Промени тема
Контакт

Зеленски: Не сме да се затвораат очи пред овие напади – Русија мора да добие силен одговор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library00r7e8vnfr5v0H8pNfO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти во објава на социјалната мрежа Икс дека во ноќешниот напад врз Киев загинало едно лице, а десетици биле повредени, меѓу кои и дете, при што биле оштетени породилиште и студентски дом.

„Русија во текот на ноќта изврши масовен напад врз нашите региони, лансирајќи повеќе од 370 јуришни дронови и 21 ракета од различни типови. Мета беа Киев и неговата околина, како и Сумската, Харковската и Черниговската област. Во Харков беа оштетени породилиште, студентски дом во кој се сместени раселени лица, медицински факултет и станбени згради. Досега е пријавено дека се повредени десетици луѓе, меѓу кои и дете“, наведе Зеленски.

— реклама —

Тој додаде дека, за жал, во нападот загинало едно лице и изрази сочувство до семејството и најблиските. Зеленски истакна дека мета биле и енергетски објекти и дека сите надлежни служби се на терен и работат на санирање на последиците, меѓу кои спасувачките екипи, медицинските служби, општинските служби, енергетските работници и екипите за поправки.

— реклама —

Украинскиот претседател им се заблагодари на сите што учествувале во одбраната и посебно на припадниците на противвоздушната одбрана кои го одбиле нападот, а воедно упати повик до меѓународните партнери на Украина.

— реклама —

„Секој ваков руски напад врз нашата енергетска инфраструктура докажува дека не смее да има одложувања во испораката на противвоздушна одбрана. Не смеат да се затвораат очите пред овие напади – тие мора да добијат силен одговор. Сметаме на реакцијата и помошта од сите наши партнери. Секоја ракета за системите Patriot, NASAMS и другите системи помага во заштитата на критичната инфраструктура и им овозможува на луѓето да го издржат зимското студенило“, порача Зеленски, додавајќи дека мора целосно да се спроведе сè што било договорено со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос во врска со противвоздушната одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 1 ден

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања