Промени тема
Контакт

ЕУ планира забрана за увоз на руски бакар и благородни метали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryndfsoggmso0bdI6SAMF

Европската унија разгледува воведување забрана за увоз на бакар и неколку клучни благородни метали од Русија, меѓу кои платина, иридиум и родиум.

Овој предлог е дел од 20. пакет санкции што Брисел планира да го усвои до крајот на февруари 2026 година, по повод двегодишнината од почетокот на војната во Украина, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни добро упатени извори.

Главна цел на овие мерки е рускиот гигант „Норникел“, најголемата рударска компанија во земјата, која досега успеа да избегне директни санкции од ЕУ поради својата критична улога на светскиот пазар.

— реклама —

Одлуката за забраната доаѓа во момент кога светските пазари на овие метали веќе се под силен притисок, а цените на бакарот достигнуваат рекордни нивоа поради големата побарувачка и ограниченото снабдување, додека на пазарот на платина се бележи дефицит.

— реклама —

Руските метали веќе се делумно потиснати од западните берзи, како што е Лондонската берза на метали, но и понатаму наоѓаат пат до европските индустриски потрошувачи.

Европската унија се надева дека со овој потег дополнително ќе ги исцрпи руските воени фондови, и покрај ризикот од натамошен раст на цените на суровините.

— реклама —

Новиот пакет санкции е проследен и со најава за огромен пакет финансиска помош за Украина во вредност од 90 милијарди евра за наредните две години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија со предупредување до Европа: Фабриките за оружје за Украина може да бидат воени цели

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин: Русија нема да оди низ светот и да бара милостина

Свет | пред 17 часа

media-libraryk2h2dvajpql9aO9Pyr7

Русија се закани со нуклеарен напад доколку НАТО се обиде да го отсече Калининград

Свет | пред 19 часа

media-library1aqpod5785q8dxozAus

(Видео) Две жртви, меѓу нив и дете, во рускиот напад врз Киев: Москва се подготвува за долготрајна војна

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања