Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

русија

putin-medvedev

Москва предупредува дека ќе има војна, ако ЕУ ги користи руските замрзнати средства за финансирање на Украина

Шефот на Руското советодавно безбедносно тело и поранешен претседател Дмитриј Медведев предупреди дека употребата на замрзнатиот руски државен имот во Европската унија за финансирање на Украина може да се смета за повод за војна. Европската комисија разгледува модел со кој средствата замрзнати во Европа би се искористиле како заем за поддршка на Киев, што Москва го толкува како „кражба“ и директен правен и политички удар кон Русија.Брисел наведува дека станува збор за форма на репарациски заем што Украина ќе треба да го врати само ако Русија плати воена отштета. Комисијата предложи користење на готовина од сметките на финансиските институции кои држат замрзната руска имотна, но и алтернативна опција – задолжување на меѓународните пазари без активирање на руските средства. Преку овој модел би се ослободиле околу 90 милијарди евра за покривање дел од проценетиот финансиски јаз на Украина до 2029 година.Прашањето е особено чувствително за Белгија, каде што е лоциран Euroclear – институцијата која држи најголем дел од руските замрзнати резерви. Белгиските власти предупредуваат дека какво било директно користење на имотот може да создаде сериозни правни последици по завршување на војната.За усвојување на заем со ново европско задолжување е потребна едногласна поддршка од членките на ЕУ, но Унгарија цврсто се противи давање дополнителни средства на Украина. Според извори од Унијата, за моделот кој би ја активирал замрзнатата руска имотна би била доволна квалификувана мнозина, што отвора дополнителни политички тензии внатре во ЕУ.

Свет | пред 1 седмица

sobranie-obedineti-nacii

ОН бара од Русија враќање на киднапираните украински деца

Општото собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која од Русија се бара итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца кои биле присилно префрлени или депортирани за време на војната во Украина. Резолуцијата исто така ја повикува Москва веднаш да ја прекине оваа практика.За резолуцијата гласаа 91 држава, меѓу кои и САД, додека 57 земји беа воздржани. Против гласаа Русија и уште 11 држави, јавува Reuters.Според националната база на податоци „Деца на војната“ на Украина, најмалку 19.546 украински деца се киднапирани и однесени во Русија или области контролирани од Русија.Иако се проценува дека илјадници деца се насилно посвоени од руски семејства, други биле затворени во руски кампови за милитаризација и превоспитување.Русија побара резолуцијата да не биде усвоена.,,Секој глас за резолуцијата е поддршка на лаги, војна и конфликти. Секој глас против е глас за мир”, изјави заменичката на рускиот амбасадор во ОН, Марија Заболотскаја, пред гласањето.Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство за нелегално депортирање стотици деца од Украина, потег што Русија го отфрли како „скандалозен и неприфатлив“.Москва порано тврдеше дека „ги штити ранливите деца од воени зони“.На 1 декември, Зеленски изјави дека досега се вратени само 1.859 украински деца киднапирани од Русија.

Свет | пред 1 седмица

putin-094091

Висок функционер на НАТО: Путин блефира!

Висок функционер на НАТО, зборувајќи неофицијално со новинарите во пресрет на состанокот на министрите на Алијансата, изјави дека Владимир Путин „блефира“ кога зборува за подготвеност за војна против Европа. Според него, Русија и натаму има значителни воени капацитети, особено со искуството стекнато во Украина, но тоа не значи дека Кремљ има реална намера или сила за поширока конфронтација.„Путин може да тврди дека е подготвен за војна. Но кога тој нешто ќе каже – често не е така. Не верувам дека Владимир Путин е подготвен за судир со Европа“, изјави функционерот, пренесува European Pravda.Тој додаде дека Русија можеби произведува доволно оружје и располага со економска основа за продолжени воени операции, но смета дека Москва е свесна за една клучна работа – дека НАТО ќе возврати силно и обединето.„Дури и да има капацитет да почне војна, Русија нема капацитет да победи. А најважно е што Путин знае дека НАТО е исклучително обединет во одбраната на своите сојузници“, нагласи функционерот.Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, веќе најави дека Алијансата ќе биде вклучена во разговорите за евентуални елементи од мировниот договор меѓу Украина и Русија, особено во деловите кои се однесуваат на НАТО и безбедносните гаранции.

Свет | пред 1 седмица

vucic-41421

Напнатата реторика на Балканот – Вучиќ предупредува на „ескалација без преседан“

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека напредокот на руските сили на украинското бојно поле создава растечка нервоза во рамки на НАТО. Според него, сите „кои реално ја следат ситуацијата“ мора да признаат дека руските сили бележат успех на неколку клучни фронтовски линии – кај Покровск, Красни Лиман, Купјанск, Вовчанск, Хуљајполе, Северск и Константиновка.„Кога ќе се погледне развојот на ситуацијата, станува јасно дека расте тензичноста. Прашање е само како долгорочно ќе изгледаат работите“, изјави Вучиќ.Српскиот претседател тврди дека потенцијалните планови на НАТО за таканаречени превентивни удари врз Русија претставуваат „сериозна закана“, иако од Алијансата не постојат официјални најави за такво сценарио.„Кога ја спомнав оваа можност, ми рекоа да не преувеличувам. За жал, ова е реалност во која живееме“, рече Вучиќ.Овие негови тврдења доаѓаат по изјавата на адмирал Џузепе Каво Драгонe, претседател на Воениот комитет на НАТО, кој зборуваше за потребата од поагресивен одговор на хибридните напади од Русија. Драгонe посочи дека „превентивен удар“ во теорија би можел да се смета за одбранбена акција, иако таков пристап е надвор од вообичаената доктрина на Алијансата.Вучиќ предупреди дека Москва би можела жестоко да одговори доколку навистина дојде до превентивни удари од НАТО.„Не би ме изненадило Русија да реагира многу пожестоко отколку во Украина, вклучително и со употреба на тактичко нуклеарно оружје“, изјави тој, додавајќи дека Москва досега наводно покажувала воздржаност.Вучиќ нагласи дека не сака да се меша во, како што го нарече, „братоубиствениот конфликт“ меѓу Русија и Украина, но повтори дека опасноста од ескалација е реална и загрижувачка.Со оваа реторика, српскиот претседател повторно го позиционира Белград како актер кој внимателно го следи развојот на глобалната безбедносна криза, но и како лидер што честопати испраќа алармантни пораки за можни геополитички потреси.

Балкан | пред 1 седмица

kremlj-moskva

Москва и Вашингтон без напредок, мировната формула за Украина засега нема успех

Мисијата на американските пратеници во Москва заврши без договор. Посетата на Стив Виткоф, главниот преговарач на Доналд Трамп, и Џаред Кушнер, што требаше да внесе брзина во мировните разговори за Украина, само ја истакна длабоката дистанца меѓу двете страни. Пет часа разговори со Владимир Путин не беа доволни за да се затвори ниту едно од спорните прашања.Според Кремљ, средбата била „работна и отворена“, но американскиот предлог – веќе преработуван неколку пати на барање на Киев и европските држави – сè уште содржи точки што Русија ги смета за недозволиви. Американската делегација не даде ниту една изјава по напуштањето на Москва.Неколку часа пред средбата, Путин испрати најостра порака до европските лидери во последните месеци. Тој ги обвини дека живеат „под илузија“ дека Русија може да биде стратешки поразена и повтори дека Москва „не планира војна со Европа“, но дека ќе реагира ако европските држави „ја отворат таа врата“.Овие пораки го засилија впечатокот дека Кремљ сака поголема дистанца од европските модификации на американскиот план, кои Киев ги турка како услов за прифатлив договор.Русија и Украина остануваат најдалеку токму таму каде што е тешко да се најде компромис: контрола на териториите и идните безбедносни гаранции. Москва инсистира Киев да се откаже од дел од својата територија, а Украина бара гаранции што би ја спречиле нова руска офанзива – вклучително и гаранции што Кремљ ги смета за провокација.Европските партнери, пак, имаат свои, често различни позиции за тоа што е прифатлив мир, па мировниот документ се менуваше неколку пати во само неколку недели. Кремљ призна дека има делови што можат да бидат основа за договор, но високите руски претставници велат дека компромис „сè уште не е видлив“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk2tqep07p75u3snM8bs

Русија тврди дека освоила два града во Украина, Киев ги отфрла тврдењата како „бомбастични изјави“ за влијание врз преговорите

Русија соопшти дека ги зазела Покровск во Донецката област и Вовчанск во Харкив, што – доколку се потврди – би претставувало значаен успе́х на фронтот. Украина веднаш ги демантираше овие наводи, оценувајќи ги како „бомбастични изјави“ со кои Москва сака да влијае врз тековните дипломатски напори за окончање на војната.Објавата на Кремљ дојде непосредно по разговорите на високи американски и украински претставници на Флорида, а само еден ден пред средбата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, со Владимир Путин во Москва.Андриј Коваленко, раководител на украинскиот Центар за спречување дезинформации, предупреди дека Русија во наредните недели ќе се обиде да создаде „дополнителен притисок на боиштата, проследен со гласни и драматични политички пораки“. Според него, ваквите тврдења се насочени „претежно кон западната публика“ и се дел од напорите да се зголеми дипломатската тежина пред новата рунда мировни преговори.Коваленко наведе дека „делови од Вовчанск сè уште се под украинска контрола“, но не даде информации за Покровск. Украинската армија претходно соопшти дека „и покрај тешката состојба“, нејзините сили продолжуваат да го одбиваат рускиот напад.Покровск претставува едно од најсилно утврдените точки во Донецк, познат како „град-тврдина“, каде што украинските сили повеќе од една година го одбиваа масивниот руски притисок. Во последните недели Русија постигна значаен напредок, стеснувајќи го просторот под контрола на Украина.Вовчанск, пак, беше под руска окупација до украинската контраофанзива во есента 2022 година, но повторно стана жариште на жестоки борби кога Русија започна ново пробивање во мај 2024 година.Во неделата Путин го посети командниот центар на фронтот, каде што генерал Валериј Герасимов го информирал дека руските сили ги презеле двата града. Кремљ истовремено објави видеоснимка – геолоцирана од CNN – на која руски војници развиваат знаме во централниот дел на Покровск, област што подолго време била под руска контрола.Покровск долго време важеше за значаен логистички јазол поради патните и железничките врски, но украинските власти во последните месеци се соочија со принудни промени на снабдувачките рути поради масовните руски напади со дронови и артилерија, што го намали стратешкото значење на градот.За време на посетата на боиштето, Путин им се заблагодари на командантите и на војниците за „успешните дејствија“. „Ви благодарам за резултатите во Покровск, на целото командување, на припадниците на групата и на нашите борци кои ги извршуваат задачите,“ изјави тој.Тој додаде дека успехот во Покровск ќе обезбеди „стабилно напредување кон сите цели на операцијата“.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Европа на нозе: страв дека „мировниот план“ на Трамп ја остава Украина ранлива, а Русија посилна

Европа со растечка загриженост го следи најновиот обид на Доналд Трамп да го заврши војниот конфликт во Украина, стравувајќи дека евентуален мировен договор – без разлика кога би бил постигнат – нема да ја санкционира или ослаби Русија, како што се надеваа европските лидери. Според анализата на агенцијата „Ројтерс“, европските влади стравуваат дека таков развој би ја загрозил безбедноста на целиот континент.Дополнително, постои и стравување дека Европа ќе мора да прифати ново економско приближување меѓу Вашингтон и Москва, иако Русија продолжува да се третира како главната закана за европската безбедност.Иако Украина и повеќе европски престолнини успеаја да се спротивстават на делови од американскиот предлог од 28 точки – кој се сметаше за премногу наклонет кон Русија – евентуален договор и понатаму би носел сериозни ризици.Европските земји практично немаат улога во преговорите. Тие не беа поканети на средбите меѓу американските и украинските преговарачи на Флорида, а денес ќе го следат оддалеку и патувањето на специјалниот пратеник Стив Виткоф во Москва, каде ќе се сретне со Владимир Путин.„Почнува да преовладува свеста дека во некој момент ќе дојде до ‘грда нагодба’“, изјави Лук ван Миделар од Бриселскиот институт за геополитика.„Трамп сака договор, но го гледа низ призма на големите сили: ‘Ние сме САД, тие се Русија – ние решаваме’. Тоа е многу непријатно за Европа.“Иако американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека европските партнери ќе бидат вклучени, европските дипломати велат дека тоа им нуди малку утеха. Секој сегмент од договорот директно ја засега Европа – од прашањето на територијалниот интегритет на Украина, до можната економска соработка меѓу Русија и САД.Неделава, дополнителна доза нервоза предизвика одлуката на Рубио да го прескокне состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.Во исто време, европските безбедносни служби веќе предупредуваат дека Русија ја остава „отворена опцијата“ за напад врз НАТО до 2029 година.„Русија ја задржува можноста за воен судир со НАТО. Тоа може да се случи најдоцна до 2029“, предупреди германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул.Европските влади се плашат дека евентуални територијални отстапки на Украина би го охрабриле Кремљ на нова агресија. Во сегашната фаза, извесно е дека секој мировен договор би ѝ дозволил на Москва да задржи дел од окупираната украинска територија, додека администрацијата на Трамп не ги отфрли руските барања за остатокот од Донбас.Дополнително, луѓе од Трамповата администрација отворено зборуваат за големи економски можности во деловната соработка со Русија по завршувањето на војната – нешто што ги вознемирува европските влади.Иако Европската Унија од почетокот на руската инвазија обезбеди околу 180 милијарди евра помош за Украина, таа и натаму нема значајно влијание во процесот.На располагање го има моќниот инструмент – замрзнатиот руски државен и приватен имот во ЕУ – но земјите членки сè уште не можат да постигнат договор дали да го искористат за финансирање нов пакет помош за Украина.Во обид да покажат сила, Франција и Велика Британија најавија дека се подготвени да распоредат „убедливи единици“ како дел од поствоени гаранции за Украина. Но Русија такви сили веднаш ги отфрли, а и европските држави знаат дека без американска логистика и технологија тие трупи нема да можат да дејствуваат самостојно.Експертите предупредуваат дека европските држави сега ја гледаат последицата од децениското потценување на воените капацитети.„Европјаните не се на масата затоа што, како што би рекол Трамп, немаат карти во раката“, вели Клаудија Мајор од German Marshall Fund. „Тие ја плаќаат цената за тоа што со години не инвестираа во сопствени одбранбени способности.“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryebo4t2575nt84CVqsEz

Ексклузвини преговори во Флорида: Се преговара за две најтешки прашања

Во ексклузивниот приватен клуб „Шел Беј“ на југот на Флорида, во сопственост на Стив Виткоф, претставници на Вашингтон и Киев одржаа тајна средба за време на која беа послужени украински борш (традиционално руско-украинско јадење) и холупци – дипломатски гест што се толкува како сигнал дека САД се обидуваат да ја придвижат Украинa кон компромис во мировните разговори со Русија. Извор со непосреден увид во средбата, на која присуствувале државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, за СиЕнЕн изјавил дека станува збор за „исчекор напред“ и „надградба“ на првата рунда преговори што минатата недела се одржа во Женева. Но, и покрај напредокот, изворот предупредува дека многу чувствителни точки остануваат отворени и дека преговорите се далеку од финална фаза.Една од најконтроверзните точки е уставната определба на Украина за членство во НАТО, што Москва го бара како откажување, а Киев тврдo го одбива. Според изворот, преговарачите разгледувале можност Украина формално да не се откаже од евроатлантскиот курс, но де факто да биде блокиран патот кон НАТО преку двострани или повеќестрани договори меѓу Русија и одделни членки на Алијансата. Такво решение би било исклучително непопуларно во повеќе европски земји, а конечната одлука би ја имал претседателот Зеленски. Разговорите, сепак, покажуваат дека се бараат „креативни модели“ кои би ја заобиколиле украинската црвена линија, а истовремено би создадале простор за дипломатски напредок.Уште потешка точка е барањето на Кремљ, Украина да се откаже од делови од Донбас – територии што Русија ги анектираше, но не ги контролира целосно. Американскиот предлог предвидувал тие области да станат руска демилитаризирана зона без право на стационирање руски воени сили, но тоа решение Киев го смета за сериозно слабеење на сопствената одбрана. Изворот потврдува дека преговорите се движат и во врска со ова прашање, но не открива детали: „Ако стане јавно, може да се уништи можниот договор.“Додека Вашингтон и Киев бараат компромисни формули, најголемиот предизвик допрва следи – дали Москва ќе прифати нешто што отстапува од нејзините максималистички позиции. Кремљ досега не покажал подготвеност да се откаже од целта Украина да биде политички и стратешки подредена. Затоа, дипломатите предупредуваат дека иако се отвораат можности за украински чекори кон компромис, вистинскиот тест ќе биде руската реакција. Средбата во Флорида, иако обвиена со дискретност и симболика, го потврдува единственото нешто околу кое сите страни се согласни: мировниот договор нема да биде можен без болни одлуки.

Свет | пред 1 седмица

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Спречен обид за атентат во Русија

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила наводен обид за атентат врз висок офицер на Министерството за одбрана на Русија на Крим, за кој тврди дека бил планиран по налог на украинската воено-разузнавачка служба (ГУР).Според официјалното соопштение, ГУР наводно регрутирала државјанин на Украина, кому му биле дадени инструкции да постави експлозивна направа во приватниот автомобил на рускиот офицер и потоа да ја активира. ФСБ наведе дека лицето било уапсено пред да го изврши нападот, пренесува руската агенција „РИА Новости“.Во соопштението дополнително се тврди дека украинските разузнавачки структури интензивно бараат потенцијални извршители за, како што наведуваат, „терористички и диверзантски акции“, користејќи интернет-канали, социјални мрежи и платформите Телеграм и ВатсАп, со цел нанесување штета на Русија.Наводите на ФСБ не може независно да се потврдат, а украинските служби засега не се огласиле за случајот.

Свет | пред 1 седмица

indija-oruzje-pvo

Војните ја зголемуваат продажбата: производителите на оружје со историски највисоки приходи

Производителите на оружје ширум светот во 2024 година оствариле рекордни приходи, поттикнати од војните, зголемените геополитички тензии и растечките буџети за одбрана, покажуваат најновите податоци на Штокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ). Според извештајот, сто најголеми светски одбранбени компании забележале раст од 5,9 проценти на годишно ниво, достигнувајќи вкупни приходи од околу 679 милијарди долари – највисока бројка досега.Побарувачката за вооружување нагло порасна како последица на војната во Украина, воениот конфликт во Газа и зголеменото чувство на несигурност во повеќе региони. Многу компании во изминатата година ги проширија капацитетите, отворија нови фабрики или купија конкурентски фирми со цел да одговорат на барањата на пазарот.САД остануваат доминантна сила во одбранбената индустрија: 39 од 100 најголеми компании се американски, а нивните приходи пораснале на 334 милијарди долари – речиси половина од глобалниот вкупен износ. На врвот се Lockheed Martin, RTX и Northrop Grumman. За првпат на листата се појави и SpaceX на Илон Маск, чијшто одбранбен сегмент ги удвоил приходите на 1,8 милијарди долари.Во Европа, вкупната продажба на оружје (исклучувајќи ја Русија) пораснала за 13 проценти и достигнала 151 милијарда долари, пред сè поради големата побарувачка поврзана со украинскиот конфликт и силната перцепција за руска закана. Германските Rheinmetall, ThyssenKrupp, Hensoldt и Diehl заедно бележат раст на приходите од 36 проценти.Рускиот напад врз Украина истовремено доведе до зголемување на приходите кај производителите од двете страни. Украинскиот Укроборонпром има раст од 41 проценти, а руските Ростех и United Shipbuilding Corporation заработиле 31,2 милијарди долари – 23 проценти повеќе од лани, и покрај санкциите и недостигот од компоненти.Израелските одбранбени компании, и покрај критиките за операциите во Газа, оствариле раст од 16 проценти, достигнувајќи 16,2 милијарди долари, а интересот за израелски системи останува висок.Кинеската индустрија, пак, забележала пад од 10 проценти поради низа корупциски скандали во процесите на набавка, што довело до одложување или откажување големи договори. Азија и Океанија, и покрај растот во Јапонија и Јужна Кореја, вкупно бележат пад од 1,2 проценти, што ги прави единствениот регион со намалена продажба.Од Greenpeace предупредуваат дека Европа станува „жариште на глобалното повторно вооружување“ и дека рекордното трошење за одбрана ја води планетата „во погрешна насока“.СИПРИ ги следи глобалните приходи од оружје од 1989 година, а податоците за кинеските компании ги вклучува од 2015 година.

Свет | пред 1 седмица

media-library3p8g5ol985516zJnxwH

(Видео) Украина нападна два руски танкери

Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, напиша Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице.Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето.Турција загрижена за нападот врз двата комерцијални брода.„Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша на платформата Икс портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.

Свет | пред 1 седмица

media-library274douocelmc26TRi6w

Еден загинат и седум повредени во руски напад со дронови врз Киев

Најмалку едно лице загина, а седуммина меѓу кои и 13-годишно дете, се повредени во руски дронски и ракетен напад врз Киев изутринава, јави Би-би-си.Експлозиите оштетија станбени згради во повеќе делови од градот. Градоначалникот Виталиј Кличко, изјави дека четири лица се пренесени во болница, а пожар избувнал на пониските катови од една висококатница западно од центарот. Друг пожар бил ставен под контрола во централниот дел на градот.Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, потврди дека ударите погодиле повеќе цели на периферијата на главниот град и дека воздушната одбрана е активирана против дронови над градот.Регионални власти јавија дека и во Бровари, источно од Киев, две жени биле повредени кога ракети и дронови погодиле станбени подрачја.Овој напад се случува само неколку дена по слично руско бомбардирање што усмрти седум лица во Киев, додека истовремено беа пријавени жртви и во руската област Ростов.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-03-23-at-10.49.04

Москва: Украински служби планирале експлозија на гасовод, ФСБ го спречила нападот

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила обид за диверзија на гасовод во Серпуховскиот округ во Московската област, за кој, според нивните тврдења, стоеле украинските разузнавачки служби. Според официјалното соопштение, во текот на ноќта бил уапсен 56-годишен руски државјанин во моментот кога наводно се обидувал да постави импровизирана експлозивна направа на дел од гасоводот.Како што пренесува агенцијата РИА Новости, ФСБ наведува дека осомничениот претходно добил инструкции од „украински курир“, по што купил автомобил и електрична бушилка, а потоа, следејќи ги координатите што му биле доставени, пронашол скриено складиште со рачно изработени експлозивни направи.ФСБ тврди дека со навремената интервенција е спречена поголема материјална штета и потенцијален ризик за безбедноста во регионот. Од Украина засега нема коментар за случaјот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

(Видео) Украина: ‘Размерите на руските лаги се неверојатни’ – Се водат борби околу Купјанск“

Украинските сили и натаму ги бранат позициите во североисточниот град Купјанск, и покрај тврдењата на Москва дека руска контрола е целосно воспоставена. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека градот е „повторно во рацете на Москва“, а за време на посетата на Киргистан повторно рече дека Купјанск е „целосно под руска контрола“.Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, остро ги демантираше ваквите тврдења. Тој по посетата на регионот Харков порача дека украинските војници секојдневно изведуваат одбранбени, извидувачки и ударни акции, со цел стабилизација на состојбата во градот.„Размерите на лагите на руското раководство за ситуацијата во Купјанск се неверојатни“, напиша Сирски на Телеграм, нагласувајќи дека украинските сили држат одредени линии и го засилуваат огнениот притисок со цел да ги блокираат руските линии за снабдување.Купјанск првично беше окупиран од руската инвазија во 2022 година, но Украина го поврати контролата истата година во рамки на една од најуспешните контраофанзиви. Денешните тврдења на Москва доаѓаат во време на зголемен дипломатски притисок за надминување на конфликтот, вклучувајќи го и новиот американски мировен предлог, во кој сега се вклучени и европски сојузници.Покрај Купјанск, руските сили се насочени и кон Покровск, важен логистички центар во Донецк. Путин тврдеше дека руската армија контролира 70 проценти од градот, познат по своето поранешно советско име Красноармејск. Руското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека нивните сили зазеле два крајни реони од Покровск, иако украинските извори не го потврдуваат тоа.Состојбата на терен останува променлива, а двата града и понатаму се во центарот на интензивни борби за контрола врз источниот фронт.

Свет | пред 1 седмица

rafinerija-rusija

Ескалација на фронтот: нови украински дрон-напади предизвикаа пожари во Русија

Украина во текот на изминатата ноќ спроведе повеќе дрон-напади врз руски територии, при што беа погодени објекти во неколку региони, соопштија утрово руските власти. Најсериозниот инцидент е забележан во Краснодарскиот крај, каде по удар на украински дрон избувнал пожар во нафтената рафинерија „Афип“ во Севeрскиот округ.Регионалната администрација информираше дека огнот зафатил околу 100 квадратни метри и оштетил дел од техничката опрема во постројката, но складиштата со нафта останале непогодени, пренесува „Интерфакс“.Покрај Краснодар, руски извори пријавија и пожари во Ростовската област, каде, според нивните тврдења, биле погодени повеќе цивилни објекти. Засега нема информации за жртви, а локалните служби за итни интервенции работат на целосно локализирање на пожарите и процена на материјалната штета.Нападите се случуваат во период на засилен воздушен притисок меѓу двете страни, а Москва повторува дека украинските напади со беспилотни летала стануваат „сè почести и подалечни“. Украина официјално не ги коментира овие операции.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања