Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Лавров: Светскиот поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
lavrov-

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека современиот светски поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“, наведувајќи дека правилата врз кои Западот го градел меѓународниот систем се практично напуштени. Изјавата ја даде на прес-конференција посветена на резултатите од руската дипломатија во 2025 година.

— реклама —

Лавров истакна дека последиците од ваквата политика не се чувствуваат само во земјите од глобалниот Југ и Исток, туку сè поизразено се манифестираат и во самите западни општества. Според него, кризите и внатрешните тензии таму се резултат на напуштањето на принципите кои Западот самиот ги прогласувал за темел на меѓународниот поредок.

Тој нагласи дека Русија ќе продолжи доследно да ги брани своите интереси и нема да дозволи произволно постапување кон своите легитимни права. Воедно порача дека Москва е подготвена за дијалог со меѓународните партнери врз основа на меѓусебно почитување, рамноправност и заемност, оценувајќи дека сите обиди за изолација на Русија досега пропаднале.

— реклама —

Лавров повтори дека Русија, како што претходно повеќепати истакнал и претседателот Владимир Путин, останува посветена на пронаоѓање дипломатско решение за војната во Украина. Во исто време, тој ја обвини Европската унија дека се обидува да ги поткопа напорите на САД за мировно решение и дека настојува да изврши влијание врз ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на украинската криза.

— реклама —

Според Лавров, европските држави и натаму размислуваат во категории на нанесување „стратешки пораз“ на Русија и, како што рече, сериозно се подготвуваат за можна конфронтација. Тој додаде дека од руската страна никогаш не недостасувала подготвеност за компромис, но дека Западот систематски ги поткопувал сите постигнати договори.

Говорејќи за пошироката безбедносна слика, Лавров најави дека Русија ќе продолжи да ја промовира иницијативата за поголемо евроазиско партнерство и создавање паневроазиска безбедносна архитектура заснована на еднаквост и неделива безбедност. Тој посочи дека Москва е подготвена да помогне и во смирување на тензии во други кризнични региони, меѓу кои Венецуела и Иран, како и дека односите со Кина достигнале ниво без преседан.

— реклама —

На крајот, Лавров оцени дека кризничните трендови сè појасно се манифестираат и внатре во западните општества, наведувајќи ги дебатите околу Гренланд како пример што, според него, го отвора прашањето за зачувување на единството на НАТО како клучен западен воено-политички блок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 19 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања