Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Путин: Можеме веднаш да го прекинеме гасот за Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин изјави дека Русија би можела веднаш, на 25 април, да ги прекине испораките на гас за Европа поради забраната на ЕУ за увоз на руски гас, и најави насочување кон нови пазари, со задача до владата и компаниите да работат на тоа. Тој рече дека Русија ќе продолжи да снабдува „сигурни партнери“ како Словачка и Унгарија. Путин тврди дека растот на цените на гасот во ЕУ не е поради намалени испораки, туку поради глобалните пазари, Блискиот Исток и погрешна енергетска политика на ЕУ, а поскапувањето на нафтата го поврза со ограничувањата за купување руска нафта.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија би можела веднаш да ги прекине испораките на гас за европскиот пазар, на 25 април, кога стапува во сила уредбата на Европската унија со која се забранува увоз на руски гас.

— реклама —

Сега се отвораат и други пазари. Можеби за нас би било поповолно веднаш да престанеме со снабдување на европскиот пазар, да влеземе на пазарите што се отвораат и таму да се зацврстиме. Секако, ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање заедно со нашите компании“, изјави Путин во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесува агенцијата РИА Новости.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува енергетски ресурси на земјите што ги смета за сигурни партнери, како што се Словачка и Унгарија.

Токму на овој начин ќе соработуваме со партнерите кои се сигурни контрагенти, како што се оние во источна Европа, меѓу кои Словачка и Унгарија. Ги снабдуваме со нашите енергетски ресурси – и нафта и гас – и имаме намера тоа да го правиме и во иднина, секако под услов раководството на тие земји да води иста политика како и досега, односно да остане наш сигурен партнер“, истакна Путин.

Рускиот претседател оцени дека растот на цената на гасот на европскиот пазар не е директно поврзан со испораките, бидејќи тие не се намалени, туку со општата состојба на глобалните пазари на гас, како и со случувањата на Блискиот Исток, каде што се во тек напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, како и ирански напади врз цели во соседните земји поврзани со присуството на САД.

— реклама —

Никој не ги намалил испораките, но цените веќе скокнаа на 700 долари. Зошто? Поради целокупната состојба на глобалните пазари, вклучително и на пазарот на нафта, а во овој случај и на пазарот на гас, особено поради настаните на Блискиот Исток“, изјави Путин.

Тој додаде дека растот на цената на гасот во Европската Унија е резултат на повеќегодишна погрешна енергетска политика на европските власти.

Она што денес се случува на европските пазари е, пред сè, резултат на погрешната енергетска политика на европските власти. Таквата политика нема никаква врска со интересите на народите во тие земји“, рече Путин.

Рускиот претседател истакна и дека растот на цената на нафтата е последица на ограничувањата за купување руска нафта и најави дека ќе ѝ наложи на владата да соработува со компаниите за решавање на прашањето со снабдувањето на нови, перспективни пазари со руски гас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gasovod

„Договорот за руски гас веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци“, вели генералниот директор на „Србијагас“

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq43mfsn01m4v7WoQ73T

Украина обезбеди увоз на американски гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата

Свет | пред 3 месеци

jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

ЈСП: Можно нарушување на возниот ред поради прекин во испораката на гас

Скопје | пред 4 месеци

aleksandar-nikoloski

Николоски: Интерконекторот активно се гради – рок од две години за алтернативен гасен извор

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања