SDSM

Нема фотографија

Заев за Алсат-М: ДУИ ќе оди во опозиција, национализмот нема иднина во Северна Македонија

Одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на ДУИ за премиер Албанец во емисијата Патот кон на Телевизија Алсат, претседателот Зоран Заев истакна дека тоа е уценувачка порака и дека граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја предводи владата.„Пораката која ДУИ ја испратија е генерално уценувачка и тоа не е добро. Оние кои определуваат кој ќе биде премиер тоа се граѓаните. Сето тоа што ДУИ го прави е прочитано. Верувам граѓаните ќе знаат како треба да продолжиме напред.”„Секогаш сме имале чесна и отворена соработка со ДУИ. Дури и кога не сме се согласиле. Секогаш сум бил транспарентен. Го разбирам Ахмети зошто оди со националистичка политика. Но денес граѓаните знаат се. Ние ги обединуваме сите. Не ги делиме. Политичарите кои се враќаат кон национализмот, ќе бидат казнети на овие избори. Тоа граѓаните ќе им го покажат. Национализмот нема иднина во Северна Македонија.“Одговарајќи што мисли за политичката иднина да ДУИ по 15-ти јули, Заев посочи:„И ДУИ сами знаат дека е добро да заминат во опозиција. Да се демократизираат. Да изградат економски став, програма. Јас тоа го кажувам како мое мислење. Граѓаните ќе одлучат. На овие избори јас сум мандаторот на оваа најмултиетничка коалиција во политичката историја на Северна Македонија”, заклучи Заев.

Слајдер | пред 5 години

NAD-2396

Шекеринска од Охрид: Слушнавме како Николоски и ДПМНЕ се пазарат со дивоградби за гласови и го загрозуваат нашиот статус во УНЕСКО

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во изборната единица пет - Радмила Шекеринска, денес ги коментираше ново објавените разговори во кои се слуша како кандидатот за пратеник Александар Николоски договара со обвинетиот Миле Јанакиески да се дозволи узурпација на охридското крајбрежје и да се дозволат дивоградби како дел од предизборно пазарење за гласови со ДУИ.Таа изјави:Денеска слушаме дека додека Владата се бори против дивоградбите, конкретно, со конкретни акции, со конкретни дела, некои луѓе ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори.Затоа статусот на УНЕСКО ни беше загрозен, затоа што ВМРО-ДПМНЕ играше политика со дивоградбите, си играше политика со Охрид и го користеше и Охрид и статусот на УНЕСКО, како монета за поткусурување во нивните меѓупартиски битки.Ние ставивме точка на таквото однесување и во Охрид и во охридско и во целиот регион, покажавме дека грижата кон нашето национално богатство, без разлика дали е културно или природно нема алтернативна и дека сме подготвени да направиме се, да имаме и политичка волја, да имаме политички резултати, ама и да инвестираме пари, за да она што е убаво стане уште подобро.

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард

Три години СДСМ е посветена на реализација на концептот парите назад кај граѓаните.  Три години обезбедуваме повеќе пари кај секој поединец, во секое семејство. Уште во првите 100 дена од мандатот ја зголемивме минималната плата и тоа за сите сектори без да има дискриминирани работници како што беа тоа вработените во кожарската, чевларската и текстилната индустрија, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.Денес и по сите противења на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесува 14.500 денари. До крајот на новиот мандат ја носиме на 20.000 денари, односно дури за 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ.Во овие 3 години зад нас растеше и просечната плата. Во следниот мандат ќе расте уште повеќе и во следниот. Просечна плата од 34.000 денари е нашата цел до крајот на мандатот и немам сомнеж дека тоа ќе го оствариме.Ја исправивме и неправдата кон стечајните работници. Денес, 12.000 наши сограѓани добиваат по 8.000 денари месечен надоместок, а во следниот период добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.Додека многумина не веруваа, а ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше, ја воведовме и спроведовме најсериозната и најраспространета мерка со која за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните.Со Мој ДДВ за само три квартали вративме 10,7 милиони евра кон граѓаните. Овој проект продолжува и е уште подобар затоа што лимитот го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно, од 7.200 на 9.600 денари годишно по корисник.Со концептот парите кај граѓаните не застанавме ниту кога се соочуваме со здравствена и економска криза. Напротив, продолживме да го реализираме уште подобро и уште повеќе.Со домашните платежни картички и со ваучерот за туризам кон повеќе од 324.000 граѓани граѓаните вративме 28 милиони евра за купување на наши, македонски производи и услуги, за посета на наши, домашни туристички центри и објекти.Во следниот период, покрај стечајните работници, домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата кои се пасивни баратели на работа и самохраните родители.Ова, почитувани е вистински доказ што значи грижа за сите и вистински економски патриотизам.Граѓаните ја гледаат разликата и затоа на 15 јули на целосно здравствено безбедни избори, на гласање со целосна заштита, граѓаните ќе изберат овој концепт да продолжи уште повеќе и уште подобро.На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите, парите да се враќаат во нивните буџети и нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Слајдер | пред 5 години

cipras

(ВИДЕО) Ципрас преку упати видео порака испрати поддршка на Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас упати видео порака со поддршка на претседателот Зоран Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“.Во видеото, цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски, Ципрас посочи дека претседателот Заев и СДСМ отворија ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда, може да продолжи само со СДСМ и Зоран Заев на чело на идната влада.„Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија“, вели Ципрас во видео-пораката.Понатаму додава: „Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша: ‘Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе’ . Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија. Владимир Мартиновски вели: ‘Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време’. Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15-ти јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време“, порача Ципрас.

пред 5 години

zaev

(ВИДЕО) Заев до Ахмети:Промашил комплетно, можам да наздравам со вино, но никогаш не сум бил пијан

Лидерот на СДСМ, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното тој вели:„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Заев.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во гостување на телвизијата Сири во Албанија рече дека, Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што ќе го кажел на митингот.извор: ТВ 21

Слајдер | пред 5 години

07072020_ZPVRSM_Kichevo-Ohrid-2

Шекеринска: Автопатот Кичево - Охрид со сите девет клучки, по сите можни грешки на минатата влада е во последна фаза, до крајот на 2021 ќе биде комплетно функционален

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска изврши увид на градежни работи на автопатот Кичево - Охрид.Изјавата ви ја пренесуваме интегрално:„Претходниве денови слушате многу за автопатот Кичево - Охрид и затоа денеска сум тука за да можеме сите со свои очи да се увериме колку се опасни лагите кои што ги испраќаат оние кои барем на оваа тема би требало постојано да молчат.Автопатот Кичево - Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4 - 5 години владеење на ВМРО ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во бомбите а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија.Провизијата ја зеле, ама проекти и проектна документација не оставиле. Како Влада наследивме обврска која што беше почната но беше почната и поставена на глава. Овој пример, автопатот Кичево - Охрид е доказ, колку е тешко од кал да извадиш нешто што е оставено без проект, без план, без документација и без ред.Од моментот кога бевме избрани и ја добивме одговорноста покажавме како е да се работи плански. Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево - Охрид. Ако ВМРО ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават 9 клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници од кои само една можете да ја видите овде.Според  информациите на сите оние кои што се вклучени во проектот најголемиот дел од тунелските решенија е завршен, најголемиот дел од тешките точки коишто не беа проектирани како треба се завршени, и откако ја обезбедивме и потребната механизација, работници и потребните средства, повторно се започна изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со 9 клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година.Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии. Затоа граѓаните можат тоа да го видат со свои очи. Со свои очи не можеа да го видат она што го градеше ВМРО ДПМНЕ но со свои очи можеа да видат како 15 до 18 милиони евра се дадени за провизија за Груевски и неговата група.Затоа наместо да поставуваат прашања за автопатот Кичево - Охрид овие од ВМРО ДПМНЕ треба да го повикаат Груевски и да му побараат да и ги врати на државата 15-те  до 18-те милиони евра коишто ги зема од овој автопат и го остави неизграден, без тунели и без клучки. На темава ВМРО ДПМНЕ треба и да молчи и да одговара“.

пред 5 години

DSC_2081

Заев: Во изборна единица 6 ќе ги победиме ДУИ и после тоа оваа партија ќе треба да се реформира

Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години го прават своето, станале моќни, и добро е ДУИ да се реформира откако ќе замине во опозиција, добро е за нив, добро е за државата, добро е да се реформира и ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.– Едно општество за сите е наш концепт и свесен сум дека  на луѓето им треба време, и на Македонците и на Албанците. Ова е прва мултиетничка коалиција, 32 партии застанавме зад кандидатурата на Стево Пендаровски и еве продолжуваме да растеме, како партии и како коалиција. За мене е успех ако ДУИ и Алијансата ги победиме во шестата изборна единица, нашите проекции се дека ќе имаме 6 или 7 пратеници, за разлика од нив кои ќе имаат до 5, затоа што целат само Албанци, а ВМРО ДПМНЕ може да има 2 до 3 пратеници во шестката затоа што одат само на македонските гласови. Јас одамна му кажав на Мицкоски дека ќе губат се додека продолжуваат со ваквата деструктивна политика, посочи Заев

Слајдер | пред 5 години

zaev

Заев на Утрински брифинг: НАТО и ЕУ се завршена работа, сега се посветуваме на домашен план

Овие избори и оваа изборна кампања се поинакви, затоа што нема повеќе ветувања дека ќе бидеме дел од НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа, истакна претседателот на СДСМ и носител во изборната единица четири Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.- Дел сме од НАТО, 30 членка сме, почнуваме и преговори со ЕУ. Со соседите сега сме пријатели и очекуваме нивна поддршка во идните процеси, ние надвор ги завршивме работите, сега натпреварот ќе биде што ќе направиме дома. Сега нема Албанци, Бугарија, Грција, НАТО, сега дома ќе работиме на економијата. Фокусот го ставаме на домашните реформи порача Заев, додавајќи дека во следниот период, во следните 4 години, СДСМ и новата Влада ќе покажат дека можat уште повеќе и уште подобро.

Слајдер | пред 5 години

DSC_2081

Заев од Велес: Носиме економија што нуди шанса за младите, нивното место е тука, да ја европеизираат државата, да водат кон напредокот

Во секое општество, во секоја држава напредокот и развојот во голема мера зависат од младината, од младинската енергија и младинските политики.  Колку се младите поактивни, помотивирани и поуспешни толку на државата и оди подобро и побрзо се развива.  11 години, не беше лесно да се биде млад човек во нашата земја. 11 години младите и овде во Велес и низ целата држава беа запоставени, манипулирани, без шанси за успех. Оние кои немаа избор заминаа надвор од своите градови, надвор од својата татковина, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој додаде:Но многу од оние кои останаа овде решија да се борат. Се вклучија во борбата против режимот, го вложија својот младешки дух и енергија и беа предводници во процесот кој донесе промени.Заедно со младите го победивме режимот и заедно со младите почнавме да го трасираме патот кон подобра иднина за сите.Процесот не беше лесен, ситуацијата не ветуваше многу, но секогаш се потпиравме на одлучноста и енергичноста на младите и почнавме да правиме пресврт на подобро.Во 2017 кога ја презедовме важната улога да ја водиме државата, не дочека младинска невработеност од 48,6 отсто една од највисоките во Европа. Во превод, без работа беше секој втор млад човек до 29 години.Тоа за нас беше аларм за брзи и коренити промени во политиките кон младите. Започнавме со реализација на сериозни и издржани мерки и политики кој доведоа до зголемување на вработување на младите.Преку оперативниот план за активни мерки за вработување, поддршката преку Фондот за иновации и технолошки развој, поддршката за вработувања на млади, успеавме значително да ја намалиме младинската невработеност.Денес, таа изнесува 35,3 отсто и е во постојан тренд на опаѓање. Денес младите во Северна Македонија својата шанса ја гледаат овде, а не некаде низ светот.Тоа за нас е обврска да продолжиме уште повеќе и уште подобро да се грижиме за нашата младина, за нашата иднина.Затоа, денеска пред младите, се обврзуваме на нови решенија, решенија за иднината кои обезбедуваат услови секој млад човек тука да ја гледа својата шанса за успех.Преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и политики, се обврзуваме стапката на младинска неврабтоност до 2024 година да ја донесеме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од денес.За таа цел Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте.Обезбедуваме директна поддршка на  младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10% веднаш.Поранешното „Македонско село“ кое е во државна сопственост, го трансформираме во „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка.Мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму.Ова се само дел од мерките и проектите од нашата понуда во Програмата.Ова е економски патриотизам на дело, затоа што денес, во 21 век, во време на динамичен развој и зголемена мобилност, вистински патриотизам е да ги задржиш младите дома, дома да создаваат и работат, дома да градат кариера, семејства и индина.Од друга странам, ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека не знаат економија, знаат само да земаат од граѓаните, да ги бркаат младите надвор од државата како што го правеа тоа цели 11 години.Но младите тоа нема да го дозволат. Младите ќе одберат работа, повисоки плати и европски стандарди дома. Ќе одберат напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро. Затоа што знаат дека заедно можеме.Тоа е нашата понуда и порака до младите: Останете дома, зграпчете ги шансите, заедно да се бориме, бидете дел од трансформацијата на нашата економија, бидете дел од европеизацијата на нашата татковина.По 15 јули заедно продолжуваме да градиме држава партнер на младите, да градиме економија кој носи шанса за сите, а особено за младите, истакна Заев.

пред 5 години

NAD-0683

Шекеринска од Мечкин камен: На 15 јули младите ќе гласаат за нова македонска развојна економија

Додека СДСМ го рализираше големиот проект – парите кај граѓаните, ВМРО ДПМНЕ беше против секоја идеја и секој предлог парите да се вратат во семејните буџети.Мицковски и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека единственото нешто за кое што се грижат претходните 11 години е како да обезбедат повеќе пари за нив и за нивната партија, па и по цена младите во континуитет да ја напуштаат нашата држава.Затоа на 15 јули изборот навистина е едноставен – тоа е избор помеѓу шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО ДПМНЕ. Во изминативе 3 години навостина имавме фокус како да помогенме младите луѓе полесно да дојдат до подобро работно место. Затоа само за 2,5 години стапката на невработеност кај млади лица падна од 48,6% на 35,3%.Тука не застануваме бидејќи и оваа стапка мора да оди надолу. Тоа ќе го правиме и ќе успееме во тоа само ако обезбедиме и пари и политики кои што ќе отвараат нови работни места, подобро платени, со подобри услови за работа.Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 година веќе обезбедивме 1,3 милијарди денари.Тоа значи директна поддршка на младинското и женското претприемништво кое што подразбира грантови за млади и жени во висина од 5 000 евра до 15 000 евра. Тоа во исто време ќе значи и поврат на персоналниот данок на сите нововработени до 29 години во првите две години од нивното ново работно место.Овие пари ќе ги плаќаат работодавачите во буџетот а ние ќе ги вратиме директно назад на сметка на младите до 29 години.Во поранешното „Македонско село“ќе формираме старт ап село, или старт ап вилиџ, кое штоќе нуди физички простор за сите млади кои планираат да почнат со бизнис или веќе почнале со бизнис. Тоа ќе им ги намали трошоците за работа и ќе им даде шансинавистина да го развијат својот бизнис.Ќе подолжиме со мерката со која даваме поддршка од 3 000 денари за секој млад до 23 години кој што со завршено средно образование заминал да работи во производство.Тоа значи дека со овие средства ќе финансираме поголем број на млади да се вклучат во пазарот на труд, и да обезбедат шанса за подобра иднина. Наша цел е во следните 4 години секоја година стапката на невработеност да ја намалуваме за 3% годишно со цел на крајот на мандатот, за прв пат во нашата историја, да стигнеме до едноцифрена бројка на стапката на невработеност.На 15 јули и младите ќе гласаат за нова развојна македонска економија, ќе гласаат за своите пријатели, за сите млади во државата и ќе гласаат повеќе пари повторно да завршуваат во нивните семејни или бизнис буџети. Заокружете го бројот 3 бидејќи парите ќе одат кон граѓаните но и кон младите. 

пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска: 11 години ВМРО-ДПМНЕ не држеа изолирани, европската перспектива сега е отворена

Ние ветивме ЕУ и НАТО – и тоа го одработивме за само 2,5 години. ВМРО-ДПМНЕ на сите ни изгубија 11 години – и нам и на нашите деца. Рековме ќе ги решиме најтешките прашања и ги решивме бидејќи кај нас зборот е збор истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во  петтата изборната единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во интервју за Прес24.Станавме членка а НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, направивме пријатели во светот, ги покачивме платите, 300% ја зголемивме социјалната помош, невработеноста ја намаливме на помалку од 17%, медиумите се сосема слободни и гласни, нагласи Шекеринска.Не можеш, како што правеше ВМРО ДПМНЕ, на избори да велиш - ќе ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, ќе ги покачиме платите, ќе се погрижиме за сиромашните и за социјалните случаи, граѓаните ќе имаат повеќе пари – а потоа не само да не го оствариш тоа, туку да ја скараш и изолираш земјата со сите, да ја блокираш цели 11 години, да не се ни обидеш да најдеш решение што ќе ја отвори евроатланската перспектива, силно да се противиш на повисоки плати и како власт и како опозиција, да ги погазиш сите права на своите граѓани, да ја згазиш слободата на медиумите, иднината на сопствената земја - а од друга страна да градиш бела палата и да ги полниш своите и сметките на најблиските извршители со парите на граѓаните низ тајни криминални зделки. Тоа граѓаните го паметат и нема да дозволат да се повтори, истакна Шекеринска.Европската перспектива на државата по 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е отворена и сега претстои период на нејзино исполнување и во процесот на членство во Европската Унија, додаде Шекеринска.-Преговарачката рамка е промоција на македонскиот јазик како иден службен јазик на Европската Унија. Ние водиме политики на партнерства и пријателства, а македонскиот јазик е признаен и прифатен од целиот свет, впишан во картата на ОН. Договорот со Бугарија која е наш сосед и пријател, е потпишан на македонски јазик. Пропаднаа сите надежи на опозицијата дека ќе можат да го сокријат ова – дека успеавме да се потврдиме во светот со јасен и цврст идентитет - како македонски народ, кој зборува македонски јазик. Ние преку дијалог и пријателство дојдовме до тука, така и ќе продолжиме, порача Радмила Шекеринска, носителка на листата на Коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, во интервју за Прес24. 

пред 5 години

rot

(ВИДЕО) Поддршка од германскиот министер за Европа, Михаил Рот за Никола Димитров и коалицијата „Можеме“

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија.“ - рече Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија,Германија.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска: Каде беа Мицковски и Дурловски кога Груевски го правеше Охрид - Лас Вегас?

Заменик претседателката на СДСМ, попладнево во Охрид разговараше со охриѓани за приоритетите на СДСМ во областа на инфраструктурата и туризмот. Притоа го презентираше досега сработеното а ја претстави и изборната програма на коалицијата „Можеме“.Во изјавата за медиумите таа потсети на огромната опасност со која се соочува Охрид и охридското езеро за губење на статусот во УНЕСКО и меѓудругото изјави:Охриѓани памтат кој го доведе Охрид и охридско во опасност, паметат дека кога можевме да го изгубиме статусот на УНЕСКО, молчеа и Мицковски  и Дурловски.Тие двајца беа неми извршители на планот на нивниот ментор Груевски да го  претвори Охрид во нов Лас Вегас. Денес охриѓани може да бидат мирни, нивните злодела заминаа во историјата а статусот во УНЕСКО го браниме по секоја цена. Никој не е над законот.Тоа го покажуваме секој ден. Општината Охрид секој ден го ослободува узурпираното крајбрежје. За прв пат нашата влада го донесе планот за управување.Според УНЕСКО, тој требало да биде донесен уште во далечната 2009. Ние ги послушаме експертите и граѓаните. Се што беше добро предложено беше прифатено. Со Албанија работиме мерките да се спроведуваат на двете страни на границата.

Слајдер | пред 5 години

03072020_ZPVRSM-i-MO-Sekerinska_rabotna-poseta_Ohrid_2

Шекеринска од Охрид: Владата градеше и гради по план, вложувањето во инфраструктурата е влог во квалитетен живот на граѓаните

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска имаше работна посета на Охрид, при која посети повеќе точки каде што во соработка со локалната самоуправа на Град Охрид се реализираат серија на инфраструктурни проекти кои се веќе реализирани или се во финална фаза на реализација.При посетата Шекеринска даде изјава за медиуми која интегрално ви ја пренесуваме:„Во Охрид можам да видам една огромна изградбена експанзија која што ги опфаќа најважните патни правци, најважните улици, најважните инфраструктурни проекти за огромен број на граѓани на Охрид и тоа покажува дека многу е важно централната и локалната власт добро да соработуваат, да соработуваат за потребите на граѓаните, но и второ, важно е да инвестираме инфраструктурни проекти, важно е да ги знаеме приоритетите и да градиме навистина по план.Во Охрид се гради по план и во Охрид навистина се решаваат проблеми кои со децении биле одлагани. Денеска сме тука на местото каде што започнува и веќе трае сериозната реконструкција на улицата Абаз Емин. Проект кој е ветуван многу години, проект кој не е направен повеќе од 40 години и денеска целосно се реконструира со средства на Општината и средства на ЕБРД коишто се обезбедени преку Владата.Тоа е проект од околу 45 милиони денари кои, како велат, значи реконструкција после 40 години. Затоа денеска навистина ми е задоволство да бидам тука и да видам како локалната самоуправа, како и буџетот работи во полза на граѓаните. Денеска ќе имаме прилика да видиме 4 инфраструктурни објекти, 4 инфраструктурни проекти коишто се градат во Охрид и коишто ќе значат подобар квалитет на живот и навистина градење по план.Сакам да честитам и на Општината која после долги години зборување, последнава година навистина стори многу за поврзување на граѓаните на Охрид, меѓутоа и за развој на туристичкиот потенцијал на Охрид. Ќе заминеме и во Прва македонска ударна бригада, Охридска бригада, улиците коишто се градат на територија на поранешна касарна. Навистина една градежна експанзија која што е реализирана со пари на Општината Охрид, но и со пари од владиниот Буџет“.

Слајдер | пред 5 години

NAD-9186

Шекеринска: Како е возможно Милошоски да е недостапен за судските органи?

Во гостувањето на ТВ Тера во Битола, заменик-претседателката на СДСМ - Радмила Шекеринска го коментираше новиот закон за ЈО, како и постојаните опструкции со кои се соочуваше правосудството во изминатите години.Таа рече: Јас не можам да сфатам како може еден кандидат за пратеник во нашава изборна единица Антонио Милошоски да не е достапен за судските органи да прими покана за суд. Знаете што ќе се случуваше. Тој е сега во изолација нели. Па може сега да го најдат полесно.Ама пазете партијата која денес зборува дека ќе ја обновеле правната држава нејзините луѓе не одат на суд, не се појавуваат, бегаат. Некој од нас тоа да го направеше секој ден сам за тоа ќе зборуваа.Тие имаат толку валкан образ што можат да си дозволат пред судот да не се појават, додаде ШекеринскаА да се појавуваат на избори да доаѓаат во ДИК, да се потпишуваат да земаат плата како пратеници, тоа можат.  Јас како граѓанин не можам тоа да го сфатам.фото: СДСМ

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања