(Фото) Три нови светски рекорди на Матка: експедицијата на „Врело“ заврши успешно
Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ соопшти дека експедицијата завршила со три нови светски рекорди, поврзани со истражување на најдлабоката пештера досега, најдлабоко нуркање во пештера и длабинско нуркање на отворени води.Точните длабочини и деталите за постигнувањата ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи утре, во сабота, со почеток во 9 часот, во базниот камп на Спелеонуркачкиот камп „Врело“ на Матка.Од клубот ги повикаа заинтересираните новинари да пристигнат најдоцна до 8:30 час
Македонија | пред 2 часа