Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

mkd-566762

Москва: Русија продолжува со војната

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Украина сѐ уште не се согласува на повлекување на трупите од Донбас и дека затоа Русија ја продолжува својата специјална воена операција.„На Украина ѝ се отворени вратите за мирно решение на конфликтот, но додека официјален Киев не донесе соодветни одлуки, Русија ја продолжува својата специјална воена операција“, изјави Песков.Тој додаде дека ставот на Русија е кристално јасен и дека тоа добро го разбираат и киевскиот режим и американските посредници, на кои Русија им е „благодарна за вложените напори“.„Русија останува отворена. Нашиот став е кристално јасен. Добро го разбираат и киевскиот режим и американските преговарачи. Додека режимот во Киев не донесе соодветни одлуки, специјалната воена операција продолжува, а нашите единици напаѓаат цели за кои се верува дека се поврзани со украинскиот воен комплекс“, истакна Песков.Песков додаде дека Кремљ нема намера денес да објавува какви било соопштенија за резултатите од трилатералните преговори во Абу Даби.„Времето за почеток на работата на трилатералната група во Абу Даби го одредуваат делегациите на терен“, рече Песков.Преговарачкиот процес во трилатерален формат – Украина, Соединетите Американски Држави и Русија – се одржува денес во Абу Даби. Преговорите се одвиваат зад затворени врати, без присуство на новинари, изјави извор за РИА Новости.

Свет | пред 1 месец

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Напад во руско училиште: Ученичка запалила пожар и со чекан нападнала деца и наставник

Во Краснојарск, Русија, ученичка од осмо одделение вооружена со чекан подметнала пожар во училиште и нападнала други ученици, при што има повредени лица, објавија руските медиуми.Ученицата фрлила запалена крпа во училницата, а потоа удрила неколку ученици со предмет сличен на чекан, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува агенцијата RIA Novosti.Пет деца и еден наставник се повредени во нападот, јави изворот, пренесува агенцијата TASS.Ученичката, чии постапки предизвикале несреќа во училиштето во Краснојарск, е задржана во притвор, соопшти Главната истражна управа на рускиот Истражен комитет, пренесува агенцијата RIA Novosti.Според изворот, повредените не се во животна опасност.

Свет | пред 1 месец

lopta-fudbal

Претседателот на ФИФА: Не требаше да се исфрли Русија од меѓународниот фудбал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исфрлен од сите натпреварувања под капата на ФИФА и УЕФА.Инфантино зборуваше на оваа тема за британскиот Скај Спорт. Тој потсети дека сите руски клубови и репрезентации, во сите возрасни категории, беа суспендирани кратко по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.„Мораме да го преиспитаме тоа (исфрлување на Русија). Тоа е сигурно грешка“, изјави Инфантино.Првиот чекор кон враќањето на Русите на меѓународната сцена веќе беше направен од Меѓународниот олимписки комитет, кој препорача младите репрезентации да можат да се натпреваруваат како и сите други земји.„Исклучувањето на Русија не донесе ништо добро, само создаде повеќе фрустрации и омраза. Фактот дека руските момчиња и девојчиња можат да играат фудбал во други делови на Европа е позитивна работа“, нагласи Инфантино.Тој додаде дека ФИФА треба да размисли за промена на правилата, така што идни репрезентации нема да трпат последици заради политичките одлуки на своите земји.„Никогаш не би требало да ја забраниме земјата да игра фудбал поради постапките на нејзините политички лидери. Јас сум против забрани и против бојкоти. Тоа не носи ништо, само ја зголемува омразата“, порача Инфантино, правејќи паралела со трговските односи меѓу Велика Британија и САД.На крајот, Инфантино кратко прокоментира и за критиките околу тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, доби награда „ФИФА признавање за мир“:„Објективно, ја заслужи. Мораме да сториме сè за да придонесеме за светски мир“, одговори првиот човек на ФИФА.

Спорт | пред 1 месец

Нема фотографија

Безбедносни гаранции за Украина: Западот најавува брза реакција на евентуална руска ескалација

Украина постигнала договор со западните партнери според кој секое упорно руско кршење на евентуален иден договор за прекин на огнот би предизвикало координиран воен одговор од Европа и Соединетите Американски Држави, објави „Financial Times“, повикувајќи се на добро информирани извори. Според весникот, планот бил разгледуван во неколку наврати во декември и јануари на состаноци меѓу украински, европски и американски претставници, а неговата цел е да се воспостави јасен механизам за одвраќање на Москва од нови напади.Изворите наведуваат дека предвидениот модел опфаќа повеќефазен одговор за секое прекршување на примирјето. Во првата фаза, во рок од 24 часа по утврденото кршење, би следувало дипломатско предупредување, а доколку е потребно и ограничена акција на украинската армија со цел да се запре нарушувањето на договорот. Доколку непријателствата продолжат и покрај тоа, планот предвидува активирање на втората фаза, која би вклучила интервенција на силите на таканаречената „коалиција на подготвените“, составена од повеќе земји членки на Европската Унија, како и Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд и Турција.Според истите информации, во случај на поширока и посериозна руска ескалација, координираниот одговор на силите поддржани од Западот, вклучително и американската војска, би бил активиран во рок од 72 часа од првичното кршење на примирјето. Ваквиот пристап, според соговорниците на „Financial Times“, има за цел однапред да ја дефинира цената за Москва доколку се обиде да го наруши евентуалниот мировен договор.Во меѓувреме, според истиот извор, се очекува претставници од Киев, Москва и Вашингтон да одржат разговори во Абу Даби во среда и четврток, во обид да се најде излез од војната што трае повеќе од три години. Иако официјални потврди засега нема, дипломатските напори се интензивираат во услови на зголемен притисок за воспоставување барем привремено примирје.Прашањето за улогата на САД во евентуалниот безбедносен механизам останува отворено. Подолго време е јасно дека секој иден мировен договор меѓу Украина и Русија би морал да содржи конкретни безбедносни гаранции, чија цел би била да ја одвратат Русија од нова агресија. Американската администрација веќе разгледувала повеќе можни опции, но испраќањето копнени сили се смета за најмалку веројатно сценарио, со оглед на тоа што актуелниот американски претседател Доналд Трамп јавно ја опишува војната како пред сè европски проблем.Пореална се смета можноста за засилени воздушни и поморски патроли, со оглед на тоа што американските сили и сега спроведуваат надзорни летови над Црното Море и други чувствителни региони. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека постои суштинска разлика меѓу извидувачки мисии и директно вклучување во потенцијален вооружен судир со нуклеарна сила како Русија.Најизвесна, според проценките, е продолжената разузнавачка и логистичка поддршка. Американските сателитски и воздушни разузнавачки информации досега се покажаа како клучни за украинската одбрана, а токму ова поле се смета за област во која Вашингтон би бил подготвен да продолжи со поддршката и по евентуалното постигнување мировен договор. Дополнително, секоја идна европска мировна мисија би имала потреба од значајна логистичка поддршка, што е уште една сфера во која САД, и покрај најавите за намалување на военото присуство во Европа, веројатно би останале вклучени.Иако планот за координиран одговор сè уште не е официјално потврден, самото негово постоење, според аналитичарите, укажува дека Западот настојува однапред да воспостави јасни правила и црвени линии, со цел идниот прекин на огнот да не остане само хартиена формалност, туку реална и одржлива безбедносна рамка.

Свет | пред 1 месец

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Малолетник пукаше со воздушна пушка во руска школа

Ученик од деветто одделение отвори оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град на Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република, Радиј Хабиров.Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач е приведен. Како што пренесува руската агенција ТАС, безбедносните служби веднаш интервенирале, а ситуацијата во училиштето е ставена под контрола.Хабиров наведе дека нема опасност за учениците и наставниот кадар, како и дека во моментов се утврдуваат сите околности на настанот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryndfsoggmso0bdI6SAMF

ЕУ планира забрана за увоз на руски бакар и благородни метали

Европската унија разгледува воведување забрана за увоз на бакар и неколку клучни благородни метали од Русија, меѓу кои платина, иридиум и родиум.Овој предлог е дел од 20. пакет санкции што Брисел планира да го усвои до крајот на февруари 2026 година, по повод двегодишнината од почетокот на војната во Украина, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни добро упатени извори.Главна цел на овие мерки е рускиот гигант „Норникел“, најголемата рударска компанија во земјата, која досега успеа да избегне директни санкции од ЕУ поради својата критична улога на светскиот пазар.Одлуката за забраната доаѓа во момент кога светските пазари на овие метали веќе се под силен притисок, а цените на бакарот достигнуваат рекордни нивоа поради големата побарувачка и ограниченото снабдување, додека на пазарот на платина се бележи дефицит.Руските метали веќе се делумно потиснати од западните берзи, како што е Лондонската берза на метали, но и понатаму наоѓаат пат до европските индустриски потрошувачи.Европската унија се надева дека со овој потег дополнително ќе ги исцрпи руските воени фондови, и покрај ризикот од натамошен раст на цените на суровините.Новиот пакет санкции е проследен и со најава за огромен пакет финансиска помош за Украина во вредност од 90 милијарди евра за наредните две години.

Свет | пред 1 месец

media-libraryc6kjd73ng138eyvYqyo

(Видео) Нови воздушни напади врз Киев и Харков

Руските сили рано утринава извршија напад врз Киев, Харков и други поголеми градови во Украина, а во нападите има повредени лица и штета на енергетската инфраструктура, соопштија украинските официјални претставници.Во нападите се повредени четири лица, по две во Киев и Харков, соопштија официјални претставници во двата најголеми украински града.Во Киев, каде што ноќеска температурите се спуштија на речиси -20 степени Целзиусови, сведоци на агенцијата Ројтерс пријавија експлозии по полноќ, кои, според нивните изјави, биле предизвикани од ракети и дронови.„Ударните напади предизвикаа штета во пет киевски окрузи, погодени се три станбени згради и објект во кој се наоѓа градинка, изјави началникот на градската воена управа“, Тимур Ткаченко.Тој додаде дека, според моменталните податоци, најмалку две лица се повредени во нападите, пренесува Укринформ.Предупредувањето за воздушен напад во Киев било на сила повеќе од пет часа.Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека нападите во овој град биле насочени кон енергетската инфраструктура.„Целта е очигледна: да се предизвика максимално разорување и градот да се остави без греење при силни студови“, напиша Терехов на Телеграм.Началникот на Харковската регионална државна администрација, Олег Синегубов, извести дека две лица се повредени во руското гранатирање, пренесува Униан.Русија и Украина минатата недела соопштија дека ги прекинале меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура, но не се согласија околу временската рамка за прекин на таквите удари.Кремљ соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил рускиот претседател Владимир Путин да се воздржи од напади врз Киев до 1 февруари, додека Зеленски изјави дека прекинот на нападите врз енергетските објекти треба да трае една недела, почнувајќи од 30 јануари.

Свет | пред 1 месец

zelenski-putin

Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски можна само во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека контакт меѓу претседателот Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин е можен само во Москва, пренесе руската агенција Интерфакс.Песков на прес-конференција беше запрашан дали Кремљ ја разгледува можноста за организирање средба меѓу Зеленски и Путин „на неутрална територија“.„Зеленски предлага контакт, Путин рече дека тоа е можно во Москва. Овој став останува наш став.“Песков го опиша ставот на Москва како „прилично доследен“.„Остануваме отворени за преговори. Работата се спроведува преку работни групи. Го поздравуваме тоа и сме подготвени да продолжиме со оваа работа во интерес на решавање на состојбата во Украина.“Зеленски претходно повеќепати повтори дека ниту Русија ниту Белорусија не доаѓаат предвид како можна локација за средба.

Свет | пред 1 месец

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Франција стои зад обидот за пуч во Буркина Фасо и активности во Сахара–Сахел, тврди Русија

Руската служба за надворешно разузнавање соопшти дека Франција планира и спроведува неоколонијални пучеви ширум Африка, наведувајќи дека Париз стои зад обидот за државен удар во Буркина Фасо и активно работи на дестабилизација на регионот Сахара–Сахел.Руската служба за надворешно разузнавање известила дека Франција планира неоколонијални пучеви во Африка.Како што се наведува во извештајот, Франција била вмешана во обидот за пуч во Буркина Фасо на 3 јануари, а Париз ќе продолжи да дестабилизира земји во регионот Сахара–Сахел, пренесува TASS. Службата наведува дека Франција „жешко бара можности за политичка одмазда“ во Африка и дека францускиот претседател Емануел Макрон овластил свои разузнавачки агенции да покренат план за елиминација на „непосакувани лидери“.Според наводите на Службата, Франција истражува опции за соборување на новиот претседател на Мадагаскар, а исто така преминала и на директна поддршка на терористи од различен вид, кои стануваат нејзини главни сојузници на африканскиот континент.

Свет | пред 1 месец

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев: Не сме заинтересирани за глобален судир, не сме луди

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Москва нема интерес да распалува глобален судир, исто како што немала интерес да започне специјална воена операција во Украина.„Секако дека не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Ова е кажано сто пати. Кому му е потребен глобален судир?“, изјави Медведев во интервју за ТАСС, Ројтерс и проектот Варгонзо, потсетувајќи дека руското раководство повеќепати го предупредувало Западот и земјите на НАТО, повикувајќи ги да ги земат предвид интересите на Русија и да седнат на преговарачка маса.Како што вели тој, глобалната ситуација може да доведе до состојба во која сè во еден момент би можело да излезе од контрола, а опасноста од глобална војна е многу голема.„Тоа, секако, ја вклучува и нашата земја – Руската Федерација, Народна Република Кина, Индија и земјите од она што денес го нарекуваме глобален Југ. Јасно е дека ова е сосема нов феномен, со сопствен правен субјективитет, како што велат правниците, и со желба директно да се учествува во меѓународните односи, а не индиректно преку други земји“, изјави заменикот на шефот на Советот за безбедност на Русија.На прашањето на новинарите за најневеројатната прогноза што би можел да ја даде за 2026 година, Медведев оцени дека распадот на НАТО и враќањето на Европската унија кон купување руска нафта и гас би биле корисни за целата планета.„Меѓу неверојатните работи, бидејќи тоа го барате, на пример – Европската унија ќе ѝ се извини на Руската Федерација и повторно ќе побара продажба на гас и нафта. Или НАТО ќе се распадне поради повлекување на САД. И двете, инаку, би биле корисни за нашата планета. Дали е тоа можно? Веројатно е, како и сите неверојатни работи – можно“, истакна Медведев.Според неговите зборови, колонијалните тенденции кон суверена земја како Венецуела биле изненадувачки.„Апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, од страна на Американците е катастрофа за меѓународното право и го поткопува целиот систем на меѓународни односи“, рече Медведев, додавајќи дека планира да објави правен есеј за правните аспекти на апсењето на Мадуро.Кога станува збор за односите меѓу Москва и Лондон, Медведев оцени дека само фундаментална промена на британската политика може да ги подобри односите со Русија.„Она што го прави сегашното британско раководство е еден вид бесна, примитивна русофобија со цел да си го подигне сопствениот изборен рејтинг“, изјави тој.Во врска со Гренланд, Медведев оцени дека желбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја преземе контролата над таа земја претставува сериозен предизвик за единството на Западот.„Нема да се задржувам на Гренланд. Нашиот претседател неодамна рече дека тоа не нè засега. Нека САД и Европејците го решат тоа, но целата работа е прилично чудна. Ништо слично не се случило барем во последните неколку децении, а сега се случува. Ова навистина претставува сериозен предизвик за атлантското единство“, рече Медведев.Тој, исто така, оцени дека тврдењата дека Русија и Кина претставуваат „закана“ за Гренланд се само тактика на заплашување.

Свет | пред 1 месец

media-library3pq7o825tdqu6zQsXfa

Руски напад врз родилиште во Запорожје: повредени шест лица, меѓу нив и трудници

Руски сили денеска извршија напад врз родилиште во Запорожје, на југот на Украина, при што се повредени најмалку шест лица, соопшти гувернерот Иван Федоров. Тој објави и видеоснимки од местото на настанот на кои се гледа оштетената зграда со искршени прозорци и чад што се издига од објектот, објави Kyiv Independent.Меѓу повредените се и две трудници кои во моментот на нападот биле на лекарски преглед. „Нападот врз родилиште е уште еден доказ дека се води војна против животот“, изјави Федоров.За време на инвазијата, руските сили повеќепати таргетираа цивилна инфраструктура, вклучително и родилишта. Во напад во Вилњанск, во Запорошката област, во 2022 година беше убиено бебе старо два дена.Најновиот напад врз Запорожје доаѓа во период кога Русија ја засилува офанзивата во јужниот регион и редовно изведува удари во ова подрачје. Инцидентот се случи во услови на обиди за преговори за мировен договор меѓу Украина, САД и Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп на 29 јануари соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин прифатил еднонеделна обустава на нападите врз украинските градови, но Москва подоцна појасни дека тоа се однесува само на Киев и дека примирјето истекува денеска, непосредно пред најавениот нов бран студено време.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjj34a64k8g2p7jBI44N

Сателитски снимки откриваат ново руско воено засилување близу Финска

Русија започнала со обнова на напуштена воена база во градот Петрозаводск, во Република Карелија, во непосредна близина на границата со Финска, со цел таму да смести до 15.000 војници од новоформираниот 44. армиски корпус. Ова го покажуваат сателитските снимки што ги објави финската јавна телевизија Yle, а ги пренесуваат и повеќе меѓународни медиуми.Снимките го прикажуваат просторот на поранешниот гарнизон во близина на електраната Рибка, кој бил напуштен од почетокот на 2000-тите години. Локацијата сега е расчистена од ниска и висока вегетација, а до октомври минатата година биле забележани повеќе од 50 воени камиони и други возила. Во Петрозаводск веќе постојат голема воздухопловна база и магацин за воена опрема, а паралелно се градат и нови работилници и инфраструктура.Според информации од локални руски медиуми, изградбата на нови касарни во Петрозаводск треба да започне во текот на оваа година. Русија го формирала 44. армиски корпус во Карелија уште во 2024 година, со што биле додадени околу 15.000 војници. Дел од нив веќе пристигнале во градот, што ја објаснува потребата од забрзана изградба на објекти за сместување и обука.Воениот аналитичар и поранешен фински разузнавач Марко Еклунд за Yle изјавил дека постои голема веројатност овие сили да се обучуваат за испраќање на боиштето во Украина. Истовремено, се работи и на изградба на ново воено населено место во Кандалакша, во Мурманска област, што дополнително укажува на поширока воена активност во северозападниот дел на Русија.Во меѓувреме, Финска и Шведска на 27 септември минатата година формираа заедничка бригада со околу 5.000 војници, која ќе биде стационирана во Лапонија, долж границата со Русија. Финската воена разузнавачка служба на 22 јануари годинава соопшти дека Русија не се откажала од обидите за оштетување на подводната инфраструктура во Балтичко Море, што дополнително ги зголемува безбедносните грижи во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-librarylopl44v484te8WiA11z

Кина директно го поттикнува најсмртоносното оружје на Путин

Кина испраќа клучна технолошка опрема што ѝ помага на Русија во развојот и производството на хиперсонични ракети со нуклеарни способности, оружје кое може да погоди цели во Европа за помалку од 20 минути. Станува збор за специјализирани CNC машини и други компоненти неопходни за изработка на боеви глави и прецизно наведувано оружје.Според „Телеграф“, Русија неодамна го употребила проектилот „Орешник“, кој достигнува брзина од околу 12.875 километри на час и може да носи шест боеви глави со различни цели. Украинските власти и безбедносни аналитичари предупредуваат дека станува збор за сериозна закана за Западот, додека Москва тврди дека ракетата е невозможно да се собори.Клучна улога во зголемувањето на производството има кинеска карусел-струг машина, идентификувана во руската фабрика во Воткинск, главен погон за производство на ракети, кој е под западни санкции. Таму, покрај „Орешник“, се произведуваат и „Искандер-М“ и интерконтиненталните ракети „Топол-М“.Анализите покажуваат дека Кина ѝ испорачала на Русија технологија и опрема во вредност од околу 10,3 милијарди долари, вклучувајќи микрочипови, мемориски плочки, куглични лежишта и компоненти за радари и електронско војување. Дел од овие производи се на списокот на високоприоритетни стоки чиј извоз во Русија е забранет од повеќе западни земји, но Кина не ги прифати тие санкции.Експертите оценуваат дека без пристап до кинеската технологија и пазар, Русија би имала сериозни тешкотии да го одржи темпото на военото производство и модернизацијата на одбранбената индустрија. Пекинг, пак, ги отфрла обвинувањата, наведувајќи дека не придонесува за ескалација на војната и не профитира од конфликтот во Украина.

Свет | пред 1 месец

putin-094091

Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.На прашањето дали Путин се согласува со предлогот, Песков одговори: „Да, секако. Тоа беше лично барање од претседателот Трамп“.Претседателот на САД вчера изјави дека неговиот руски колега се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми рекоа – не губете време на тој повик. Но, јас го направив тоа“, додаде тој.Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин го упатил тоа барање до Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното прекин на огнот. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.По објавата на Трамп, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Важна изјава од американскиот претседател за можноста за обезбедување безбедносна заштита на Киев и другите украински градови во текот на овој екстремен зимски период. Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери кои ни помагаат да ги заштитиме животите. Ви благодариме, претседателе Трамп! Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме спроведување на постигнатите договори. Чекорите кон деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната“, напиша Зеленски

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

„Путин не го повикал Зеленски и не му понудил никакви средби“, вели Песков

Рускиот претседател Владимир Путин не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски никаде, ниту му понудил средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Путин не го повикал Зеленски проактивно никаде и не му понудил никакви средби. Ги гледавме и слушнавме и овие изјави. Многу изјави имаше изминатите денови, всушност, изминатите часови“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето каква е реакцијата на Кремљ на повикот што Зеленски во видео-изјава му го упати на Путин за непосредна средба на мировни преговори во Киев, пренесува агенцијата РИА Новости.Зеленски претходно денес во видео-изјава објави дека е подготвен за средба со Путин во Киев, на што помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека Путин повеќепати претходно изјавил дека Зеленски може да дојде во Москва, ако е отворен за дијалог.Украинскиот претседател денес изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамки на мировните преговори, но ја исклучи можноста таквата средба да се одржи во Москва или Белорусија, повикувајќи го Путин да дојде во Киев „ако смее“.„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Може исто така да го повикам во Киев – нека дојде. Јавно го повикувам, ако смее, секако“, рече Зеленски, пренесе Униан.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања