Промени тема
Контакт

Морето исфрли 43 килограми хашиш вреден 320.000 евра на грчкиот остров Родос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryedvuvaff3h608mDaH7V
фото: unsplash

Грчката крајбрежна служба заплени 43 килограми обработена канабис-смола (хашиш), позната како „чоколада“, која морето ја исфрли на плажата Плимири во југоисточниот дел на островот Родос. Акцијата била спроведена по прецизна дојава, при што на брегот е пронајден пакет со 40 импровизирани пакувања, тешки 42,7 килограми.

— реклама —

Според проценките на истражните органи, вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 320.000 евра. Истрагата сега е насочена кон откривање на потеклото на пратката, а крајбрежната линија е под засилен надзор поради сомнеж дека брановите може да исфрлат дополнителни количини.

— реклама —
— реклама —

Слични заплени беа регистрирани во февруари на Крит, како и пред две години во Ретимно, каде беа пронајдени дури 134 килограми хашиш. Властите сметаат дека Родос е дел од поширока морска рута за шверц, каде пратките често завршуваат на крајбрежјето наместо кај нарачателите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања