Промени тема
Контакт

(Видео) Силни експлозии одекнуваат кај воен аеродром во Сирија, се издигна густ чад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryfdht61abe54t3V6UxVK

Серија силни експлозии одекнувале денеска во подрачјето на Идлиб и во близина на воениот аеродром Тафтаназ во Сирија, при што над објектот се издигнал густ чад.

Според информативната мрежа „Сирија нау“, која се повикува на очевидци, експлозиите започнале околу 8 часот наутро, во момент кога над подрачјето прелетувал извидувачки авион. На снимка што се шири на интернет се гледа густ чад што се издига од кругот на аеродромот.

— реклама —

Според наводите, експлозиите траеле околу час и половина. Засега нема потврдена информација за причината. Локални жители претпоставуваат дека можеби станува збор за детонација на заостанати убојни средства на аеродромот, каде што и претходно повремено се случувале слични инциденти.

— реклама —

Военото леталиште Тафтаназ, пред почетокот на долгогодишните воени операции во Сирија, било втор по големина хеликоптерски аеродром во земјата. Подоцна со него управувале опозициски фракции, а по договорот за деескалација, постигнат во март 2020 година меѓу Турција и Русија, објектот бил претворен во турска набљудувачка точка.

— реклама —

Северозападниот дел на Сирија во текот на септември беше погоден од повеќе експлозии. На 9 септември, во привремено складиште за оружје и заостанати убојни средства во Сармада, во близина на Идлиб, загинале 14 припадници на Министерството за одбрана, а повеќе лица биле повредени.

— реклама —

На почетокот на септември, во Биниш, пет лица загинале во експлозија на автомобил натоварен со муниција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9d70gk08l5tc4KQdTwW

(Видео) Гори Сирија по поскапувањето на горивата: Масовни протести и блокади низ земјата

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Откриени неколку тони нуклеарен материјал во Сирија, започна ископувања на сомнителна локација

Свет | пред 1 месец

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Трагедија во Сирија: Во судир на два автобуса загинаа 35 лица

Свет | пред 2 месеци

sirija

Нова ескалација во Сирија: Израелски сили влегоа во град, жителите блокираа улици

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања