(Видео) Пожарот зад Водно е во близина на куќи
Голем пожар избувна над селото Чифлик во Општина Сопиште, зад Водно, а огнот е во близина на куќи. На терен започнува интервенција на скопската Противпожарна бригада, додека Дирекцијата за заштита и спасување подготвува три авиони „Ер трактор“ за гаснење од воздух.Од ДЗС информираат дека кон подрачјето на Сопиште се упатени и четири специјализирани возила „пинцгауер“.„Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на Општина Сопиште, зад Водно“, информираат од ДЗС.Речи
Скопје | пред 3 часа