Промени тема
Контакт

(Видео)Украина на минус 17 без струја по нов масовен руски напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarymh8qepo0g9c67qMAC9B

Русија во раните утрински часови изврши масовен напад врз украинската енергетска инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја во поголемиот дел од земјата, соопшти државниот оператор „Укренерго“.

Од компанијата информираат дека нападите сè уште траат и дека санацијата ќе започне штом безбедносните услови тоа ќе го дозволат. На удар биле високо-напонски трафостаници и далекуводи од 750 и 330 киловолти, кои се клучни за функционирањето на електроенергетскиот систем.

— реклама —

Министерот за енергетика Денис Шмихал потврди дека се погодени и производни капацитети, меѓу кои термоелектраните Бурштин и Добротвир во западна Украина. Нападот доаѓа во период на нагло заладување, при што во Киев се очекуваат температури до минус 19 степени.

— реклама —

Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, соопшти дека нивната опрема претрпела значителна штета, наведувајќи дека ова е 220-ти напад врз нивните капацитети од почетокот на руската инвазија.

— реклама —

Поради безбедносни причини, два аеродроми во југоисточна Полска привремено се затворени, соопштија полските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 1 ден

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања