Се реновира одделот за породени мајки во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во тек е реновирање на одделот за пуерпериум, каде што престојуваат мајките по породувањето. Од клиниката информираат дека градежните активности не влијаат врз редовното одвивање на работата и дека сите здравствени услуги се обезбедуваат навремено.Од ГАК ги информираат идните пациентки кои во наредниот период треба да се породат дека поради реновирањето дел од породените мајки се сместени на одделението, а дел на друго одделение
Скопје | пред 3 часа