Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небенџа, им даде совет на Американците во врска со можен американски напад врз Иран: „трипати мери и не сечи“.„Трипати мери и не сечи“, порача Небенџа, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави можат да го нападнат Иран, но дека Техеран сега е подобро подготвен за тоа отколку што беше во јуни 2025 година.Небенџа истакна дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран во извесна мера се смирила откако завршија протестите во таа земја, но ситуацијата сепак е загрижувачка.„Нападот може да се изведе, но Иран овојпат е подобро подготвен за таков развој на ситуацијата отколку што беше во јуни“, рече Небенџа за руските медиуми.Американските медиуми пренесоа дека Трамп размислува за нов голем удар врз Иран откако претходните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за ограничување на иранскиот нуклеарен програм и производство на балистички ракети не напредуваа.Опциите што Трамп сега ги разгледува, вклучуваат американски воздушни напади насочени кон иранските лидери и безбедносни функционери за кои се верува дека се одговорни за убиства за време на протестите во земјата, како и напади врз иранските нуклеарни објекти и владините институции, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Ударната група носачи на авиони „USS Abraham Lincoln“ влезе во Индискиот Океан пред три дена и продолжува да се приближува кон Иран.

Свет | пред 1 месец

zelenski-putin

Зеленски ја одби Москва: Нека дојде Путин, ако смее!

Украинскиот претседател изјави дека не било склучено директно договор со Русија за енергетските удари.„Ако престанат да ја напаѓаат нашата инфраструктура, ние нема да ја нападнеме нивната“, рече тој.Исто така, тој ја одби руската покана да отпатува во Москва, исклучувајќи ја и Белорусија како можно место за средба со Путин.Наместо тоа, Зеленски го повика рускиот лидер во Киев, додавајќи „Aко смее, секако“.

Свет | пред 1 месец

media-library2gudmearmq218DemEoY

Завршена продажбата на еден од најголемите руски аеродроми

Подружницата на Меѓународниот аеродром Шереметјево „Перспектива“ го купи аеродромот Домодедово на аукција за 66,133 милијарди рубљи (околу 738 милиони евра), објави „Комерсант“.Продажбата беше спроведена како холандска аукција, со претходно објавена максимална цена.Потоа беше утврдено намалување на цената за 10 отсто, по што аеродромот беше продаден по минималниот износ.Првично беа поднесени пет понуди за купување на Домодедово, но три беа дисквалификувани, па на крајот во аукцијата, покрај Шереметјево, учествуваше само уште аеродромот Внуково.Руското Министерство за сообраќај соопшти дека е задоволно од резултатите на тендерот.„Од големо значење за транспортната индустрија е што искусен сопственик го презема управувањето со еден од најголемите руски аеродроми“, се наведува во соопштението.Аеродромите Шереметјево и Домодедово се наоѓаат во Московската област.

Свет | пред 1 месец

media-library830mn8ibftej6nop7o3

Украинските сили уништија руски радар вреден околу 100 милиони долари

Украинските вооружени сили уништија модерен руски радарски систем од типот „Небо-СВУ“, чија вредност се проценува на околу 100 милиони долари, а во одвоени напади беа погодени и неколку руски контролни пунктови за беспилотни летала. Генералштабот на Вооружените сили на Украина соопшти дека радарот бил погоден во близина на селото Лимаривка, во окупираниот дел од Луганската област, објави „Кијив пост“.Станува збор за радарски систем наменет за противвоздушна одбрана на копнените сили, кој руската армија го користи од 2017 година. Според украинските процени, една единица од овој систем чини околу 100 милиони долари. „Небо-СВУ“ се одликува со целосно дигитална обработка на сигналот, висока отпорност на електронско попречување и способност за откривање летала со намалена радарска видливост, со радарски одраз од 0,1 квадратен метар, на далечина до 100 километри.Според претходни информации објавени од „Дифенс експрес“, руската страна тврди дека радарот може да открива цели на далечина до 360 километри доколку летаат на височина од 20 километри. Тој домет се намалува на околу 270 километри за цели на височина од 10 километри, односно на приближно 60 километри за летала што се движат на височина од околу 500 метри. Истовремено се посочува дека, иако руските извори често ја нагласуваат теоретската способност на системот да детектира и летала со стелт-карактеристики, прецизноста на откривањето во тој радарски опсег е релативно ниска.Генералштабот на Украина информираше и за напади врз неколку руски контролни пунктови за дронови, лоцирани во близина на населбите Солодке, Ривнопиље и Новохрихоривка во окупираниот дел од Запорошката област, како и кај Пидстепне во Херсонската област. Во исто време било погодено и складиште за муниција во близина на Василивка, исто така во Запорошката област. Украинската војска ги потврди ударите и наведе дека обемот на руските загуби сè уште се утврдува.

Свет | пред 1 месец

nato-zastava

Русија тврди: НАТО се подготвува за војна

Северноатлантскиот сојуз се подготвува за конфликт со Русија, изјави во интервју за TASS Владислав Маслеников, директор на Одделот за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Русија.„Русија моментално е дефинирана како ‘најзначајна и најдиректна безбедносна закана’ во сите доктрински документи на НАТО, бидејќи блокот нагласува дека таквата закана ќе остане долгорочно, дури и ако конфликтот во Украина се реши“, рече висок руски дипломат, одговарајќи на прашањето дали Русија и НАТО би можеле да го обноват дијалогот сега или во иднина.„Имајќи го ова предвид, НАТО всушност се подготвува за потенцијален конфликт со Русија со зголемување на воените расходи, градење на своите капацитети долж нашите граници и распоредување дополнителни мисии и операции во Источна Европа“, објасни Маслеников.Дипломатот потсети дека на 15 ноември минатата година германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјавил во интервју за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ дека војна помеѓу Русија и НАТО наводно би можела да започне пред 2029 година. На неговата изјава, портпаролката на руското МНР Марија Захарова одговори дека веќе нема сомнеж кој е агресор. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додаде дека Писториус ќе мора да живее со изјавата дека војната помеѓу НАТО и Русија е „неизбежна“.Маслеников истакна дека меѓу Русија и НАТО останал само канал за итна комуникација откако Северноатлантскиот сојуз го прекина контактот со земјата.„Алијансата го прекина секој контакт со нас во 2022 година. Остана само канал за комуникација во итни случаи“, рече висок руски дипломат.Според него, НАТО всушност самоволно го замрзнал дијалогот со Русија уште во 2014 година. „Можевме да разговараме за одредени прашања, но НАТО сè сведоа на прашањето Украина. Нашите иницијативи за деескалација на воените тензии во Европа не беа ценети“, истакна тој.Маслеников додаде дека Русија се обидела да иницира дијалог за меѓусебни безбедносни гаранции. „Предложивме нацрт на такви договори во декември 2021 година, но не добивме позитивен одговор.“

Свет | пред 1 месец

media-libraryk3rpevvfksqe9xEMWTL

Норвешкиот министер за одбрана: Руските ракети можат да стигнат до САД за 18 минути

Норвешкиот министер за одбрана, Торе Сандвик, предупреди дека арктичкиот регион станува клучна зона за стратешко надминување меѓу НАТО и Русија. Тој укажа на Кола, рускиот полуостров со еден од најголемите нуклеарни арсенали, од каде интерконтиненталните балистички проектили до американските градови стигнуваат за околу 18 минути.Русија, која контролира половина од копнениот и воден арктички простор, има над 40 воени објекти и ја модернизира Северната флота и нуклеарните подморници. Во октомври минатата година тестираше и крстосувачка ракета на нуклеарен погон на Новата Земја.Нордиските земји повикуваат на поголем ангажман на НАТО во Арктикот, а САД, Велика Британија и Франција веќе ги зголемија обуките за арктички операции. Во март ќе се одржи вежбата Cold Response во северна Норвешка со околу 25.000 војници.Два клучни морски пролази каде би се НАТО и Русија судриле за контрола: преминот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство (GIUK) и арктичкиот морски премин кај Свалбард.И покрај воените активности, нордиските официјални лица нагласуваат дека приоритет мора да останат климатските промени, инфраструктурата и правата на автохтоните народи. Русија и Кина, пак, гледаат на Арктикот како долгорочна стратегиска зона за надминување и економска експанзија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryli6u2hq6hhgedF3Axi8

(Видео) Руски дрон погоди патнички воз, загинаа цивили: Зеленски – ова е тероризам

Русија во текот на ноќта изврши масовен напад со дронови врз Украина, при што низ целата земја загинаа најмалку дванаесет лица. Во Харковска област беше погоден патнички воз, при што животот го загубија пет лица, додека во нападите врз Одеса и околината на Киев се забележани нови цивилни жртви. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, нападот врз возот го оцени како „терористички чин“, пренесува Euronews.Нападот врз патничкиот возНајмалку пет лица загинаа откако руски дрон во ноќта на вторник го погоди патничкиот воз во Харковска област. Претседателот Зеленски објави кратко видео од еден од запалените вагони на својот профил на социјалната мрежа X, а регионалните служби за итни случаи подоцна соопштија дека пожарот е изгаснат.„Убиството на цивили во вагон на воз нема и не може да има никакво воено оправдување. Во возот се наоѓаа повеќе од 200 патници, од кои 18 беа во вагон погоден од рускиот дрон“, напиша Зеленски.„Русите значително ја зголемија својата способност да убиваат и тероризираат“, додаде тој, повторувајќи ја потребата од посилен притисок врз Москва, што е порака која редовно ја упатува кон своите сојузници.Погодена е и ОдесаВо нападот со повеќе од 50 руски дронови беше погоден и црноморскиот град Одеса, каде според официјалните извештаи загинаа три лица, а повеќе од 30 се повредени, вклучувајќи и две деца. Цел на нападот беше градската електроенергетска мрежа, која Русија редовно ја напаѓа за да го прекине снабдувањето со струја и греење во зима, како и пет станбени згради.Според украинските власти, меѓу дроновите користени во нападот врз овој јужен град биле и модели кои Русија неодамна ги надградила за да ја зголеми нивната дострелност и ударна моќ.Жртви и во околината на КиевРусија целела и кон Киев, кој во последните месеци е изложен на сè почести напади. Во нападот загинале најмалку две лица.„Во населбата Билохородка во нападот загинаа двајца наши сограѓани, маж и жена“, објави на Телеграм началникот на воената управа на Киевската област, Никола Калашник.Според украинската национална полиција, четиригодишното дете на загинатите преживеало, но е повредено во нападот, додека три други лица се исто така повредени.

Свет | пред 1 месец

media-library7114t6m955a24WpeM72

Сикорски го повика Маск да спречи Русија да користи Starlink

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, го повика основачот и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, да спречи Русија да ги користи сателитите Starlink за напади врз украинските градови.„Здраво, Илон Маск, зошто не ги спречиш Русите да користат Starlink за напади врз украинските градови? Печалењето пари од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X.

Свет | пред 1 месец

media-libraryuuahsgssi6r41uOigMr

Осудените за нападот на Кримскиот мост до Путин, Трамп и Зеленски: ‚Невини сме‘“

Осум мажи, кои рускиот суд ги осуди на доживотен затвор за учество во нападот на Кримскиот мост во 2022 година, поднесоа заеднички апел за ослободување, тврдејќи дека не биле свесни за операцијата што ја планирал Киев. Во експлозијата загинаа пет лица, а мостот, изграден по анексијата на Крим од Русија во 2014 година, претрпе сериозни оштетувања и стана симбол на амбициите на рускиот претседател Владимир Путин.Во апелот испратен до Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, осудените ги опишуваат себеси како „осум обични луѓе кои секојдневно се буделе за да заработат за леб, да ја платат киријата и да ги прегрнат своите деца“, нагласувајќи дека сега се прогласени за „терористи“ и се соочуваат со сурова казна во руски затвори.Некои од осудените учествувале во транспорт на градежен материјал, за кој подоцна се покажало дека содржи скриен експлозив, но тие тврдат дека за тоа не знаеле. Украинските власти потврдија дека за операцијата биле користени лица кои „не биле упатени“, а организации за човекови права велат дека мажите само го извршувале својот вообичаен дневен работен ангажман.Меѓу осудените се логистички директор од Санкт Петербург, земјоделци и трговци со овошје од окупираната Украина и возач на камион. Сите тврдат дека учествувале во редовен транспорт и биле невини во врска со експлозивот.

Свет | пред 1 месец

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Генералниот директор на СЗО во Русија: „Вакцините против рак и ХИВ имаат шанси за успех“

Вакцините за третман на рак и HIV се ветувачки и имаат реални шанси за успех, изјави Батир Бердикличев, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија.– Веруваме дека mRNA вакцините за терапија на рак претставуваат иновативна и ветувачка платформа. Раните клинички испитувања покажуваат дека овие вакцини можат да го стимулираат имунолошкиот систем и да дадат позитивни резултати кај одредени видови рак – истакна Бердикличев за TASS.Тој посочи дека науката за вакцините се развива исклучително брзо во многу земји, но дека повеќето досегашни податоци се сè уште претпоставки или се однесуваат на мали групи пациенти.– Потребни се поголеми и долгорочни испитувања за да се потврди ефикасноста на mRNA вакцините кај различни видови рак. Во моментот, СЗО нема одобрени вакцини за лекување на рак – додаде тој.Во однос на HIV, истражувањата за вакцини се сè уште во развој и тестирање. Меѓутоа, во 2025 година, СЗО препорача употреба на нов лек, ленкапавир, како инекции два пати годишно за дополнителна превенција на HIV инфекција, што значително ја олеснува заштитата кај изложените лица.

Свет | пред 1 месец

rusija-ukraina-678x381-1

Русија и Украина во активен дијалог за нова размена на затвореници

Русија и Украина моментално водат активен дијалог за бројот на лица кои ќе бидат вклучени во новата размена и за организациските детали, соопшти руската комесарка за човекови права Татјана Москалјкова.„Во моментов се води активен дијалог во врска со бројот на лица кои ќе учествуваат во размената и организациските прашања. Се надевам дека оваа размена на затвореници наскоро ќе се одржи“, изјави Москалјкова за новинарите, пренесува TASS.Таа предложи и да се испита можноста за отворање контролен пункт помеѓу Русија и Украина за спојување на семејства и враќање на лица со истечени пасоши.Минатата година, Русија и Украина одржаа низа состаноци во Истанбул на 16 мај, 2 јуни и 23 јули. По последниот состанок, страните се согласија да продолжат со размена на тешко повреден и болен персонал, затвореници, како и тела на загинати војници и цивили.Трилатералните преговори меѓу САД, Русија и Украина ќе продолжат в недела, на 1 февруари во Абу Даби, јави порталот Axios, повикувајќи се на изјава на американски официјален претставник.

Свет | пред 1 месец

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков: Грешка е што ја демонзираат Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Полска и балтичките земји поради некои причини се плашат од Русија и ја демонзираат, што според него претставува голема грешка.Тој нагласи дека постојат земји со кои Русија со векови има „дефицит на пријателски чувства“.„Да ја земеме на пример, Полска. Навистина имаме проблеми со Полска. Навистина имаме проблеми со Балтикот. Од некоја причина, тие постојано се плашат од нас и не демонзираат. Секој што таму ќе дојде на власт започнува да ја мрази Русија и Русите“, рече Песков во коментар за новинарот на Лајф, Александар Јунашев, пренесува ТАСС.Според него, таквиот став кон Русија е голема грешка.„Овие земји би можеле многу да научат од руската култура и интеракција со Русија“, додаде Песков.

Свет | пред 1 месец

kremlj-moskva

Кремљ позитивно ги оценува преговорите во Абу Даби – продолжуваат следната недела

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ ги оценува како позитивни првите преговори меѓу претставници на Русија, САД и Украина во Абу Даби.„Не би рекол дека таму имаше пријателство, тоа е тешко можно во моменталната фаза. Би било погрешно да се очекува голема ефикасност од првите контакти. На дневен ред беа сложени прашања. Но, ако се обидувате нешто да постигнете преку преговори, тогаш неопходно е да се води конструктивен дијалог“, истакна Песков.Преговорите во Абу Даби се однесуваа на териториите во Донбас и нуклеарната електрана Запорожје. Песков додаде дека „продолжувањето на преговорите е планирано за следната недела“.Москва не планира јавни дискусии за поединечни прашања што биле разгледувани, а за Русија принципијално значење има територијалното прашање, кое е дел од формулата договорена во Анкоридж.Преговорите се одржаа зад затворени врати, а руската работна група ја предводеше началникот на Главната управа на Генералштабот, адмирал Игор Костјуков. САД, според помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, признаа дека без решавање на територијалното прашање не може да се очекува долгорочно решение. Воените сили на Украина треба да се повлечат од Донбас, што е важен услов за Москва.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd14gn4a0nkubfPX4YWd

Русија: Украина направи терористички напад додека траеја преговорите во Абу Даби

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека најостро го осудува, како што наведува, терористичкиот напад извршен од украинската војска врз цивили во Херсонската област, тврдејќи дека инцидентот се случил во момент кога во Абу Даби се одржувале трилатерални разговори меѓу Русија, Соединетите Американски Држави и Украина.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека нападот бил извршен со беспилотно летало и дека цел на нападот било амбулантно возило во кое се наоѓале здравствени работници. Според нејзините тврдења, во нападот загинале три лица од медицинскиот персонал.Захарова посочи дека инцидентот се случил на територијата на Херсонската област и дека времето на нападот, додека траеле меѓународни преговори во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, претставува свесна ескалација на конфликтот.„Киевските власти и нивните вооружени формации повторно извршија брутално злосторство врз цивили. Ваквите дејствија покажуваат неодговорен однос кон иницијативите насочени кон смирување на кризата и изнаоѓање политичко решение“, изјави Захарова.Таа најави дека лицата одговорни за нападот ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата, притоа повикувајќи ја меѓународната заедница јасно и недвосмислено да го осуди, како што наведе, нападот врз медицински персонал и цивилна инфраструктура.

Свет | пред 1 месец

putin-vojna

Украина обвинува: Русија изврши масовен ракетен напад додека траеја мировните разговори во Абу Даби

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха остро го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „цинично“ наредил масовен ракетен и дронски напад врз Украина токму во моментот кога во Абу Даби се одржувале мировни разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД, со посредство на Вашингтон.„Овој варварски напад уште еднаш покажува дека местото на Путин не е во мировен процес, туку на обвинителна клупа пред специјален суд“, напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс.Русија во раните утрински часови во саботата изврши повеќекратни воздушни напади врз двата најголеми украински града – Киев и Харкив. Во нападите загина едно лице, а најмалку 23 лица се повредени.Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 375 беспилотни летала и 21 ракета. Мета повторно била енергетската инфраструктура, при што во големи делови од главниот град беа прекинати снабдувањето со електрична енергија и греењето.Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека е прерано да се извлекуваат заклучоци по првиот ден од разговорите во Абу Даби и ја повика Русија конкретно да покаже дека е подготвена за завршување на војната. Се очекува разговорите да продолжат и во сабота, што е предвидено да биде нивниот последен ден.Во пресрет на средбите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Русија не отстапува од барањето Украина да го предаде целиот источен регион Донбас, кој ги опфаќа областите Доњецк и Луганск. Токму ова прашање се смета за главната пречка за каков било договор.Барањето на Путин Украина да се повлече и од деловите на Доњецк што сè уште се под контрола на Киев – околу 20 проценти од регионот, или приближно 5.000 квадратни километри – Зеленски категорично го отфрла. Украинскиот претседател нагласува дека нема да отстапи територии кои Русија не успеала да ги освои во речиси четиригодишната војна.Анкетите во Украина покажуваат минимална поддршка меѓу граѓаните за какви било територијални отстапки. Иако Москва тврди дека сака дипломатско решение, паралелно продолжува да ги остварува своите цели со воени средства.Според украинските власти, пред последниот напад Киев веќе бил погоден од два масовни ноќни напади од почетокот на годината, кои оставиле стотици станбени згради без струја и греење. Заменик-премиерот на Украина изјави дека по најновиот напад, во услови на температури од околу минус 10 степени Целзиусови, дури 800.000 жители на Киев останале без електрична енергија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања