🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има, а се штитат виновниците, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

„Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!

Власта свесно и организирано ги штити вистинските виновници. Обвинителството ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта.

— реклама —

Нема одговор зошто не се опфатени клучни луѓе кои биле на високи позиции од актуелната власт.

Зошто не е опфатена началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, која била на позиција кога се случил пожарот, и која не презела никакви мерки и покрај службените белешки дека дискотеката работи незаконски?

Зошто Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?

Зошто Драган Казак Петрушев, сменоводител во МВР, за кого има индиции дека лично учествувал во затворање на вратите на дискотеката спротивно на процедурите исто така не е опфатен?

Не се го гони Петрушев, иако според сведочењата имал контакт со сопственикот на дискотеката и спроведувал контрола надвор од стандардната процедура?

Дали Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани?

За Дејан Салтировски, началник на СВР Штип и покрај информациите за неговата улога кобната вечер, и покрај сомнежите за фалсификати во документацијата за акциската контрола, нема никакво обвинение?

Дали Салтировски е заштитен поради кумовската врска со Орце Тодоровски – Ефто, близок човек на Мицкоски?

Родитетелите, мајките и татковците завиени во црно најмалку што заслужуваат е правда, одговорност од сите, а не политичка заштита на виновниците.

Обивнителството мора да се оттргне од власта и да делува. Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3373

Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски, вели Костовски

Македонија | пред 5 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Македонија | пред 5 месеци

Mitko-T-SDSM

Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето, рече Трајчулески

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Битиќи: Со ребалансот го добивме еден од најскандалозните буџети во историјата

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања