Се распушти и сириската државна армија
Сириските бунтовници во неделата објавија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на претседателот Башар ал Асад во првото соопштение на државната телевизија по молскавична офанзива што го изненади светот, а сирискиот премиер рече дека е подготвен да соработува во трансферот на власт и повика на избори.https://twitter.com/Natureambasador/status/1865626674299117668Сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск рано во неделата извикувајќи „Господ е најголем“, изјавија очевидци за ДПА.https://twitter.com/khaledmahmoued1/status/1865579224658067478?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7Командата на сириската државна армија ги известила припадниците на армијата дека повеќе не се во служба, дознаваат странските агенции од сириските воени кругови. Војниците ќе бидат повикани на должност доколку е потребно, велат воени извори.Граѓанската војна во Сирија, која трае од 2011 година, се разгоре кон крајот на ноември кога бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија.
Свет | пред 1 година