Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

РОДОС

media-libraryedvuvaff3h608mDaH7V

Морето исфрли 43 килограми хашиш вреден 320.000 евра на грчкиот остров Родос

Грчката крајбрежна служба заплени 43 килограми обработена канабис-смола (хашиш), позната како „чоколада“, која морето ја исфрли на плажата Плимири во југоисточниот дел на островот Родос. Акцијата била спроведена по прецизна дојава, при што на брегот е пронајден пакет со 40 импровизирани пакувања, тешки 42,7 килограми.Според проценките на истражните органи, вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 320.000 евра. Истрагата сега е насочена кон откривање на потеклото на пратката, а крајбрежната линија е под засилен надзор поради сомнеж дека брановите може да исфрлат дополнителни количини.Слични заплени беа регистрирани во февруари на Крит, како и пред две години во Ретимно, каде беа пронајдени дури 134 килограми хашиш. Властите сметаат дека Родос е дел од поширока морска рута за шверц, каде пратките често завршуваат на крајбрежјето наместо кај нарачателите.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања