„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

рек битола

antonijo-antonio-milososki-milosovski

Со местени тендери душмански се црпеле милиони евра од РЕК Битола, процесот за јавни набавки со бројни неправилности, вели Милошоски

Пратеникот Антонио Милошоски пишува дека РЕК Битола бил мета на душманско крадење преку "РУД Коп дооел", "Марковски Компани" и "Дигер доо"- Битола.Неговото тврдење во целост:„Држ.завод за ревизија на 11 јули 2024 објави Ревизорски извештај - Процесот на доделување на договорите за јавните набавки, кој открива големи неправилности и индиции за незаконско работење во "РЕК Битола", со местење на тендери за фирми блиски до СДСМ.Ревизорите констатирале декa во РЕК Битола биле спроведувани постапки со преговарање во “четири очи” без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства. Од податоците во ревизорскиот извештај и од јавно достапните податоци за јавните набавки, се откриваат компаниите миленици кои биле дел од пљачката во РЕК Битола: "РУД Коп дооел", "Марковски Компани" и "Дигер доо", сите од Битола.Пример бр1.: Набавка Ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино во РЕК Битола во 2022г кога директор бил хармоникашот Пеце Матевски, а генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски. АД Гранит ги исполнувала сите услови од тендерската документација и имала најефтина понуда од единечна цена од 2.040 ден/м3, но била отфрлена како несоодветна понуда и бил склучен договор со една од омилените фирми на директорот, "РУД КОП дооел" по единечна цена од 2.595 ден/м3 односно во вкупна вредност од 11,5 милиони€ и дополнителен склучен анекс од 2М евра.Пример2: Проширување и изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС во РЕК Битола, во оваа постапка се глумела “конкуренција” a всушност се преговорало во “четири очи” со рекордерот по склучени договори "Маркоски компани ДООЕЛ Битола", чиј сопственик е конзул на Белорусија во Македонија. Во набавката про-форма учествувале компании кои не исполнувале услови, со задача да “глумат конкуренција”, со цел да остане висока цената на омилениот тендераш "Маркоски компани". Во оваа постапка, било утврдено дека наместо условите за исполнување на техничка и кадровска екипираност да бидат утврдени од РЕК Битола како договорен орган, тоа било оставено да го направи компанијата кога “преговарала", во случајов Маркоски компани".Пример3: И во постапката за Ангажирање на услуги за помошна механизација за потребите на рударската оператива во РЕК Битола од 2022, утврдено е неосновано отфрлање на понудата на компанијата "Рубитон Битола" и бил склучен договор со "ДИГЕР ДОО Битола" за ангажирање на механизација во вредност од 1,4М€ и скучен анекс од 244.000€. На овој начин се анулирала конкуренцијата за да нема поповолни цени. Рубитон е истата фирма која во 2020 година го пријави тогашниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во МВР дека и вршел вршел притисок да отстапат дел од договорот што го склучиле за ископ во РЕК Битола или во спротивно да му платат 250.000€ во готово.Сите наоди ја потврдија јавната тајна истражена од многу новинари, дека во РЕК Битола се местеле тендери со цел душмански да се црпат милиони евра пари на граѓаните кои можеле да се употребат за набавка на противпожарни возила, обнова на болници или училишта. Останува да видиме дали овие ревизорски извештаи ќе ги прочита државниот јавен обвинител⁉️“.

Коментари | пред 1 година

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_4

„Се спрема епски криминал од 140 милиони евра во РЕК Битола“, Мицкоски најави спроведување на наместени тендери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе се случи кражба на 140 милиони евра преку тендери во РЕК Битола. Тој тврди дека тоа ќе биде епски криминал преку два тендери, за кои посочи дека е извесно и кои фирми ќе ги добијат.„Се спрема епски криминал во РЕК Битола, преку тендери. Тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и фирми предводени од ДУИ и СДСМ. Сега на бегање ќе распишат тендер за набавка и увоз на јаглен и ќе го доделат тендерот за ископ на јаглен на еден конзул од источна земја а за кого има санкции од ЕУ“, рече Мицкоски.Тој додаде дека не се заканува, но апелира, вработените да не се впуштаат во акција за спроведување на овие тендери, оти им најави дека лично ќе се занимава со нив и ќе бара одговорност.„Апелирам до луѓето во ЕЛЕМ, генералниот директор, до надлежните во рудникот.. Јас ќе се занимавам со овие јавни набавки. Јас им ветувам дека секој што ќе стаи потпис на оваа јавна набавка, ќе одговара. Лично ќе се занимавам, а имам големо искуство и знаење и знам што точно правите и што се подготвувате да направите“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_7

СДС и ДУИ го уништија РЕК- со набавка и користење на несоодветен увезен јаглен оштетиле блок во комбинатот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на ДУИ и СДС систематски го уништуваат најголемиот енергетски капацитет во Македонија РЕК Битола. Она на кое што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше се случи. Независни експерти и медиуми известија дека на еден од блоковите на РЕК му се случила хаварија поради неквалитетниот јаглен од увоз кој скапо го набавуваше оваа власт на ДУИ и СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ„Бидејќи речиси 7 години не инвестираа во нови ископи и рудници на јаглен, среде криза на оваа неодговорна власт и текна дека има потреба од јаглен. И тогаш криминалците од власта се сетија овој јаглен да го увезуваат и од тоа да се печалат високи провизии, наместо да се ископува од домашни извори.Патем, како што пренесоа медиумите овој јаглен бил крајно некомпетентен, со наслаги слични на бетон, кои се лепат на опремата. Тендерот за набавка на јаглен го доби фирма од Мала Речица, а најголемиот дел од ваквиот јаглен беше набавен од Албанија.Вработените во РЕК и во ЕЛЕМ се под сериозен притисок да молчат, додека раководството се правда со вообичаените флоскули дека на блокот се прави “планиран/редовен ремонт“ или дека “опремата е премногу стара и дотраена“.Вистината е дека неодговорноста и криминалот на оваа власт на ДУИ и СДС го уништи енергетскиот сектор во државата и најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола. За ова мора да има одгвоорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_4

Ковачевски: РЕК Битола е во целосна употреба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на РЕК Битола каде е пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.„Како што сите можеме да видиме денеска овде, РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно.Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот Ковачевски.Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека, како што и вети Владата, на почетокот на енергетската криза, сите напори се насочени за да се обезбеди што поголемо производство на домашна електрична енергија, за да се заштитат граѓаните и фирмите од енормно високи цени на струјата, што ги наметнува светската криза од војната во Украина и констатираше дека резултатите доаѓаат кога се работи одговорно, чесно и посветено.„РЕК Битола произведува над 60 проценти од домашното производство на струја.Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на државата.Производството на електрична енергија без Блок 3, со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 GWh.Во 2023 година од овој капацитет на РЕК Битола, планирано е производство на над 3.000 GWh.Придобивките од активирањето на Блок 3 во РЕК Битола се повеќекратни, затоа што покрај зголемено домашно производство на електрична енергија, придонесува и за зголемена доверливост и стабилност на електроенергетскиот систем и дава можност да се прават редовни годишни ремонти на сите три блока во РЕК, што е значајно за одржување на тековното производство на електрична енергија.Трансформаторот што беше оштетен од пожарот во ноември 2021 година се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Србија и откако ќе биде поправен, ќе служи како резерва", додаде премиерот Ковачевски.Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека овие информации е важно граѓаните да ги знаат, бидејќи во најголем дел, ЕСМ ја обезбедува електричната енергија од РЕК Битола.„ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава. ЕСМ обезбедува евтина струја и за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците, согласно политиките на Владата.Затоа, граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија и како и досега, електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот", порача премиерот Ковачевски.Претседателот на Владата, Ковачевски, потсети и дека е намалена и цената на струјата за 20 проценти за околу 70 илјади мали фирми, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена, како и дека за ранливите категории граѓани се исплаќа додаток од 1.000 денари за поддршка на потрошувачка на електрична енергија, а во октомври 2022 година 46.804 лица добиле ваква поддршка од 1.000 денари за струја.„Значи, во моментов успеавме да ги ангажираме сите расположливи капацитети во државата за зголемување на домашно производство на струја.Цената на електричната енергија не се зголемува.Економско – енергетските политиките на Владата даваат резултати.Сите мерки кои беа насочени кон задржување на ценовната стабилност кај електричната енергија и ефектите, како што може да се види, се сигурна и стабилна испорака на електрична енергија до сите", нагласи премиерот Димитар Ковачевски, при денешната посета на РЕК Битола.Заедно со премиерот Ковачевски, во РЕК Битола беа и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и студенти од Факултетот за електроника и информациски технологии и професорот Антон Чаушевски.

Македонија | пред 2 години

rek-bitola-1

РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција.На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната. Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција.Како што и претходно информиравме, заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.Во прилог видео и фото од санација на скинати цевки во котел на блок на РЕК Битола.

Македонија | пред 2 години

rek-bitola-1

Од РЕК Битола со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја, за овој екоцид некој мора да одговара, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, вели ВМРО-ДПМНЕ„Власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско?Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК?Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања