Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Медведев преку видео со закани кон Европа: „Сакате војна – ќе ја добиете“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryl97l6i6bu7mf0ahfO5Y

Поранешниот руски претседател и премиер, а актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку објава на социјалната мрежа Икс упати остри и заканувачки пораки кон европските политички лидери, обвинувајќи ги дека, како што тврди, свесно ја туркаат Европа кон војна преку зголемена поддршка за Украина.

Во провокативниот статус, Медведев додаде дека Русија ќе им го покаже на европсите лидери „токму тоа што ќе го добијат“. Објавата беше проследена со видео од балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, која Москва ја претставува како хиперсонично оружје способно за екстремно високи брзини и маневрирање во завршната фаза од летот.

— реклама —

Изјавата на Медведев доаѓа откако Русија по вторпат употреби ракета од типот „Орешник“ врз територијата на Украина, при што цел беше западниот украински град Лвив, кој се наоѓа на околу 60 километри од границата со Полска, земја-членка на НАТО. Овој напад дополнително ги засили загриженоста и тензиите меѓу Москва и западните сојузници.

— реклама —

Во објавата, Медведев директно го нападна и францускиот претседател Емануел Макрон, кого подбивно го нарече „Микрон“, обвинувајќи го дека упорно ја турка Европа кон директен судир со Русија. Тој повтори дека Москва, како што рече, „илјада пати јасно ставила до знаење дека нема да прифати европски или сили на НАТО на украинска територија“, но дека западните лидери, според него, продолжуваат со истата реторика и политики.

Ова не е првпат Медведев да упатува вакви закани. Од почетокот на војната во Украина, тој во повеќе наврати предупредуваше на можноста од директен воен судир меѓу Русија и НАТО, доколку Западот, како што оценува Москва, премине од политичка и воена поддршка кон директно учество во воените операции. Во неколку наврати, Медведев користеше и радикална реторика, алудирајќи дека таквиот развој на настаните би можел да се третира како објава на војна против Русија.

— реклама —

Изјавите на поранешниот руски претседател доаѓаат во момент на растечки меѓународни тензии, особено по неодамнешните ноќни напади врз Украина во кои беше употребен и проектилот „Орешник“. Москва тврдеше дека станува збор за одмазда за наводен напад врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин, тврдење што беше демантирано и од Киев и од западните сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања