Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

media-libraryls32hkcd77ga472CyO0

(Видео) Русија тестира ново оружје со ротирачки сајли за соборување дронови

Русија го претстави своето најново неконвенционално средство во војната против Украина – систем со ротирачки челични сајли наменет за одбрана од напади со ФПВ-дронови. Уредот е поставен на оклопно беспилотно копнено возило „Курир“ и се состои од четири ротирачки дискови со тенки сајли, кои при вртење функционираат како вентилатор и треба да ги оттурнат или соборат дроновите.Прототипот беше прикажан на руската државна телевизија, каде беше демонстрирана неговата издржливост, но без јасен приказ дали возилото има горна заштита. Според наводите, системот го развиле механичари од 70. мотострелачки полк и се тестира во окупираните делови на Запорошката област.Иако слични решенија со пропелери биле патентирани претходно, се смета дека сајлите се поевтини и поиздржливи. Сепак, експертите предупредуваат дека ваквиот механизам може да има проблеми на сложен терен, каде постои ризик од заплеткување во гранки и вегетација. Системот е дел од низата импровизирани противдронски решенија што ги развиваат двете страни во конфликтот.

Свет | пред 1 месец

lavrov

Лавров по коментарите дека Епстин бил руски агент: Ова не вреди ни за дискусија

Тврдењата на западните медиуми дека американскиот финансиски инвеститор и сексуален престапник Џефри Епстин можеби имал врски со руските разузнавачки служби не се ништо повеќе од лажно новинарство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Дипломатот реагираше на неодамнешните недокажани тврдења во западните медиуми и коментари на полскиот премиер Доналд Туск, кои сугерираат дека Епстин можеби бил агент на руските разузнавачки служби.Високите претставници во Москва рекоа дека тврдењата кои го поврзуваат Епстин со руските разузнавачки служби намерно се засилуваат за да се тргне вниманието од скандалот кој го откри лицемерието на моќните личности во САД и Европа.„Влегувате во жолто новинарство. Ова не вреди ни за дискусија. Тоа е обид за провокација од земји кои на одредени кругови во други земји случајно не им се допаѓаат“, изјави Лавров во интервју за НТВ емитувано во неделата.Тој додаде дека таквите шпекулации имале за цел да влијаат и на Републиканската и на Демократската партија во САД, како и на владите во Европа.Минатиот месец, Министерството за правда на САД објави голема количина на е-пошта, фотографии и видео снимки од имотот на Епстин, што доведе до повторно испитување на истакнати личности кои биле поврзани со Епстин, и покрај неговата осуда за сексуални злосторства.Декандентниот животен стил на Епстин и начинот на живеење на неговиот потесен круг претставуваат доказ за моралниот пропаст на западните елити, изјави Лавров. Досијата, додаде тој, „го откриле вистинското лице на Западот и на длабоката држава – или подобро кажано длабоката унија која управува со целиот Запад и се стреми да владее со светот“.

Свет | пред 1 месец

lavrov-951

Лавров: До мир во Украина има уште долг и тежок пат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема простор за ентузијазам околу притисокот што американскиот претседател Доналд Трамп го врши врз Европа и Украина, нагласувајќи дека патот до мир е сè уште долг и неизвесен. Неговите пораки доаѓаат неколку дена по разговорите во Абу Даби, кои Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ги оценија како тешки, но конструктивни, иако Москва јасно сигнализира дека конечен договор ќе биде исклучително тешко да се постигне.Русија, според изјавите на Лавров, и натаму останува на своите почетни и максималистички позиции. Тие вклучуваат територијални претензии кон источните региони на Украина, јасно противење на членството на Украина во НАТО, како и отфрлање на можноста на украинска територија да бидат распоредени западни сили како дел од какви било безбедносни гаранции.Од украинска страна, претседателот Володимир Зеленски порача дека мирот може да се изгради исклучиво врз основа на цврсти и доверливи безбедносни гаранции. Тој предупреди дека Русија секое евентуално мировно решение би можела да го тестира преку нови напади или преку таканаречени хибридни операции, со што би се поткопала стабилноста и безбедноста во регионот.Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека датумот за следната рунда преговори сè уште не е утврден, иако се најавува дека тие би можеле да продолжат во скоро време. Паралелно со дипломатските пораки, Русија ги продолжува и воените дејства, при што во текот на ноќта беше погоден енергетски објект во јужниот црноморски регион Одеса, во момент кога Украина и понатаму се соочува со ниски температури и сериозни енергетски предизвици.

Свет | пред 1 месец

media-librarycekqtu4oqsjvdzLCMVj

Трагедија на Бајкалското Езеро: Автомобил пропаднал низ мраз, две лица загинаа

Две лица загинаа, а две се спасиле кога автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, откако возачот ја прекршил забраната за возење надвор од обележаните премини. Возилото потонало на длабочина и до неколку стотици метри, а потрагата по настраданите е во тек.Две лица загинаа, а две успеале да се спасат кога нивниот автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Иркутската област во Русија.„Прекршувањето на безбедносните прописи при возење по мраз резултираше со пропаѓање на автомобилот и смрт на две лица на Бајкалското Езеро“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.Во понеделник вечерта, спасувачите добиле информација за „тојота рактис“ која пропаднала низ мразот на Бајкалското Езеро.Според информациите на Министерството за вонредни ситуации, возачот ја прекршил забраната за возење по мраз надвор од обележаните премини додека се движел долж заливот Уст-Анга.Автомобилот потонал на околу два километри од брегот.„Во автомобилот имало четири лица. Две од нив успеале да избегаат од возилото што тонело, но другите две, маж роден 1991 и жена родена 1989 година, не успеале да го сторат тоа“, се наведува во соопштението.Агенцијата напомена дека дното на езерото е нерамно, со карпести испакнатини. Длабочината на езерото се движи од 100 до 400 метри. Потрагата е во тек.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjapeesvq0l1q4xPgEHM

(Видео) Украински борбен авион собори руски дрон

Украинското воено воздухопловство објави драматична видеоснимка на која се гледа како ловечки авион Ф-16 соборува руски дрон „Шахед-136“, нудејќи редок и јасен увид во воздушните борби што станаа секојдневие над Украина. Објавата доаѓа во ист ден кога, во друг руски напад со дрон, животот го загубиле мајка и мало дете, што дополнително ја нагласува суровата реалност на конфликтот.Снимката, направена од земја, прикажува како дронот „Шахед“ лета со препознатливо гласно зуење од пропелерот, предизвикувајќи паника кај присутните. Само неколку секунди подоцна леталото експлодира откако е успешно пресретнато од украинскиот Ф-16. Јасно се слуша и огнот од авионскиот топ М61А1 „Вулкан“, како и татнежот на моторот додека ловецот се оддалечува. „Браво!“, се слуша глас на украински јазик додека остатоците од дронот паѓаат на земјата. Иако ова не е прв случај на соборување „Шахед“ со Ф-16, станува збор за една од најјасно документираните акции од овој вид.Дроновите од иранско производство, познати и под ознаката „Геран-2“, претставуваат едно од клучните средства на Русија во исцрпувачката војна. Со проценета цена на производство од околу 35.000 долари по парче, овие еднократни јуришни летала ѝ овозможуваат на Москва да изведува масовни напади длабоко на украинска територија без директно изложување на сопствени војници. Веќе повеќе од три години тие предизвикуваат страв и штети меѓу цивилното население.За Украина, пресретнувањето на ваквите дронови со скапи ракети претставува сериозен финансиски товар, додека обидите за соборување од блиска дистанца носат висок ризик за пилотите. Според специјализираното списание „Ер енд Спејс Форсес“, украинските Ф-16 во моментов извршуваат околу 80 отсто од борбените летови против руските сили. Досега се изгубени четири вакви авиони, а ќе биде потребно време пред сите околу 80 ловци, донирани од западните сојузници, да станат целосно оперативни.Поради високите трошоци за одбрана од секојдневните напади со „Шахед“, Украина е принудена на креативни решенија. Дроновите се соборуваат со автоматско оружје, ракети испукани од рамо, хеликоптери, па дури и со други беспилотни летала, во обид да се зачува скапата противвоздушна муниција и да се заштити населението.

Свет | пред 1 месец

media-library2sr6d9693k5fevI8u7D

ФСБ тврди: Украинската разузнавачка служба нарачала атентат врз генералот Алексеев

Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Украинската безбедносна служба. ФСБ, исто така, вели дека полското разузнавање било вклучено во регрутирањето на напаѓачот, објави новинската агенција Интерфакс.Не се понудени докази за тврдењата. Украина негира каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека руски државјанин роден во Украина бил екстрадиран од Дубаи во Москва вчера. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.Алексеев, заменик-шеф на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, бил застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители објавија во петокот дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал. Според Комерсант, Алексеев бил успешно опериран во саботата и се освестил, но сè уште е под медицински надзор.

Свет | пред 1 месец

zemjotres

Земјотрес од 5,8 степени ја погоди Камчатка, прогласена вонредна ситуација

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди утрово крајбрежјето на рускиот полуостров Камчатка, соопшти Камчатскиот огранок на Федералниот истражувачки центар на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките.Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, на 232 километри источно од Петропавловск Камчатски, на длабочина од 40,5 километри, пренесе агенцијата РИА Новости.Се истакнува дека во тој регион во текот на минатата недела се случиле 31 земјотрес. Камчатка беше погодена на 30 јули од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала.По тоа, во регионот беше прогласена вонредна ситуација, која и понатаму е на сила.

Свет | пред 1 месец

873x400-1-16

Индиски рафинерии го избегнуваат увозот на руска нафта

Индиските рафинерии избегнуваат купување руска нафта за месец април, а се очекува дека ќе го прекинат увозот на руска нафта и на подолг рок.Неименувани извори од индиските рафинерии изјавиле дека ова би можело да ѝ помогне на Индија да заклучи трговски договор со Вашингтон.САД и Индија во петокот се приближија кон постигнување трговски договор кој би можел да биде потпишан до март, со цел да се намалат американските царини и да се продлабочи економската соработка.„Компаниите Indian Oil, Bharat Petroleum и Reliance Industries не прифаќаат понуди од трговци за товарење руска нафта во март и април“, изјавил неименуван трговец со нафта кој контактирал со рафинериите.

Свет | пред 1 месец

zaharova-51235

Захарова: Неуспесите на бојното поле Киев ги заменува со терористички напади врз руски цивили

Киевскиот режим, свесен за својата неспособност да постигне резултати на бојното поле, ги компензира своите неуспеси и порази со терористички напади врз цивили во Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Таа потсети дека руската страна секогаш ги гледала терористичките напади на киевскиот режим како дел од хибридната војна.„И таму каде што сфаќаат, а секогаш сфаќаат дека не можат да постигнат резултати на бојното поле, каде што не успеваат и очигледно нема да успеат, тие ги компензираат тие неуспеси и порази со терористички напади врз цивили, врз цивилна инфраструктура“, нагласи Захарова за телевизијата Росија-1.

Свет | пред 1 месец

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Над 400 дронови и 40 ракети упатени кон Украина

Со над 400 дронови и околу 40 ракети, Русија изврши масовен ноќен напад врз Украина во периодот меѓу 6 и 7 февруари, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главна цел на нападите биле енергетските капацитети низ земјата, јавуваат украинските медиуми.Зеленски преку социјалната мрежа Икс информираше дека руските сили ја таргетирале енергетската мрежа, производните капацитети и дистрибутивните трафостаници. Според неговите информации, регистрирана е штета во Волинската, Ивано-Франкивската, Лавовската и Ривненската област, а во градот Ривне е оштетена и станбена зграда.Во Ладижин, во Виничката област, беспилотни летала погодиле управна зграда на земјоделско училиште. Напади биле регистрирани и во Киевската и Харковската област, додека во дел од регионите украинската противвоздушна одбрана и натаму дејствувала во моментот на објавата.Украинскиот претседател повторно апелираше до меѓународните партнери за зголемена воена помош, посебно за дополнителни ракети за системите за противвоздушна одбрана, нагласувајќи дека заштитата на енергетската инфраструктура е клучна за опстанокот на земјата.Министерот за енергетика Денис Шмигал потврди дека во нападот биле погодени клучни трафостаници и далекуводи со напон од 750 и 330 киловолти, кои, како што рече, претставуваат „’рбет“ на украинскиот електроенергетски систем. Тој оцени дека станува збор за сериозен удар врз стабилноста на снабдувањето со електрична енергија, особено во зимски услови.Нападот е дел од континуираната руска кампања насочена кон слабеење на украинската енергетска инфраструктура, која последните месеци е честа мета на масовни воздушни удари.

Свет | пред 1 месец

media-librarymh8qepo0g9c67qMAC9B

(Видео)Украина на минус 17 без струја по нов масовен руски напад

Русија во раните утрински часови изврши масовен напад врз украинската енергетска инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја во поголемиот дел од земјата, соопшти државниот оператор „Укренерго“.Од компанијата информираат дека нападите сè уште траат и дека санацијата ќе започне штом безбедносните услови тоа ќе го дозволат. На удар биле високо-напонски трафостаници и далекуводи од 750 и 330 киловолти, кои се клучни за функционирањето на електроенергетскиот систем.Министерот за енергетика Денис Шмихал потврди дека се погодени и производни капацитети, меѓу кои термоелектраните Бурштин и Добротвир во западна Украина. Нападот доаѓа во период на нагло заладување, при што во Киев се очекуваат температури до минус 19 степени.Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, соопшти дека нивната опрема претрпела значителна штета, наведувајќи дека ова е 220-ти напад врз нивните капацитети од почетокот на руската инвазија.Поради безбедносни причини, два аеродроми во југоисточна Полска привремено се затворени, соопштија полските власти.

Свет | пред 1 месец

lavrov

Лавров: Москва води тајни разговори со европски лидери за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е во тајна комуникација со одредени европски лидери и дека со нив се водат разговори за завршување на рускиот воен конфликт во Украина.„Нема да кријам, во контакт сме со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат овде. И така се одржува таен контакт“, изјави Лавров.Тој додаде дека изјавите на европските лидери „за време на тие приватни, доверливи контакти“ не се разликуваат од она што го кажуваат јавно.„Тоа се исти повици: ‘Да го завршиме ова’, ‘Нешто мора да се преземе’“, рече Лавров.Лавров исто така посочи дека Европа има „безкомпромисен став“ според кој Русија мора да доживее „стратешки пораз“.„Нивниот став е следниот: Украина не смее да изгуби, Русија не смее да победи, бидејќи во спротивно Европа ја губи честа. Сè што сега прават е насочено кон спречување и оневозможување на преговорите кои, се чини, штотуку се наѕираат помеѓу Американците и нас, а сега се вклучуваат и украинските претставници“, додаде Лавров.

Свет | пред 1 месец

rusija-ukraina-678x381-1

Русија, Украина и САД постигнаа договор за размена на 314 затвореници

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници, прв по петмесечен застој во овој чувствителен процес, пренесуваат медиумите во регионот.Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, го објави договорот на социјалните мрежи, нагласувајќи дека делегациите на трите страни прифатиле размена на вкупно 314 затвореници.„Денес, делегациите од Соединетите Американски Држави, Украина и Русија се согласија да разменат 314 затвореници – прва таква размена во последните пет месеци“, рече Виткоф, оценувајќи дека договорот е постигнат благодарение на „детални и продуктивни преговори“.Размената е договорена како дел од втората рунда преговори за решавање на конфликтот во Украина, која започна на 4 февруари во Абу Даби. Според достапните информации на медиумите, составот на руската делегација останал непроменет во споредба со претходниот состанок одржан на 24 јануари, а преговарачкиот тим на Москва го предводи Игор Костјуков, началник на Генералниот директорат на Генералштабот на руските вооружени сили.Иако деталите за самата размена не се објавени, договорот во дипломатските кругови се толкува како мал, но значаен потег во услови на длабока недоверба и ограничен дијалог. Во исто време, тој укажува дека каналите за комуникација меѓу завојуваните страни и Вашингтон остануваат отворени, барем во прашања од хуманитарна природа, и покрај продолжувањето на политичките и воените тензии.

Свет | пред 1 месец

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Истекува последниот нуклеарен договор меѓу САД и Русија, расте стравот од нова трка во вооружување

Последниот важечки нуклеарен договор меѓу Русија и Соединетите Американски Држави истекува за неколку часа, со што светот се соочува со можност двете најголеми нуклеарни сили првпат по повеќе од половина век да останат без какви било формални ограничувања за своите нуклеарни арсенали. Развојот ја зголемува загриженоста од нова глобална трка во вооружување, во која сè поважна улога има и Кина.Станува збор за договорот „Нов СТАРТ“, потпишан во Прага во 2010 година, кој ги ограничува бројот на распоредени нуклеарни боеви глави и носачи и предвидува механизми за проверка и транспарентност. Ако во последен момент не биде постигнат нов договор или привремено продолжување, Вашингтон и Москва остануваат без обврзувачка рамка за контрола на стратешкото нуклеарно оружје.Од Кремљ порачуваат дека Москва ќе постапува „внимателно и одговорно“. Советникот на рускиот претседател изјавува дека Владимир Путин за ова прашање разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, при што Русија изразува подготвеност за разговори за стратешка стабилност. Истовремено, од Москва наведуваат дека досега нема официјален одговор од американска страна на предлогот ограничувањата да продолжат и по истекот на договорот.Апел упатува и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој повикува двете страни да не дозволат престанок на важноста на договорот. Тој порачува дека е неопходно логиката на страв и недоверба да се замени со заедничка етика насочена кон општото добро.Експертите за контрола на вооружувањето предупредуваат дека без договорот, и Русија и САД добиваат слобода да распоредат стотици дополнителни нуклеарни боеви глави на своите ракети и тешки бомбардери. Во екстремно сценарио, тоа би можело речиси да ја удвои сегашната големина на нивните распоредени арсенали. Дополнително, исчезнуваат механизмите за проверка, што ја намалува довербата и ја отежнува проценката на намерите на другата страна.Иако вкупниот број нуклеарни боеви глави во светот е значително намален во однос на врвот од Студената војна, кога во 1986 година изнесувал над 70.000, денес тој број е околу 12.000. Сепак, и Русија и САД активно ги модернизираат своите нуклеарни сили, додека Кина во последната деценија повеќе од двојно го зголемува својот арсенал.Американскиот претседател Доналд Трамп испраќа спротивставени пораки. Тој изјавува дека доколку договорот истече, може да се постигне „подобар договор“, а претходно јавно се залага Кина да биде вклучена во идните рамки за контрола на вооружувањето, оценувајќи дека големите сили веќе располагаат со доволно оружје за повеќекратно уништување на светот.Дел од аналитичарите сметаат дека високата цена на нуклеарното оружје може да ја ограничи непосредната трка во вооружување, но истовремено предупредуваат дека отсуството на договор отвора опасен простор за недоверба, погрешни проценки и ескалација. Во такви околности, истекот на Новиот СТАРТ не се смета само за формален крај на еден договор, туку за потенцијална пресвртница во глобалната безбедносна архитектура.

Свет | пред 1 месец

media-librarylll0puuioffl0abTAOw

Песков: Арктикот е наш

Русија е арктичка држава и е отворена за соработка на Арктикот, изјави портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.„Тоа е нашиот регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји на Европската унија. Отворени сме за соработка и за заедничко делување“, рече Песков пред новинарите.Тој додаде дека ако политиката на Европската унија биде насочена кон соработка на Арктикот, Русија тоа ќе го поздрави.„Ако претставниците на Европската унија имаат предвид нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Ако пак се мисли на конфронтација, што моментално е многу модерно во Брисел, тогаш тоа, се разбира, тешко може да се поздрави и тешко дека ќе има каков било позитивен ефект“, истакна Песков.Според неговите зборови, Русија има големи интереси на Арктикот и ќе ги брани, користејќи го целиот арсенал на меѓународното право.Претходно, Каја Калас, шефица на европската дипломатија, на конференција во Норвешка изјави дека Европската унија има потреба од нова безбедносна политика на Арктикот.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања