СДСМ: Сања Божиновска и „Руднап“ се клучниот линк во бизнис мрежата на Мицкоски
Антикорупцискиот тим на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) тврди дека секојдневно открива нови делови од, како што наведуваат, бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор.Од партијата велат дека релациите со бизнисменот Душан Адамовиќ водат до Кипар и до офшор компанија поврзана со енергетиката. Според нив, преку Кипар се доаѓа до компанијата Алтарија рисрч лимитед, чиј краен сопственик е Руднап груп, холдинг компанија на српскиот енергетски бизнисмен Војин Лазаревиќ.СДСМ прашува кој е поврзан со „Руднап груп“ во Владата на Мицкоски и посочува дека станува збор за министерката за енергетика Сања Божиновска, која, според нив, била лично назначена од премиерот.Од партијата тврдат дека Божиновска претходно била извршен директор во „Руднап груп“, каде што била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот. Таа се поврзува и со компанијата Руднап ДООЕЛ Скопје, каде што, според СДСМ, била управител.Според СДСМ, токму „Руднап“ е врската што ги поврзува бизнис интересите во енергетиката со политичките структури, односно со Српска напредна странка (СНС) во Србија и ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.Од партијата велат дека со овие врски почнува да се „одмотува енергетското клопче“ од компании и релации кои, како што тврдат, водат до бизнис интереси поврзани со енергетскиот сектор.
Македонија | пред 3 часа