Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

РУСИЈА

Screenshot-2022-02-25-at-15.20.55

(ВИДЕО) „Путин убива деца“, од Скопје се бара да прекине војната, а Европа да се разбуди

„Путин фашист!, Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина“, „Путин убиец“, „Путин убива деца“. Украинци во Македонија бараа да се стопира војната во Русија.„Тука сум повеќе од пет години, дојдовме тука да започнеме бизнис. Во Украина имам мои пријатели, блиски. Кога видов што се случи, тоа беше шок за мене. Не можев да сфатам што се случува во 21 век. И сега ги гледам сите овие чекори на Русија. Мислам дека 99 проценти од светот не може да разбере што се случува. Европа разбуди се, Русија што правиш?! Во Украина имам мајка, татко, внуци, многу блиски роднини. Јас сум на протестов за сите мои Украинци. Ова е минимум што можам да го направам. Јас нема друг избор, јас сакам да ја одбранам државата. Ако треба ќе одам да се борам. Ние никого не напаѓаме, само се браниме. Путин е убиец“, рече Андреј Х. државјанин на Украина кој живее во Македонија.„Ние сме принудени да дојдеме во 21 век, да дојдеме до Амбасада на агресор и да им кажеме дека не е нормално да гинат луѓе за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, ама целта е да има мир на Балкан, Украина, Европа. Путин убива невини луѓе. Семејството во Украина е загрижено, ако треба ќе дадат и отпор. Ако има протести низ цел свет, ќе запре војната. Ќе пробаме на мирен начин. Ние сме спремни да помогнеме на Украинците за било која помош“, Александар Убановиќ, претседател на здружението на Украинци во Македонија.„Денеска ме прашаа како се чувствувам за случувањата во Украина, тоа како да имаш неизлечива болест. Кај мене настанаа по овие фази, следната, гнев. Јас сум преполна со гнев. Во сегашноста некој може да нападне држава, поради нереални причини. Ние бараме ослободување, ние сме слободни и го избравме патот. Знам дека денешниот протест нема да смени многу. Но секојслободен човек може да изрази протест на овој начин“, рече украинката Камила Велковска, која во Македонија живее повеќе од 25 години.

Македонија | пред 4 години

025B1CD0-E925-4C63-9693-8E956B45F09B

Протест против војната во Украина, попладнево во Скопје

Украинците во земјава денеска организираат протест пред Руската амбасада во Скопје поради инвазијата на Русија врз Украина. Протестот, како што велат организаторите, ќе започне во 14:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде во 15:00 часот ќе се упатат кон Руската амбасада.-Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина, велат организаторите на протестот во пишано соопштение до медиумите и ги повикуваат македонските граѓани да им се придружат за, како што велат, „заеднички да кажеме стоп за лудилото на војната“.

Скопје | пред 4 години

51826228506_db015eee40_c

Седница на Влада за евакуација на жители од Украина и разгледување на рестриктивни мерки

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 24.02.2022 година (четврток) ќе ја одржи 17-тата редовна седница.На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Македонија | пред 4 години

bujar-osmani

Османи: Одлуката на Кремљ e акт на агресија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку социјалните мрежи остро ја осуди руската воена агресија врз Украина.„Одлуката на Кремљ со воените дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои најмногу ги осудуваме. Во овие тешки времиња ние сме со Украина“, напиша министерот Османи.

Македонија | пред 4 години

kovacevski-888

Ковачевски: Осуда за одлуката на Русија за признавањето на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.Премиерот Ковачевски на социјалната мрежа напиша:„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“.Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања