(ВИДЕО) Ципрас преку упати видео порака испрати поддршка на Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

cipras

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас упати видео порака со поддршка на претседателот Зоран Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“.

— реклама —

Во видеото, цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски, Ципрас посочи дека претседателот Заев и СДСМ отворија ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда, може да продолжи само со СДСМ и Зоран Заев на чело на идната влада.

— реклама —

„Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија“, вели Ципрас во видео-пораката.

— реклама —

Понатаму додава: „Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша: ‘Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе’ . Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија. Владимир Мартиновски вели: ‘Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време’. Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15-ти јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време“, порача Ципрас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3373

Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски, вели Костовски

Македонија | пред 7 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Македонија | пред 7 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има, а се штитат виновниците, вели СДСМ

Македонија | пред 8 месеци

Mitko-T-SDSM

Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето, рече Трајчулески

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања