Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

media-library6eieibmgsln510YEaEO

(ВИДЕО) Силен напад врз Киев: Балистички ракети и дронови предизвикаа пожари

Русија синоќа изврши силен напад врз Киев, главниот град на Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Во нападот избувнале пожари на инфраструктурни објекти, а во делови од градот дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека на левиот брег на градот, како последица од нападот, биле регистрирани сериозни нарушувања во енергетската и водоводната мрежа. Тој посочи дека објектите од општествено значење преминале на автономно напојување за да се обезбеди нивно непречено функционирање.Според украинските власти, има информации за една жртва во Дњепровскиот округ, каде што биле погодени и нестанбени објекти. Во истиот дел од градот експлозиите предизвикале оштетувања на високи станбени згради, а едно лице, 59-годишна жена, било повредено од ударниот бран. Оштетени биле и десетици возила.На друга локација, беспилотно летало се урнало на отворен простор, при што избувнал пожар и изгореле повеќе автомобили, објавија украинските медиуми. Началникот на Градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека во Дњепровскиот округ избувнал пожар во магацин, по што противпожарните екипи интервенирале на терен.Украинските служби за итни интервенции продолжуваат со процена на штетите, додека жителите на погодените делови од градот биле повикани да ги следат безбедносните препораки и официјалните информации од надлежните институции.

Свет | пред 1 месец

media-library5fgifn8monf85WjYvDM

Данскиот арктички командант: Не, денес не гледаме закана од Кина или Русија

Највисокиот дански воен заповедник за Арктикот ги отфрли тврдењата дека Гренланд се соочува со непосредна безбедносна закана од Русија или Кина, спротивставувајќи се на наративот што во повеќе наврати го изнесе американскиот претседател Доналд Трамп. Генерал-мајор Сорен Андерсен, командант на Данското здружено арктичко заповедништво од 2023 година, изјави дека во моментов не постојат индикации за директна опасност, но дека Данска и сојузниците внимателно ги следат можните ризици и се подготвуваат за идни непредвидени ситуации.Андерсен нагласи дека засилените воени активности и сојузничките вежби околу Гренланд имаат превентивен карактер. Според него, по завршувањето на војната во Украина, Москва би можела да ги пренасочи воените ресурси кон други региони, вклучувајќи го Балтичкото Море и арктичката зона. Токму таа проценка ја поттикнала Данска да ги прошири воените вежби и да покани европски сојузници на обука на Гренланд, во исклучително тешки зимски услови, како дел од зајакнувањето на северното крило на НАТО.Во рамки на данската вежба „Операција Арктичка издржливост“, која опфаќа воздушни, поморски и копнени компоненти, веќе се распоредени единици од неколку европски земји. Андерсен појасни дека целта е подобрување на подготвеноста и координацијата меѓу сојузниците, а не одговор на конкретна закана.Изјавите на данскиот генерал доаѓаат во спротивност со тврдењата на Трамп дека Гренланд е под активен притисок од Русија и Кина и дека островот е клучен за националната безбедност на САД. Американскиот претседател неодамна изјави дека Вашингтон не може целосно да ја исклучи употребата на сила за заштита на своите интереси, што предизвика загриженост кај данските и гренландските лидери.Андерсен избегна директен коментар за ваквите изјави, истакнувајќи го единството во рамки на НАТО и долгогодишната соработка со американските сили стационирани во вселенската база Питуфик. Тој нагласи дека не може да замисли сценарио во кое една членка на Алијансата би нападнала друга, додавајќи дека соработката меѓу сојузниците останува силна и неопходна за стабилноста во регионот.И покрај политичките тензии, Данска формално ги поканила Соединетите Држави да учествуваат во вежбите. Андерсен изрази надеж дека американските трупи ќе тренираат заедно со германските, француските, канадските и другите сојузнички сили, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот бара заеднички пристап и тесна координација.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина под нов жесток удар, Киев во мрак, Запорожје на праг на катастрофа

Војната во Украина влезе во 1.424. ден, можности за мир само се најавуваат, а борбите продолжуваат со сериозни предупредувања од претседателот Володимир Зеленски дека Русија подготвува нови масовни напади низ земјата.Во вакви услови е договорено само ограничено и привремено примирје, исклучиво за да се овозможи поправка на последниот резервен далекувод во нуклеарната централа Запорожје.Киев се соочува со најтешката енергетска криза од почетокот на војната. Градоначалникот Виталиј Кличко предупреди дека главниот град располага со едвај половина од потребната електрична енергија, по разорните руски напади врз енергетската инфраструктура.Западната поддршка продолжува. Претседателот на Чешка, Петр Павел, најави дека Украина ќе добие борбени авиони способни за соборување непријателски дронови, додека Велика Британија јасно порача дека нема разговори со Путин, туку фокусот е исклучиво на поддршка на Украина.Во исто време, Кремљ тврди дека сè уште не е утврден датум за средби со американски претставници.Меѓународната агенција за атомска енергија потврди локален прекин на огнот околу Запорожје, но клучното прашање останува: колку долго може да трае овој кревок договор додека војната влегува во уште поопасна фаза?

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

„Киев е проблемот, а не Москва“! Трамп ја префрла вината за застојот во мировните преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја обвини Украина дека го кочи мировниот процес со Русија, тврдејќи дека Киев покажува помала подготвеност за договор отколку Москва. Со оваа изјава, дадена во интервју за Ројтерс, Трамп директно се судри со ставот на европските сојузници, кои со месеци предупредуваат дека Кремљ нема искрена намера да ја заврши војната.Од Овалната соба, Трамп порача дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да стави крај на речиси четиригодишниот конфликт, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски, според него, покажува резерви. На прашањето зошто напорите на САД досега не довеле до мировен договор, Трамп одговори со едно име: Зеленски.Овие изјави повторно ги изнесоа на површина тензичните односи меѓу двајцата лидери, кои со години се движат меѓу отворена недоверба и привремено затоплување. Иако контактите меѓу Вашингтон и Киев се подобрија по враќањето на Трамп на функцијата, американскиот претседател и натаму покажува поголема склоност да им верува на уверувањата од Москва, што предизвикува незадоволство во Украина, Европа и дел од американскиот Конгрес.Истовремено, американските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од своите стратешки цели во Украина и поширокиот регион. Тие проценки, објавени од Ројтерс во декември, беа јавно оспорени од директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, што дополнително ги збуни сигналите што доаѓаат од Вашингтон.По серија неуспешни рунди, разговорите предводени од САД во последните недели се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина по евентуален мировен договор, со цел да се спречи нов руски напад. Во тој контекст, според дипломатски извори, американската страна врши притисок Киев да се откаже од источниот Донбас, што украинското раководство категорично го отфрла.Во преговорите активно учествуваат и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, близок соработник и зет на Трамп. Дел од европските партнери, сепак, изразуваат сомнеж дека Москва би прифатила компромис, дури и ако Киев се согласи на болни отстапки.Трамп изјави дека не бил информиран за можната посета на Виткоф и Кушнер на Москва, за која претходно објави Блумберг. Во однос на можната средба со Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател рече дека е отворен за таква средба, но без конкретен договор.Зеленски, пак, останува на ставот дека Украина нема уставно право да се откаже од ниту еден дел од својата територија, јасно ставајќи до знаење дека компромис на сметка на украинската земја не доаѓа предвид – без разлика на притисоците од Вашингтон.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl97l6i6bu7mf0ahfO5Y

(Видео) Медведев преку видео со закани кон Европа: „Сакате војна – ќе ја добиете“

Поранешниот руски претседател и премиер, а актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку објава на социјалната мрежа Икс упати остри и заканувачки пораки кон европските политички лидери, обвинувајќи ги дека, како што тврди, свесно ја туркаат Европа кон војна преку зголемена поддршка за Украина.Во провокативниот статус, Медведев додаде дека Русија ќе им го покаже на европсите лидери „токму тоа што ќе го добијат“. Објавата беше проследена со видео од балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, која Москва ја претставува како хиперсонично оружје способно за екстремно високи брзини и маневрирање во завршната фаза од летот.Изјавата на Медведев доаѓа откако Русија по вторпат употреби ракета од типот „Орешник“ врз територијата на Украина, при што цел беше западниот украински град Лвив, кој се наоѓа на околу 60 километри од границата со Полска, земја-членка на НАТО. Овој напад дополнително ги засили загриженоста и тензиите меѓу Москва и западните сојузници.Во објавата, Медведев директно го нападна и францускиот претседател Емануел Макрон, кого подбивно го нарече „Микрон“, обвинувајќи го дека упорно ја турка Европа кон директен судир со Русија. Тој повтори дека Москва, како што рече, „илјада пати јасно ставила до знаење дека нема да прифати европски или сили на НАТО на украинска територија“, но дека западните лидери, според него, продолжуваат со истата реторика и политики.Ова не е првпат Медведев да упатува вакви закани. Од почетокот на војната во Украина, тој во повеќе наврати предупредуваше на можноста од директен воен судир меѓу Русија и НАТО, доколку Западот, како што оценува Москва, премине од политичка и воена поддршка кон директно учество во воените операции. Во неколку наврати, Медведев користеше и радикална реторика, алудирајќи дека таквиот развој на настаните би можел да се третира како објава на војна против Русија.Изјавите на поранешниот руски претседател доаѓаат во момент на растечки меѓународни тензии, особено по неодамнешните ноќни напади врз Украина во кои беше употребен и проектилот „Орешник“. Москва тврдеше дека станува збор за одмазда за наводен напад врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин, тврдење што беше демантирано и од Киев и од западните сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryok2lhfpvo6iq6urW46h

„Во случај на војна со Балтикот“: Русија разви нови дронови „Аргус“ и „Октавија“

Под превезот на научни и цивилни проекти, Русија развила линија специјализирани подводни дронови способни за оштетување на клучна подводна инфраструктура, објавува Defence Express. Станува збор за системите Argus-D, Argus-I и Octavia, кои ги развива дизајнерското биро „Рубин“.Веста доаѓа во период на зголемени безбедносни тензии, при што аналитичарите потсетуваат на изјавата на шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин, кој минатата година предупреди дека „Полска и балтичките држави први ќе настрадаат“ во евентуален судир меѓу Москва и западниот сојуз. Прашањето за саботажа на подводните кабли во Балтичкото Море останува особено актуелно, особено по неодамнешното оштетување на комуникацискиот кабел меѓу Финска и Естонија.Иако платформите Argus-D, Argus-I и Octavia официјално се претставени како цивилни и научни, експертите предупредуваат на нивната двојна намена. Според OSINT аналитичарот Х. И. Сатон, овие подводни дронови можат да имаат и борбена улога, вклучително оштетување на подводни кабли, уништување гасоводи и поставување мини на морското дно.Системот Octavia претставува стационарна подводна приклучна станица која, по поставувањето, се закотвува или сместува на морското дно. Таа служи како база со два приклучни порта за други подводни беспилотни летала, овозможувајќи нивно складирање, полнење, собирање податоци и примање нови наредби.Клучни дронови во системот се Argus-I, извидувачко возило опремено со различни сензори (буквата „I“ означува „Инспектор“), и поголемиот Argus-D („Достава“), наменет за транспорт и поставување товар на морското дно. Официјално, Argus-I е предвиден за инспекција на цевководи, додека Argus-D носи товар опишан како научна опрема со сензори за регистрирање акустични, сеизмички и биолошки активности.Сепак, со носивост до 300 килограми и вкупна маса од околу 5,5 тони, експертите оценуваат дека Argus-D е идеално прилагоден за поставување поморски мини или експлозивни направи на кабли и цевководи. Аналитичарите заклучуваат дека Русија би можела да ги користи овие системи во евентуален конфликт со балтичките држави.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh7cqfsgbejjgaVJdFvc

Британија, Франција и Германија: Руското користење на „Орешник“ е ескалација

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го оценија руското користење на балистички проектил со среден дострел „Орешник“ во западна Украина како „ескалирачко и неприфатливо“, се наведува во соопштението од разговорот што во петокот го објави кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.Стармер во петокот разговарал за состојбата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, при што тројцата лидери изразиле загриженост поради последните потези на Москва.Русија потврди употреба на „Орешник“Русија потврди дека употребила проектил со среден дострел „Орешник“ во напад врз западна Украина, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија. Ова е втор ваков напад врз Украина во кој е користено ова оружје.Москва тврди дека нападот е изведен како одговор на, како што го нарекува, „терористички напад“ на Киев врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на 29 декември 2025 година. Украинските власти ги негираа овие обвинувања, оценувајќи ги како лажни тврдења чија цел е да се оправдаат нападите врз владини објекти во Киев.ЕУ: Обид за заплашување на сојузницитеНеколку дена по самитот на кој европските земји се обврзаа да понудат трупи за Украина во случај на прекин на огнот, а САД поддржаа обезбедување безбедносни гаранции за Киев, Европската унија порача дека Русија се обидува да ги заплаши украинските сојузници.„Извештајот за руската употреба на ракетата ‘Орешник’ претставува јасна ескалација против Украина и е наменет како предупредување до Европа и САД“, напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, на социјалната мрежа Икс. Таа повика на зајакнување на противвоздушната одбрана и на „зголемување на цената на оваа војна за Москва, вклучително и преку построги санкции“.Проектил со можност за нуклеарна боева главаРусија првпат ја употреби ракетата „Орешник“ во ноември 2024 година, кога беше погоден украинскиот индустриски град Днипро. Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да ја пресретнат оваа ракета и предупреди дека таа може да погоди цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари, пак, предупредуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 2 месеци

media-library4vfbgp207jh69NkQlER

„Истрелавме Орешник“ тоа е одмазда за ударот врз резиденцијата на Путин“, порача Русија

Руското Министерство за одбрана го објави првото официјално соопштение по синоќешниот масовен напад со дронови и ракети врз Украина. Во соопштението се наведува дека Русија извела, како што тврдат, „високопрецизен далекуметен удар“, при што бил користен и ракетниот систем со среден дострел „Орешник“.Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на, како што Москва го опишува, „терористички напад на киевскиот режим“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област, кој, според руските тврдења, се случил во ноќта меѓу 29 и 30 декември 2025 година.Руското Министерство за одбрана наведува дека руските сили во текот на ноќта истрелале високопрецизно оружје со голем дострел од копно и од море, вклучително и мобилниот копнен ракетен систем со среден дострел „Орешник“, како и дека извеле напади со дронови врз, како што тврдат, клучни објекти во Украина.Украина: Ракетата летала со брзина од 13.000 километри на час„Целите на ударот се остварени“, се наведува во објавата на руското Министерство за одбрана. Како цели се споменуваат постројки за производство на дронови за кои Русија тврди дека биле користени во наводниот напад врз резиденцијата на Путин, како и енергетска инфраструктура која, според руските тврдења, го поддржува функционирањето на украинскиот воено-индустриски комплекс.Украина сè уште нема потврдено дека нападот врз западниот град Лавов бил изведен со „Орешник“, но украинската војска потврди дека ракетата летала со брзина од 13.000 километри на час.Втора употреба на „Орешник“ во војнатаРусија првпат ја истрела ракетата „Орешник“ кон украинскиот индустриски град Днипро во ноември 2024 година. Путин тврди дека западните системи за противвоздушна одбрана не се способни да го пресретнат „Орешник“, а исто така изјави дека со него може да се погодат цели и во западна Европа.Западни воени аналитичари наведуваат дека „Орешник“ е способен да носи нуклеарна боева глава.Русија синоќа изведе масовен напад врз УкраинаНајмалку четири лица загинаа, а 19 се повредени во Киев откако Русија синоќа изведе масовен напад со ракети и беспилотни летала низ цела Украина, објави „Киев индепендент“.Меѓу загинатите е и еден болничар, жртва на таканаречен „двоен удар“, додека 14 од 19 повредени се хоспитализирани, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Еден болничар загина, а четворица се повредени додека им помагале на луѓето, во областа Дарницки“, изјави тој. Во нападите беа погодени неколку градски квартови.Властите соопштија дека станбени згради во квартовите Печерск и Десњански претрпеле штети од дронови и од нивни остатоци, додека пожар избувнал во квартот Шевченковски. Во квартот Дарницки, дрон се урнал во дворот на станбена зграда, оштетувајќи околни објекти.Ударните бранови оштетиле покрив на уште една зграда, а остатоци паднале и на детско игралиште. Поради нападите врз критичната инфраструктура, делови од главниот град останале без водоснабдување и електрична енергија.Балистичка ракета го погоди ЛавовВо текот на ноќта, Русија го ракетираше и Лавов, најзападниот поголем украински град, при што беше целена критичната инфраструктура, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј. Украинската војска информираше дека ракетата – чиј тип сè уште не е официјално потврден – била лансирана од полигонот Капустин Јар во руската Астраханска област.Капустин Јар е познат како место од кое се лансира рускиот балистички проектил со среден дострел „Орешник“, кој досега е потврдено дека бил употребен само еднаш – во нападот врз Днипро во ноември 2024 година.Зеленски предупреди на нападУкраинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Русија планира голем напад. „Постојат информации дека уште еден масовен руски напад може да се случи вечерва. Многу е важно да се внимава на воздушните тревоги денес и утре и секогаш да се оди во засолништа. Русите воопшто не се промениле. Се обидуваат да го искористат времето“, изјави Зеленски.И покрај мировните преговори, Русија продолжува со бомбардирањето на украинските градови, често целејќи ја енергетската инфраструктура за, среде зима, цели региони да ги остави без струја и греење. Како последица на неодамнешните напади, повеќе од еден милион луѓе во Дњепропетровската област од вчера наутро останаа без вода и греење.Што е „Орешник“?„Орешник“ е нов руски хиперсоничен балистички проектил кој може да носи нуклеарни боеви глави и кој Москва го претставува како одговор на западните системи за противракетна одбрана. Според достапните процени на западни воени аналитичари и експерти за нуклеарно оружје, станува збор за мобилен систем со голем дострел кој, поради екстремната брзина и непредвидливата траекторија, се смета за исклучително тешко пресретлив.Неговото неодамнешно распоредување во Белорусија е особено чувствително бидејќи ги приближува нуклеарно способните ракети до границите на НАТО, го скратува времето за предупредување во случај на напад и дополнително го зголемува ризикот од ескалација во момент кога односите меѓу Русија и Западот се на најниско ниво од крајот на Студената војна, предупредуваат аналитичари од американските и европските безбедносни кругови.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Зеленски: Војната во Украина може да заврши во првата половина на 2026 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти руската војна против Украина би можела да заврши веќе во првата половина на 2026 година, објави Киев Индипендент.Говорејќи на свеченоста по повод почетокот на кипарското претседавање со Советот на Европската Унија, Зеленски оцени дека разговорите со европските партнери и Соединетите Американски Држави влегле во нова, клучна фаза, при што ја нагласи улогата што ЕУ треба да ја има во мировниот процес.„Додека Кипар го започнува своето претседавање со Советот на ЕУ, забележуваме дека преговорите достигнаа нова пресвртница заедно со нашите европски партнери и, секако, со Соединетите Американски Држави, како и со сите членки на Коалицијата на волни. Искрено веруваме дека оваа војна може да заврши за време на вашето претседавање со Советот на ЕУ“, изјави Зеленски.Кипарското претседавање со Советот на Европската Унија ќе трае до крајот на јуни 2026 година.Изјавите на Зеленски следуваат по серија неодамнешни разговори меѓу украински, европски и американски претставници во Париз. На самитот чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон, од Киев беше испратен сигнал дека мировниот договор за ставање крај на речиси четиригодишната руска инвазија е „90 отсто подготвен“.На состанокот учествуваа претставници на 35 држави, меѓу кои 27 шефови на држави и влади, високи функционери на Европската Унија, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Според нацрт-заедничката изјава, која сè уште чека конечна потврда од лидерите, безбедносните гаранции на Коалицијата би вклучувале распоредување сили под водство на САД и Европа во повоената Украина, како и надзор над евентуалниот прекин на огнот од страна на Вашингтон.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Трамп даде зелено светло за нови санкции кон Русија: Притисок врз Москва поради војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за законски предлог со нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам, по состанокот во Белата куќа. Според Политико, Сенатот би можел да гласа за предлогот веќе идната недела.Сенаторот од Јужна Каролина изјави дека целта на санкциите е дополнителен притисок врз Москва за да ја прекине војната против Украина.„По многу продуктивен состанок со претседателот Трамп за низа прашања, тој даде зелено светло за двопартискиот законски предлог за санкции против Русија, на кој со месеци работам заедно со сенаторот Ричард Блументал и многу други“, изјави Греам, мислејќи на демократскиот сенатор од Конектикат, кој е коавтор на долго блокираниот закон.На прашање за изјавите на Греам, претставник на Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува законодавството. Греам додаде дека гласањето во Сенатот „се надеваме може да се одржи веќе следната недела“.Како што наведува Политико, Греам и републиканското раководство во Сенатот со месеци соработувале со Белата куќа за усогласување на конечната верзија на законот. Сепак, ова не е првпат да се најавува брзо гласање, по што иницијативата повторно заглавувала во процедура.Според предлогот, законот предвидува воведување т.н. секундарни санкции кон држави како Кина и Индија кои купуваат руска нафта и гас, со цел да се пресече приливот на средства што ја финансира воената машинерија на рускиот претседател Владимир Путин.„Украина прави отстапки заради мир, а Путин само зборува и продолжува да убива невини луѓе“, изјави Греам, оценувајќи дека донесувањето на законот во овој момент е „навремено“.Од кабинетот на Линдзи Греам не одговорија веднаш на прашањето дали во законот ќе бидат внесени измени на барање на Трамп. Претседателот, како што потсетува Политико, претходно побарал целосна флексибилност кога станува збор за воведување и укинување санкции, односно право лично да одлучува кога тие ќе се активираат или повлечат.Според анализата, сè уште е нејасно дали конечната верзија целосно ќе ги задоволи барањата на Белата куќа, но јасно е дека поддршката од Трамп претставува клучен чекор за законот, по повеќемесечен застој, конечно да се најде на дневен ред на Сенатот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygcttj41sncur9g9a1uX

Американците гонат танкер низ Атлантикот, Русија испрати воени бродови

Русија испрати поморски сили за да го следат танкерот што американските сили го гонат преку Атлантикот, во сè понапната „игра на мачка и глушец“. Бродот, кој моментално е празен, но во минатото превезувал венецуелска сурова нафта, вчера се наоѓал меѓу Шкотска и Исланд, објави Би-Би-Си.Ескалацијата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец најави „блокада“ на санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела – потег што властите во Каракас го оценија како „кражба“. Во пресрет на саботното апсење на поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро, Трамп повеќепати ја обвини неговата влада дека користи бродови за шверц на дрога кон САД.Американската крајбрежна стража уште минатиот месец се обидела да пристапи до танкерот, тогаш под името „Бела 1“, во Карибите, сомневајќи се дека плови кон Венецуела. Постоел налог за заплена поради кршење американски санкции и превоз на иранска нафта. По тоа, бродот нагло го сменил курсот и името – сега се вика „Маринера“ – и наводно ја сменил и заставата од гвајанска во руска. Неговиот влез во европски води се совпаднал со пристигнувањето на десетина американски воени транспортни авиони и хеликоптери.Двајца американски функционери изјавија за „CBS News“ дека американските сили планираат да се качат на бродот и дека Вашингтон претпочита заплена, а не потопување. Американската Јужна команда соопшти дека останува подготвена да ги поддржи партнерските агенции „во спротивставување на санкционирани пловила и актери“ во регионот, нагласувајќи дека поморските служби се „будни, агилни и подготвени“.Според проценките, „Маринера“ во ноќта меѓу вторник и среда се наоѓала меѓу Шкотска и Исланд, при што големата оддалеченост и лошите временски услови го отежнуваат евентуалното качување на бродот.Москва соопшти дека „со загриженост ја следи“ ситуацијата. Руското Министерство за надворешни работи нагласи дека пловилото се движи во меѓународни води под државно знаме на Руската Федерација и целосно ги почитува нормите на меѓународното поморско право. Во соопштението се наведува дека бродот добива „засилено и очигледно несразмерно внимание“ од американската и НАТО војската, и се повикува западните земји да се придржуваат до принципот на слободна пловидба.Според експертите, иако меѓународното право ги штити пловилата според знамето што го носат, промената на името и заставата можеби нема да биде пресудна. Вишиот аналитичар во поморската разузнавачка компанија „Kpler“, Димитрис Ампацзидис, за Би-Би-Си изјави дека американската акција се води според основниот идентитет на пловилото (IMO бројот), сопственичките мрежи и историјата на санкции, а не според ознаките или тврдењата за знаме. Тој предупреди дека преминот на руски регистар може да предизвика дипломатски тензии, но не и да ја запре американската акција.Овој потенцијален поморски судир се случува само неколку дена по апсењето на Мадуро во Каракас, операција што предизвика силни меѓународни реакции.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjl9faq1srf2n3ebQurE

САД го игнорираа предупредувањето од руското Министерство за надворешни работи

Пред да биде објавено дека САД го заплениле танкерот за нафта „Маринера“, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пловилото се наоѓа во меѓународни води и дека работи во согласност со меѓународното поморско право, јавува руската државна телевизија RT.Министерството наведе дека бродот, кој претходно бил познат под името „Бела 1“, плови под руско знаме и ги повика западните земји, меѓу кои и САД, да го почитуваат неговото право на слободна навигација.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv52u41lq0cmu35ASBff

САД успешно го презедоа танкерот!

Танкерот за нафта „Маринера“ е обезбеден, според изјава на американски функционер за нашата партнерска мрежа во САД, NBC News.Операцијата била спроведена од Одделот за домашна безбедност, со поддршка од американската армија.Функционерот изјавил дека американски службеници за спроведување на законот веќе се наоѓаат на бродот, а надлежноста официјално ја презема Домашната безбедност.

Свет | пред 2 месеци

SeKXr-

Американците се обидуваат да заземат танкер кој го следи руска подморница

САД се обидуваат да запленат танкер поврзан со Венецуела по повеќе од две недели потера преку Атлантикот, според извештаи.Американски официјален претставник изјавил за Ројтерс дека заплената ја спроведуваат Бреговата стража и војската.Руската државна новинска агенција RT исто така јавува дека хеликоптер, за кој се верува дека превезува американски воени сили, се обидува да слета на танкерот.Заплената, која би можела да ги зголеми тензиите со Русија, следува откако танкерот, првично познат како Bella 1, ја избегнал американската поморска „блокада“ на санкционирани танкери и одбил претходни обиди на американската Брегова стража да се качи на него кај Венецуела во декември.Промена на идентитетот на бродотКако што веќе беше објавено, танкерот го променил името од Bella 1 во Marinera и истакнал руско знаме, според компанијата за поморска аналитика Windward. Windward наведува и дека на танкерот е насликано руско знаме на трупот на бродот за да избегне пресретнување од американската Брегова стража.Според меѓународното право, пловилата кои го стваат знамето на одредена земја се под заштита на таа држава.Претходно пристигнаа информации дека Русија го следи танкерот со подморница.

Свет | пред 2 месеци

media-library7aj6gfok3i03fEFPEe5

Русија: Судбината на Венецуела треба да ја одлучат Венецуелците, не странските сили

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поздравува именувањето на Делси Родригез за привремена претседателка на Венецуела, истакнувајќи дека народот на Венецуела треба сам да ја одреди својата судбина, без надворешно мешање.Реакцијата на Москва доаѓа по апсењето на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој вчера во Њујорк се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за трговија со наркотични дроги, откако американски специјални сили го уапсија во акција што предизвика силни политички потреси во Каракас. По операцијата, политичката сцена во Венецуела е во состојба на забрзано прегрупирање, а дел од институциите веќе најавија привремени решенија за стабилизирање на власта.Во официјалното соопштение, руското Министерство за надворешни работи наведува дека ги поздравува напорите на венецуелските власти за заштита на суверенитетот и националните интереси на земјата. Истовремено, Москва повторно го осуди дејствувањето на САД, оценувајќи дека нападот и апсењето на Мадуро претставуваат опасен чин што може дополнително да го дестабилизира регионот.Русија уште во саботата повика на итно спречување на ескалацијата и на изнаоѓање решение по дипломатски пат, нагласувајќи дека образложенијата за американската интервенција се „невтемелени“. Москва го поддржа и барањето на Венецуела, како и на повеќе латиноамерикански држави, за итно свикување седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.„Во моменталната ситуација, најважно е да се спречи понатамошна ескалација и да се насочат напорите кон изнаоѓање излез преку дијалог“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.Во меѓувреме, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, оцени дека Латинска Америка традиционално се смета за „двор“ на Соединетите Американски Држави и дека постојат индикации оти американскиот претседател Доналд Трамп настојува да воспостави контрола врз нафтените резерви на Венецуела. Медведев го оцени американското дејствување како незаконско и спротивно на меѓународното право.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања