Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

За првпат од 2022 година: Цената на гасот во Европа надмина 100 евра за мегават-час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP
фото: unsplash

Цената на гасот во Европа денеска надмина 100 евра за мегават-час, за првпат од 2022 година, поттикната од конфликтот на Блискиот Исток и ниското ниво на залихи пред зимата.

— реклама —

Според податоците од берзата ТТФ, цената на фјучерсите на гасот во еден момент достигнала 100,785 евра за мегават-час, односно околу 1.058 евра за 1.000 кубни метри, што е највисоко ниво од енергетската криза поврзана со војната во Украина.

— реклама —

Пополнетоста на европските складишта за гас на крајот на октомври изнесува 74,6 отсто, што е значително под вообичаеното ниво за овој период, а компанијата „Катар енерџи“ го продолжила прекинот на испораките до одредени купувачи до крајот на декември, пренесе Ројтерс.

Европските влади засега избегнуваат враќање на скапите мерки, како што се ограничувањето на цените и намалувањето на даноците, бидејќи буџетите се оптоварени, а трошоците за задолжување се високи.

— реклама —

Трговците стравуваат дека со доаѓањето на зимата европските земји би можеле да се најдат во ситуација да се натпреваруваат со азиските држави за ограничените испораки на течен природен гас (LNG), пренесе Блумберг.

Побарувачката од Азија дополнително би можела да ја засили конкуренцијата и да ги зголеми цените на гасот, предупредуваат пазарните експерти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Цената на гасот во Европа највисока од 2022 година: Растат стравувањата пред зимата

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Цената на гасот во Европа двојно повисока од почетокот на годината – домаќинствата ги чекаат повисоки сметки

Свет | пред 2 месеци

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

„Летното полнење“ на европските складишта влегува во тешка фаза: Гаспром предупредува на ценовен јаз

Свет | пред 6 месеци

gasovod

Енергетската криза продолжува: природниот гас и натаму значително поскап

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања