Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

putin-vojna

Украина обвинува: Русија изврши масовен ракетен напад додека траеја мировните разговори во Абу Даби

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха остро го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „цинично“ наредил масовен ракетен и дронски напад врз Украина токму во моментот кога во Абу Даби се одржувале мировни разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД, со посредство на Вашингтон.„Овој варварски напад уште еднаш покажува дека местото на Путин не е во мировен процес, туку на обвинителна клупа пред специјален суд“, напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс.Русија во раните утрински часови во саботата изврши повеќекратни воздушни напади врз двата најголеми украински града – Киев и Харкив. Во нападите загина едно лице, а најмалку 23 лица се повредени.Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 375 беспилотни летала и 21 ракета. Мета повторно била енергетската инфраструктура, при што во големи делови од главниот град беа прекинати снабдувањето со електрична енергија и греењето.Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека е прерано да се извлекуваат заклучоци по првиот ден од разговорите во Абу Даби и ја повика Русија конкретно да покаже дека е подготвена за завршување на војната. Се очекува разговорите да продолжат и во сабота, што е предвидено да биде нивниот последен ден.Во пресрет на средбите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Русија не отстапува од барањето Украина да го предаде целиот источен регион Донбас, кој ги опфаќа областите Доњецк и Луганск. Токму ова прашање се смета за главната пречка за каков било договор.Барањето на Путин Украина да се повлече и од деловите на Доњецк што сè уште се под контрола на Киев – околу 20 проценти од регионот, или приближно 5.000 квадратни километри – Зеленски категорично го отфрла. Украинскиот претседател нагласува дека нема да отстапи територии кои Русија не успеала да ги освои во речиси четиригодишната војна.Анкетите во Украина покажуваат минимална поддршка меѓу граѓаните за какви било територијални отстапки. Иако Москва тврди дека сака дипломатско решение, паралелно продолжува да ги остварува своите цели со воени средства.Според украинските власти, пред последниот напад Киев веќе бил погоден од два масовни ноќни напади од почетокот на годината, кои оставиле стотици станбени згради без струја и греење. Заменик-премиерот на Украина изјави дека по најновиот напад, во услови на температури од околу минус 10 степени Целзиусови, дури 800.000 жители на Киев останале без електрична енергија.

Свет | пред 1 месец

media-library00r7e8vnfr5v0H8pNfO

Зеленски: Не сме да се затвораат очи пред овие напади – Русија мора да добие силен одговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти во објава на социјалната мрежа Икс дека во ноќешниот напад врз Киев загинало едно лице, а десетици биле повредени, меѓу кои и дете, при што биле оштетени породилиште и студентски дом.„Русија во текот на ноќта изврши масовен напад врз нашите региони, лансирајќи повеќе од 370 јуришни дронови и 21 ракета од различни типови. Мета беа Киев и неговата околина, како и Сумската, Харковската и Черниговската област. Во Харков беа оштетени породилиште, студентски дом во кој се сместени раселени лица, медицински факултет и станбени згради. Досега е пријавено дека се повредени десетици луѓе, меѓу кои и дете“, наведе Зеленски.Тој додаде дека, за жал, во нападот загинало едно лице и изрази сочувство до семејството и најблиските. Зеленски истакна дека мета биле и енергетски објекти и дека сите надлежни служби се на терен и работат на санирање на последиците, меѓу кои спасувачките екипи, медицинските служби, општинските служби, енергетските работници и екипите за поправки.Украинскиот претседател им се заблагодари на сите што учествувале во одбраната и посебно на припадниците на противвоздушната одбрана кои го одбиле нападот, а воедно упати повик до меѓународните партнери на Украина.„Секој ваков руски напад врз нашата енергетска инфраструктура докажува дека не смее да има одложувања во испораката на противвоздушна одбрана. Не смеат да се затвораат очите пред овие напади – тие мора да добијат силен одговор. Сметаме на реакцијата и помошта од сите наши партнери. Секоја ракета за системите Patriot, NASAMS и другите системи помага во заштитата на критичната инфраструктура и им овозможува на луѓето да го издржат зимското студенило“, порача Зеленски, додавајќи дека мора целосно да се спроведе сè што било договорено со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос во врска со противвоздушната одбрана.

Свет | пред 1 месец

media-librarym8c7vksra6286JSkOeB

Руски дрон погоди автомобил кај Харков, три лица загинаа

Во напад со руски дрон врз цивилен автомобил во близина на селото Прудианка во Харковска област загинаа три лица, соопшти Олег Синегубов, началник на Харковската областна воена администрација.Првично беа пријавени две загинати лица и четири повредени жени, кои се префрлени во болница и добиваат соодветна медицинска помош. Подоцна беше потврдено дека уште една жена подлегнала на повредите.Во изминатите 24 часа под руска огнена активност се нашле седум населени места во регионот, при што пет лица се повредени.

Свет | пред 1 месец

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Би-Би-Си: Клучен момент за Украина во напорите за мир

Украина се наоѓа во клучен и чувствителен момент, во кој максимално се ангажира и демонстрира подготвеност за соработка додека Белата куќа на Доналд Трамп ги предводи напорите за постигнување мир, оценува BBC во својата анализа.Како што наведува Би-Би-Си, Киев практично нема друг избор освен да настапува конструктивно, бидејќи без американска поддршка не може ефикасно да се брани од руската агресија. Затоа, за Украина е од суштинско значење да го задржи претседателот Трамп на своја страна.Иако украинската страна искрено посакува крај на борбите, од перспектива на Киев, првите трипартитни разговори претставуваат вистинска пресвртница. Во нивниот фокус ќе бидат американските безбедносни гаранции за Украина, како и можноста, според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, да се утврди дали Москва навистина е сериозна кога зборува за мир или само тактизира.Украина, како што оценува Би-Би-Си, повеќе наклонува кон второто сценарио. По речиси четири години војна од целосен обем, руските ракетни и беспилотни напади повторно се интензивирани и сè почесто се насочени кон цивилната енергетска инфраструктура.Среде суровата зима, рускиот претседател Владимир Путин, според анализата, се обидува да ја скрши Украина преку студот и енергетскиот притисок.Сепак, во рамки на преговорите, најголемата јавна пречка останува прашањето за територијата, односно руското барање Украина да отстапи области кои Русија не успеа да ги освои на бојното поле. Политичарите често зборуваат за „црвени линии“, а според Зеленски, една таква јасна линија е источниот регион Донбас, која Украина, како што нагласува тој, нема намера да ја премине.

Свет | пред 1 месец

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Непланирано слетување над Кина: Руски авион со 238 патници безбедно приземјен во Ланџоу

Руски патнички авион со 238 патници, кој сообраќал на релација Пукет–Барнаул, безбедно слета на аеродромот во Ланџоу, Кина, соопшти авио-компанијата, пренесува ТАЊУГ.„Во авионот што се подготвуваше за непланирано слетување во Ланџоу, Кина, се наоѓаа 238 патници“, претходно изјави портпарол на компанијата „Азур Ер“ за агенцијата РИА Новости.„Азур Ер“ е руска авио-компанија со седиште во Москва. Компанијата соопшти дека е во постојан контакт со руските воздухопловни власти, како и со свој претставник во Кина, со цел целосно да се координира постапката околу слетувањето и безбедноста на патниците.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqbsek08md0nn9MiFq3W

Германија го протера заменикот на рускиот воен аташе

Германија го повика рускиот амбасадор на информативен разговор поради апсењето на осомничена руска шпионка, а истовремено донесе одлука за протерување на руски дипломат кој, според истрагата, ѝ служел како контакт. Од германското Министерство за надворешни работи порачаа дека ваквото постапување е директен одговор на, како што го оценија, агресивното дејствување на Русија.Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Германија нема да толерира шпионажа на своја територија, особено кога во такви активности се вклучени лица со дипломатски статус, нагласувајќи дека ваквите постапки мора да имаат конкретни последици.Германските власти соопштија дека Илона В., германско-украинска државјанка, била уапсена поради сомнение дека шпионирала за руската воена разузнавачка служба ГРУ. Како нејзина контактна точка е наведен заменикот на воениот аташе на Русија во Берлин, на кого осомничената му доставувала информации поврзани со воените активности во Германија, со посебен фокус на состојбите поврзани со војната во Украина.Според истрагата, Илона В. во повеќе наврати му овозможила на рускиот дипломат пристап до различни политички настани користејќи лажен идентитет. Информациите за активностите на Бундесверот ги добивала преку двајца поранешни припадници на германските вооружени сили, против кои исто така е покрената истрага.Германските безбедносни служби наведуваат дека од почетокот на руската агресија врз Украина, Москва значително ги интензивирала своите разузнавачки активности во Германија, особено во рамки на таканареченото хибридно водење војна и шпионажа, што, според Берлин, претставува сериозна закана за националната безбедност.

Свет | пред 1 месец

SeKXr-

Франција заплени танкер со руска нафта

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека француската морнарица запленила танкер со нафта кој пристигнувал од Русија.„Француската морнарица утрово се качи на танкер со нафта кој доаѓал од Русија, под меѓународни санкции и за кој постоеше сомневање дека пловел под лажно знаме. Операцијата беше спроведена во Средоземното Море“, напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.Макрон нагласи дека операцијата е изведена со поддршка на неколку сојузници, во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, и порача дека Франција нема да толерира никакво прекршување на законот. По проверката на документацијата, потврдени биле сомневањата за невалидноста на знамето под кое пловел бродот.Јавниот обвинител во Марсеј добил извештај за случајот, а танкерот, под придружба, бил пренасочен кон сидриште за дополнителни проверки. Францускиот претседател ја опиша акцијата како дел од борбата против таканаречената „флота во сенка“, преку која Русија транспортира нафта и покрај западните санкции.Макрон изјави дека оваа флота придонесува за финансирање на војната во Украина, наведувајќи дека руските транспортни бродови обезбедуваат приходи од десетици милијарди евра, покривајќи околу 40 отсто од руските воени напори. Според неговата проценка, меѓу 600 и 1.000 бродови учествуваат во ваквиот начин на транспорт.Тој додаде дека Франција, заедно со другите западни земји, активно работи на сузбивање на оваа практика и на обезбедување ефикасна примена на санкциите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп по разговорите со Зеленски испрати порака до Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е јасна – војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски одржани во Давос во четвртокот.Американски и украински претставници веќе со недели водат интензивни дипломатски активности меѓу различни престолнини, во период кога Киев се соочува со засилен притисок од администрацијата на Трамп да обезбеди мировен исход на речиси четиригодишниот конфликт, и покрај ограничените сигнали дека Москва е подготвена да ги прекине борбите.По средбата со Зеленски, која траела околу еден час, Трамп изјави дека разговорот бил „добар“, без да навлезе во детали за содржината. Еден ден претходно тој оцени дека можен договор е „разумно близу“.„Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Ова е процес што трае“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека американските пратеници денеска патуваат во Москва на разговори. На прашањето каква порака му испраќа на Путин, Трамп одговори: „Војната мора да заврши.“Зеленски претходно оваа недела најави дека ќе отпатува во Давос само доколку постои можност за потпишување договори со Трамп за американски безбедносни гаранции и финансирање на повоената обнова на Украина, но по средбата немаше индикации дека е постигнат конкретен напредок.Двајцата лидери се сретнале лице в лице приближно шест пати откако Трамп минатата година се врати во Белата куќа и ја смени американската политика кон Украина, отворајќи простор за дипломатија со Русија.

Свет | пред 1 месец

avion-poletanje-let

Драма на аеродром во Русија: Авион со 335 патници излета од пистата при полетување

Авион на релација Магадан–Москва со 335 патници денеска излета од пистата при полетување поради технички дефект, соопшти Далекоисточното транспортно обвинителство на Русија.Како што се наведува во соопштението, во инцидентот нема повредени, пренесува РИА Новости.„Денес, авион кој на пистата забрзуваше и се подготвуваше за полетување на линијата Магадан–Москва, излета од пистата поради технички дефект. Во авионот имало 335 патници. Ниту еден член на екипажот, ниту патник не е повреден“, стои во соопштението објавено на Телеграм.Поради инцидентот, аеродромот во Магадан е привремено затворен, а летот за Москва е презакажан за утре. Канцеларијата на транспортниот обвинител во Магадан започна инспекција за почитување на законите за безбедност и за функционирањето на воздушниот сообраќај.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин побара средба со специјалниот пратеник на Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, најави дека ќе оствари разговор со рускиот лидер Владимир Путин, но не откри детали за средбите одржани во Давос.„Треба да се сретнеме со него (Путин) во четврток. Русија побара одржување на состанок“, изјави Виткоф.Тој истакна дека е постигнат значителен напредок во разговорите меѓу САД и Русија за Украина, но во интервју за Си-Ен-Би-Си призна дека територијалното прашање и понатаму останува главната пречка.Специјалниот пратеник на Трамп додаде дека САД им предложиле и на Русија и на Украина да се приклучат на Советот за мир и дека очекуваат согласност од двете страни.Се очекува Виткоф во Москва да пристигне заедно со зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.Да потсетиме, вчера специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, разговараше со Виткоф во Давос, но за таа средба беа објавени многу малку информации. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да открие детали, објаснувајќи дека разговорите биле приватни и доверливи и дека сите прашања поврзани со украинското решение се разгледуваат зад затворени врати.И руските и американските претставници ги оценија средбите како позитивни. Дмитриев изјави дека руско-американските разговори се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги опиша како „многу позитивни“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Трамп тврди дека САД имаат тајно оружје, Москва бара објаснување

Соединетите Американски Држави поседуваат тајно оружје кое е непознато за остатокот од светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по што Русија веднаш се огласи со јасно барање за појаснување.Трамп за телевизијата „Њуз нејшн“ изјави дека тоа тајно оружје и понатаму треба да остане во тајност.„Имаме оружје за кое никој не знае и сметам дека веројатно е добро да не се зборува за тоа. Но, имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.Прашањето од новинарите, по кое Трамп се пофали со постоењето на тајно оружје, било поврзано со американската операција во Венецуела.Набргу по оваа изјава се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека очекува објаснување за тоа што точно мислел американскиот претседател кога зборувал за тајно оружје.„Во овој случај, веројатно ќе треба да слушнеме појаснување за тоа што точно имал предвид американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

Свет | пред 1 месец

media-library9cegrhgq09cna6qwMog

Највисоко ниво на тревога: Украина предупредува на можен руски удар со два проектили „Орешник“

Украинските разузнавачки служби предупредуваат дека во наредните пет дена постои можност Русија да лансира два хиперсонични проектили од типот „Орешник“. Информацијата е објавена на профилот „Military Observer“ на социјалната мрежа Икс, а алармот, според наводите, важи за периодот од денес, 21 јануари, до 26 јануари.Истото предупредување се појави и на Телеграм-канали кои ги следат безбедносните случувања во Украина, по што земјата е ставена во состојба на висока готовност. Засега, украинските служби немаат прецизни податоци дали станува збор за тестирање на ракетите или за реален напад врз цели на украинска територија.Русија последен пат ги употреби ракетите „Орешник“ во масовен напад врз клучни цели во Украина во ноќта меѓу 8 и 9 јануари, што беше потврдено и од руското Министерство за одбрана. Тогаш беа погодени значајни инфраструктурни и енергетски објекти во Киев и Лавов, оставајќи стотици илјади граѓани без електрична енергија во ек на зимските студови.Украинската служба за безбедност соопшти дека евентуалниот напад со ракети „Орешник“ врз западните делови на земјата го третира како воено злосторство.Проектилот „Орешник“ е хиперсонична ракета со среден дострел, способна да ги избегне повеќето современи противвоздушни системи, поради што најновото предупредување се оценува како исклучително сериозно.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров го цитираше Милановиќ, па го спореди Гренланд со Крим

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска на прес-конференција во Москва го спомена хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, користејќи негова изјава за да направи споредба меѓу Гренланд и Крим.„Господинот Милановиќ рече дека за судбината на Гренланд може да одлучува само народот на Гренланд. Ако наместо Гренланд го ставите Крим, сè ќе ви стане појасно“, порача Лавров.Тој нагласи дека жителите на Крим гласале за присоединување кон Русија и оцени дека Крим за Москва има исто значење како што Гренланд има за Соединетите Американски Држави. Воедно, Лавров ги оспори американските тврдења дека интересот за Гренланд е поврзан со страв од кинеско или руско влијание, наведувајќи дека за такви закани нема докази.Претходно, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ преку објава на социјалните мрежи порача дека за иднината на Гренланд може да одлучува само тамошниот народ, во согласност со правото на самоопределување предвидено во законите на Кралството Данска.„Со оглед на актуелните политички, па дури и воени претензии кон Гренланд, автономен дел на Кралството Данска, истакнувам дека за Гренланд и за неговата иднина може да одлучува исклучиво гренландскиот народ, во согласност со правото на самоопределување што му го даваат законите на Кралството Данска.Не постои ниту една безбедносна причина што може да биде над тоа право на народот на Гренланд“, наведе, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 1 месец

media-library2gudmearmq218DemEoY

Пропадна аукцијата за продажба на московскиот аеродром Домодедово

Аукцијата за продажба на московскиот аеродром Домодедово не се одржа, соопшти официјалниот сајт на Руската Федерација за продажба на државен и општински имот.Според објавените информации, била поднесена само една понуда – од индивидуалниот претприемач Евгениј Богатиј, но таа не била прифатена за учество на наддавањето, пренесува агенцијата ТАСС.Понудите за лицитацијата биле примани од 13 јануари, а продажбата се однесувала на компанијата „ДМЕ Холдинг“, која управува со имотот на аеродромот Домодедово и со неколку поврзани компании. Аукцијата беше закажана за денеска, со почетна цена од 132,266 милијарди рубљи и задолжителен депозит од 26,45 милијарди рубљи.На почетокот на јануари, директорот на Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација) и претседателот на Управниот одбор на аеродромот Домодедово, Дмитриј Јадров, соопштија дека ревизијата на работењето на аеродромот е завршена.Аеродромот Домодедово, еден од најголемите и најфреквентните во Русија, a од летото 2025 година се наоѓа под државна контрола.

Свет | пред 1 месец

lavrov-

Лавров: Светскиот поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека современиот светски поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“, наведувајќи дека правилата врз кои Западот го градел меѓународниот систем се практично напуштени. Изјавата ја даде на прес-конференција посветена на резултатите од руската дипломатија во 2025 година.Лавров истакна дека последиците од ваквата политика не се чувствуваат само во земјите од глобалниот Југ и Исток, туку сè поизразено се манифестираат и во самите западни општества. Според него, кризите и внатрешните тензии таму се резултат на напуштањето на принципите кои Западот самиот ги прогласувал за темел на меѓународниот поредок.Тој нагласи дека Русија ќе продолжи доследно да ги брани своите интереси и нема да дозволи произволно постапување кон своите легитимни права. Воедно порача дека Москва е подготвена за дијалог со меѓународните партнери врз основа на меѓусебно почитување, рамноправност и заемност, оценувајќи дека сите обиди за изолација на Русија досега пропаднале.Лавров повтори дека Русија, како што претходно повеќепати истакнал и претседателот Владимир Путин, останува посветена на пронаоѓање дипломатско решение за војната во Украина. Во исто време, тој ја обвини Европската унија дека се обидува да ги поткопа напорите на САД за мировно решение и дека настојува да изврши влијание врз ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на украинската криза.Според Лавров, европските држави и натаму размислуваат во категории на нанесување „стратешки пораз“ на Русија и, како што рече, сериозно се подготвуваат за можна конфронтација. Тој додаде дека од руската страна никогаш не недостасувала подготвеност за компромис, но дека Западот систематски ги поткопувал сите постигнати договори.Говорејќи за пошироката безбедносна слика, Лавров најави дека Русија ќе продолжи да ја промовира иницијативата за поголемо евроазиско партнерство и создавање паневроазиска безбедносна архитектура заснована на еднаквост и неделива безбедност. Тој посочи дека Москва е подготвена да помогне и во смирување на тензии во други кризнични региони, меѓу кои Венецуела и Иран, како и дека односите со Кина достигнале ниво без преседан.На крајот, Лавров оцени дека кризничните трендови сè појасно се манифестираат и внатре во западните општества, наведувајќи ги дебатите околу Гренланд како пример што, според него, го отвора прашањето за зачувување на единството на НАТО како клучен западен воено-политички блок.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања