Николовска.„Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе“, ни рече Николовска низ солзи.

Македонија | пред 1 година

filkov

Министерот Филков: Секој што потфрлил за трагедијата во Кочани -ќе одговара

Министерот за правда Игор Филков, изрази најдлабоко сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани и виновнин во оваа трагедија, во која според последните информации загинаа 51 лице и има многу повредени лица.„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара.Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, вели Игор Филков,министер за правда.

Македонија | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-4

Се огласи премиерот Христијан Мицкоски

„Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови.Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија.Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори.Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.Бог да биде со семејствата на жртвите и повредените и со народот на Македонија!

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-4

Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

„Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот“, велат од СДСМ и додаваа:Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување.Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа.

Македонија | пред 1 година

skovski

(Видео) Дел се приведени, а дел од организаторите се тешко повредени - детали од МВР

Неколку лица кои се поврзуваат со дискотеката „Пулс“ во која досега загинаа 51 лице, се приведени. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Дел од лицата се приведени и се врши разговор, дел кои биле организатори се дел од оние кои се тешко повредени во рамки на оваа катастрофална несреќа“, посочи Тошковски.„Сите клиники и болници каде има починати, дадени се напатствија да бидат известени фамилиите и сите кои треба да ги добијат тие информации. И секако мора да се постапи по насока на обвинител и да се изврши обдукција. Починати лица имаме во повеќе болници во Македонија“, рече Тошковски, кој не можеше да сподели на која возраст се загинатите.На терен постапуваат обвинители од повеќе Обвинителства.

Македонија | пред 1 година

fasdf

Обвинителството на терен: Бројот на жртвите се утврдува

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сѐ уште се преземаат дејствија и се врши увид, соопштина од обвинителството.Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈО-ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

Македонија | пред 1 година

e84377b5-d6e8-466b-9d23-bd7fe90148d2

Трагедијата во Кочани ударна вест во регионот

Невидената и најголема трагедија во Македонија, е ударна вест во сите регионални медиуми. Пишуваат за бројот на жртви, можните причини, а веста предизвика шок.

Свет | пред 1 година

filipce

Филипче: Не е време за поделби, туку за обединување во тагата, како лекар стојам на располагање

Сочувство за трагедијата во Кочани изрази пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче.Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас.Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката.Ги повикувам сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација.Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме. 🖤

Македонија | пред 1 година

moment-na-pochnuvane-pozhar-diskoteka-kochani1

Еден од членовите на групата „ДНК“ е домашно лекување, другите се во болница

Членовите на аренби дуото ДНК, бендот и придружните вокали кои ноќеска настапувале во дискотеката во „Пулс“ во Кочани во која изби пожар и загинаа најмалку 50 лица, се дел во болница, дел на домашно лекување, јавува САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на информации од семејстватаСпоред нив, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип.Еден од членовите на бендот е на домашно лекување во Скопје. Откако се случил пожарот, бил однесен во болницата во Кочани, каде што примил инјекција со кортикостероид, а потоа пријатели со автомобил го однеле дома во Скопје.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања