Промени тема
Контакт

Израел бомбардирал неколку градови во Сирија, јавуваат локалните медиуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
sirija

Во нападот на пет локации загинаа најмалку 14 лица.

Најмалку 14 лица загинаа по неколку израелски напади врз цели низ Сирија, објави државната новинска агенција Сана.

Според нив, мета биле пет локации, меѓу кои и центарот за научно истражување, а оштетен е и автопатот.

— реклама —

Сана цитираше сириски воен извор кој вели дека израелските авиони кои летаат над северозападниот дел на Либан лансирале проектили на „голем број воени локации во централниот регион“ во неделата навечер.

— реклама —

„Нашата противвоздушна одбрана собори неколку проектили“, додаде воениот извор.
Израелските власти, кои вообичаено се воздржуваат од коментари за нападите во Сирија, ниту овој пат не дадоа никакви најави.

— реклама —

Воен аналитичар, кој работи во Велика Британија, вели дека нападите дошле во бранови, а главна цел е локацијата во градот Масијаф, од каде, според него, работат проирански експерти за развој на оружје.

Израелските напади се интензивираа од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година, како одговор на прекуграничните напади на Хезболах и други групи во Либан и Сирија во северен Израел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9d70gk08l5tc4KQdTwW

(Видео) Гори Сирија по поскапувањето на горивата: Масовни протести и блокади низ земјата

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Откриени неколку тони нуклеарен материјал во Сирија, започна ископувања на сомнителна локација

Свет | пред 1 месец

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Трагедија во Сирија: Во судир на два автобуса загинаа 35 лица

Свет | пред 2 месеци

sirija

Нова ескалација во Сирија: Израелски сили влегоа во град, жителите блокираа улици

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања