Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трагедија на Бајкалското Езеро: Автомобил пропаднал низ мраз, две лица загинаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarycekqtu4oqsjvdzLCMVj

Две лица загинаа, а две се спасиле кога автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, откако возачот ја прекршил забраната за возење надвор од обележаните премини. Возилото потонало на длабочина и до неколку стотици метри, а потрагата по настраданите е во тек.

Две лица загинаа, а две успеале да се спасат кога нивниот автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Иркутската област во Русија.

— реклама —

„Прекршувањето на безбедносните прописи при возење по мраз резултираше со пропаѓање на автомобилот и смрт на две лица на Бајкалското Езеро“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

— реклама —

Во понеделник вечерта, спасувачите добиле информација за „тојота рактис“ која пропаднала низ мразот на Бајкалското Езеро.

Според информациите на Министерството за вонредни ситуации, возачот ја прекршил забраната за возење по мраз надвор од обележаните премини додека се движел долж заливот Уст-Анга.

— реклама —

Автомобилот потонал на околу два километри од брегот.

— реклама —

„Во автомобилот имало четири лица. Две од нив успеале да избегаат од возилото што тонело, но другите две, маж роден 1991 и жена родена 1989 година, не успеале да го сторат тоа“, се наведува во соопштението.

Агенцијата напомена дека дното на езерото е нерамно, со карпести испакнатини. Длабочината на езерото се движи од 100 до 400 метри. Потрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4o999ihochdp6ck2Y4o

(Видео) Експлозијата во московски ресторан однесе уште една жртва, загинал зетот на руски генерал

Свет | пред 14 часа

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

(Видео) Залужни по жестокиот руски напад каде што загинаа 17 лица, а 44 се повредени: Ова е отворен терор врз цивилното население

Свет | пред 15 часа

putin-kim

Украина: Севернокорејска ракетна единица се распоредува во Русија за напади врз Украина

Свет | пред 16 часа

media-libraryevn73ab5u0tf0vBNe9k

Москва со критики до ЕУ: Давате милијарди за уништување, наместо за обнова

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања