Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трамп даде зелено светло за нови санкции кон Русија: Притисок врз Москва поради војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за законски предлог со нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам, по состанокот во Белата куќа. Според Политико, Сенатот би можел да гласа за предлогот веќе идната недела.

Сенаторот од Јужна Каролина изјави дека целта на санкциите е дополнителен притисок врз Москва за да ја прекине војната против Украина.

„По многу продуктивен состанок со претседателот Трамп за низа прашања, тој даде зелено светло за двопартискиот законски предлог за санкции против Русија, на кој со месеци работам заедно со сенаторот Ричард Блументал и многу други“, изјави Греам, мислејќи на демократскиот сенатор од Конектикат, кој е коавтор на долго блокираниот закон.

На прашање за изјавите на Греам, претставник на Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува законодавството. Греам додаде дека гласањето во Сенатот „се надеваме може да се одржи веќе следната недела“.

— реклама —

Како што наведува Политико, Греам и републиканското раководство во Сенатот со месеци соработувале со Белата куќа за усогласување на конечната верзија на законот. Сепак, ова не е првпат да се најавува брзо гласање, по што иницијативата повторно заглавувала во процедура.

— реклама —

Според предлогот, законот предвидува воведување т.н. секундарни санкции кон држави како Кина и Индија кои купуваат руска нафта и гас, со цел да се пресече приливот на средства што ја финансира воената машинерија на рускиот претседател Владимир Путин.

„Украина прави отстапки заради мир, а Путин само зборува и продолжува да убива невини луѓе“, изјави Греам, оценувајќи дека донесувањето на законот во овој момент е „навремено“.

— реклама —

Од кабинетот на Линдзи Греам не одговорија веднаш на прашањето дали во законот ќе бидат внесени измени на барање на Трамп. Претседателот, како што потсетува Политико, претходно побарал целосна флексибилност кога станува збор за воведување и укинување санкции, односно право лично да одлучува кога тие ќе се активираат или повлечат.

Според анализата, сè уште е нејасно дали конечната верзија целосно ќе ги задоволи барањата на Белата куќа, но јасно е дека поддршката од Трамп претставува клучен чекор за законот, по повеќемесечен застој, конечно да се најде на дневен ред на Сенатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Русија распиша потерница по ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов

Свет | пред 8 часа

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва под портокалов аларм поради екстремни горештини

Свет | пред 1 ден

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Одмор со неизвесност: Војната силно го погоди туризмот во Русија

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

Русија погоди фабрика за дронови во американска сопственост во Киев

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања