SDSM

zaev3

Заев: Рудник во Иловица нема и нема да има, на ВМРО-ДПМНЕ профитот му е поважен од граѓаните

При денешната посета на Струмичкиот регион, претседателот Зоран Заев беше на средба со жителите на населеното место Иловица.Со граѓаните, претседателот зборуваше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица - Штука.Пред присутните претседателот Заев нагласи дека тој и СДСМ го одржаа зборот и затоа денеска во Иловица нема рудник кој би ја загрозил природата и животната средина.- Кога во 2016 на парламентарните избори и во 2017 на локалните ја баравме вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска стојам пред вас и со гордост можам да ве погледнам затоа што зборот го одржавме. Струмичката котлина, нашиот Огражден ги спасивме од рудникот на смртта. Тешка беше таа борба, ја водевме со години, но верувавме дека ќе успееме и успеавме. Денес, вие граѓаните од Иловица, но и целиот овој крај можете да бидете горди што не дозволивте да се отвори рудник и што заеднички успеавме да ја зачуваме животната средина и оваа наша плодна земја, оваа наша прекрасна природа, порача Заев.Тој се осврна и на ветуваањата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на рудници и нивниот пристап кон интересите на граѓаните.- ВМРО-ДПМНЕ донесе сериозен проблем со концесиите за рудници. Тој проблем посветено го решававме со вас граѓаните и за целото тоа време, ВМРО-ДПМНЕ не само што не се извинија, не само што не признаа дека погрешиле пред граѓаните, туку го гледаме нивниот носител Игор Јанушев, пак рудници ветува, пак нови маки за граѓаните. Тоа само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ само профит ги интересира, не им се важни интересите и здравјето на граѓаните, заштита на природата, не, само профит и пусти пари им се важни. Е затоа ќе си останат во опозиција уште 4 години. Бидете спокојни, во Иловица рудник нема да има, заклучи претседателот Заев.

пред 5 години

DSC_9580

Заев од Струга: Во Охрид ги ослободуваме плажите според УНЕСКО, ќе ги ослободиме и во Струга!

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев вечерва на граѓанската трибина Струга упати јасна порака дека статусот во УНЕСКО на Охридското езеро ќе биде вратен и заштитен и дека по победата на 15 јули уште позасилено ќе продолжат активностите за враќање на статусот на Охридското езеро во УНЕСКО.„Во Охрид ги ослободуваме плажите според критериумите на УНЕСКО, ќе ги ослободиме и во Струга. Одлучни сме да го вратиме статусот на заштитено светско наследство на Охридското езеро. Можете да видите денеска дека градоначалникот на градот Охрид тргна во поход на ослободување на плажите, да ги вратиме онака како што е предвидено според критериумите на УНЕСКО. Ова ќе се случува и во Струга. Охридското езеро е нашиот бисер, нашето богатство кое мора да си го чуваме и да го оставиме во наследство на нашите деца. Ќе го расчистиме крајбрежјето до крај онака како што ни налага УНЕСКО, а потоа ќе се организира сé како што треба повторно во согласност со критериумите на УНЕСКО. Од другата страна на езерото се отстранува, ќе се отстранува и од оваа страна. Секако ова е под надлежност на општините. Очекувам градоначалникот на Струга да го следи примерот, ако не го следи по 15 јули новата Влада ќе му ги одземе надлежностите, ќе ги спроведеме плановите, а на Мерко ќе му ја испорачаме сметката да си ја плати. Нема како поинаку“, порача претседателот Заев од граѓанската трибина во Струга.

Слајдер | пред 5 години

rada

Шекеринска: Правилата мора да се почитуваат, општина Охрид има силни аргументи против дивоградбата во Лагадин

Ако не почитувате правила на Охридското езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, може да замислите што ќе се случи со другите општини, истакна носителката на листата во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме“ заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во синоќешното обраќање до граѓаните во живото вклучување на Фејсбук.Таа во одговор на прашања од граѓани во врска со случајот на најголемата дивоградба на Охридското езеро, фамозниот хотел во Лагадин нагласи дека градоначалникот на Охрид 7 пати го поништил решението за градба бидејќи било издадено незаконски и второстепената комисија го потврдила тоа и ова решение не смеело да биде издадено.https://www.facebook.com/sekerinska/videos/636156246990592/Но, по оваа постапка предметот заминал на суд и судот го вратил назад и токму тоа е тој пинг-понг што не фрустрира сите како граѓани и создава недоверба и кај судството и кај општините, но и во целата држава, рече Шекеринска.Општината има многу силни аргументи и нема да попушти ниту на притисоци и на можни злоупотреби на судството, бидејќи ако оваа дивоградба се дозволи и се толерира тоа ќе биде знак за сите да не ги почитуваат правилата, порача Шекеринска. 

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска од Охрид: Поддршка за градоначалникот на Охрид во справување со езерската мафија

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која е во работна посета на Охрид денес преку својата страница на социјалната мрежа Фејсбук, изрази директна и недвосмислена поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со езерската мафија.Шекеринска напиша: „Му давам силна поддршка на градоначалникот на Охрид, мојот драг пријател Коста! Мора конечно да се расчисти со езерската мафија инсталирана и метастазирана од ДПМНЕ. Дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ДПМНЕ кои освен профитот немаа друг интерес.“

Слајдер | пред 5 години

SDSM-3

Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“во Охрид

Трибината во Охрид на СДСМ. На трибината се обратија претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателка на СДСМ и носителка на изборна единица 5, Радмила Шекеринска и Лазе Танески, кандидат за пратеник.„Едвај чекав да почне овој настан да го поздравам претседателот Зоран Заев. Најголемиот пријател на Охрид и охриѓани, човекот кој помогна да го извади Охрид од калта. Мицкоски после 40 години оваа влада ја зеде целата одговорност да се самираат најкритилчните точки за Охридксиот колектор“, истакна меѓу другото Танески.Танески го потсети Мицкоски за сите инфраструктурни зафати кои ги направила општинската и централната Власт.„Она што за вас беше провизија во претходниве години, за нас се реализација на проекти“, истакна Танески.Танески му даде целосна поддршка на градоначалникот Константин Георгиески. како човек од бизнис секторот во изминативе години ги донесовме најгоелемите оператори. Ние имаме стратегија за Охрид како туристичка дестинација. Цели три години со сите препрепреки направивме многу ама сите заедно.На трибината се обрати и стоматологот д-р Лина Стефаноска. Таа меѓу другото истакна:-Пандемијата е нашиот најголем тест за здравствениот систем, но покажавме како треба да се спротиставиме на истата.Моите колеги и сите ние лавовски се бориме за сечиј живот. Но изборите не треба да се избегнуваат туку да се спроведат со почитување на препораките. Само со превенција може да го победиме невидливиот непријател“, истакна Стефаноска.Носителката на ИЕ 5 носителката и министер Радмила Шекеринска, пред присутните меѓу другото истакна:„„Нас ни се важни изборите, но поважни ни се граѓаните, токму поради тоа сите не следат на видео стриминг. Не случајно почнуваме во Охрид и голем дел од кампањата почнуваме тука. Во Охрид може да ги видите констрастите на дело. Она што ние работиме, и она што другите не работеа. За две и пол години покажавме дека можат да не критикуваат, плукаат, но неможат да не кажат дека сме партија од збор. Сработивме за две и пол години она што неможеа да завршат за 12 години. Минатата недела добивме најпосле нови униформи за секој припадник на нашата армија, обезбедивме за 2,5 години, заради силната поддршка предводена од Зоран Заев, комплетно нова реалност за нашата НАТО Армија, обезбедивме 50 до 60 проценти повисоки плати за секој, обезбедивме нова униформа, обезбедивме нови чизми и ова во ниту една демократска држава на која сакаме да личиме ова не би било вест, ова е нормално ама кај нас не беше нормално оти 11 години тоа не успеја да го направат, 11 години заборавија на армијата. Во моментот кога излеговме и кажавме еве и овој проблем го решивме, нови плати, поголеми плати, нови униформи, нови чизми рекоја ех се фалите со едни униформи. Па ако беа толку лесни да се решат како проблем имаа четири пати повеќе време тоа да го направат, рече Шекеринска.Пред присутните се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев.„Секогаш кога сум во Охрид, чудно треперам, или е до Охрид или до моето преголемо почитување на Охрид. Охрид е географија и историја. И архелогија и уметност... Охрид е убавина... Сите сме минливи, а само Охрид останува вечен. Тој започна со поклон кон градоначалникот и локалната самоуправа, за спроведување на критериумите на УНЕСКО. Верувам дека законот и овде ќе важи за сите“, истакна Заев.Заев меѓу другото додаде дека како влада за кратко време отвориле перспектива за младите.„Ние не сме Северна Тунгузија, ние сме Северна Македонија. Ние имаме наш признат јазик - македонски. Имаме држава признаена од целиот свет“, истакна Заев.Осврнувајќи се на противникот, Заев додаде „Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата. Tие не можат никогаш да ги фрлат тие маски. Затоа почитувани Охриѓани секогаш ќе дојдам со полно со љубов срце кон Охрид затоа што направивме многу, направивме многу за нашата земја, направивме многу и за Охрид.“Осврнувајќи се на сработеното во изминатите две и пол години во Охрид, претседателот Заев истакна „Денес покажуваме дека сме поинакви. 1 милијарда е поддршката кон компаниите и тоа директно со програмите за финансиска поддршка на инвестиции поврзани со работни места. Да отвораат работни места за Охрид и охридскиот регион. Дополнително, 1 милијарда е помошта сега со пакетот од 14.500 денари поддршка за минимална плата.“„Една милијарда е директната помош само кон Охрид, Проаква и колекторот. 500 милиони денари ја раздолживме општината, следни 500 милиони денари се преземањето на долгот од Проаква изградбата на колекторот. 1 милијарда шајки се тоа во Охрид за сметка на  ниту еден денар за 11 години за Охрид на оние другите,“ додаде Заев.     

Слајдер | пред 5 години

stevce

(ВИДЕО) Јакимовски: Не со СЈО, со стрелачки вод да дојдете, ГРОМ нема да го гласа срамниот договор со Грција

,,Не со СЈО, со стрелачки вод да дојдете, ГРОМ нема да го гласа овој срамен договор кој сте го потпишале со Грција. Да им честитам на пратениците за досегашната истрајност и да ги повикам да издржат. Пораката која што ја пративме на 30 септември, е посилна порака дури и од Илинден 1903 година. Покажавме дека сме народ, покажавме дека сме нација и покажавме дека неправедно се обидувале да не помножат со нула на сите претходни договори. Ако на ова истраеме до крај, јасно покажуваме ова признание денеска го добиваме од секаде во светот”, изјави лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во врска со истрагата која ја отвори СЈО против него.https://www.facebook.com/600643960025254/videos/473378833174641/ Тој од пред седиштето на СЈО порача дека ,,на ваквата партиско – полициска-обвинителска конструкција и во забавиште не можат да им веруваат”.,,Јасно е дека со ова се прави уште еден неуспешен обид за пресметка со мене. Очигледно е дека пресметките со мене ги чинат многу скапо, а тоа се покажа на 30 септември. Очигледно дека се обидуваат на ваков начин на сите оние кои не сакаат да гласаат за срамниот договор со Грција, да им покажат како ќе завршат доколку не бидат послушни и доколку не го гласаат срамниот договор. Сакам да им порачам на СДС и на Заев, нема да не скршат. Немој да мисли дека ќе бидам политички мртов, напротив, ќе видиме на овие избори кој потоа ќе биде политички мртов. И нека не кажуват трикови дека имал кратки рокови за да се распише пржинска влада, 100 дена ќе дадат за пржинска влада да ги утврдиме нивните криминали, да ги прашаме што правеле во здравство, како ги набавиле ,,пасатите” во заеднички служби во Влада, да ги прашаме како ги набавуваа возилата од МВР се од иста фирма…Како делеа пари од Фондот за иновации, да го прашаме ова СЈО, овие обвинители кого се од своите фамилии вработија. Ќе отвориме многу прашања и во тие 100 дена ќе видите како ќе ги ископаме како компири од под земја.Арам да му е на ова обвинителство”,рече Јакимовски.СЈО вчера информираше дека е отворена истрага „Хармонија“, поради основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски – претседател на Владата, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски – градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, за Приватен меѓународен балкански универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања