Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СПИРО БОРИСОВ

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Пораките и снимките каде кочанскиот судија зборува за парите кои ги земал од Белски, кому му судел, се вештачат

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека се вештачат материјалите што Драганчо Стоименов – Дацо Белски ги доставил со кривичната пријава против судијата и претседател на Основниот суд во Кочани, Спиро Борисов. Постапката следува откако Белски јавно во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе обвинувања дека од неговото семејство биле земени 5.000 евра од судијата, кој претходно одлучувал за неговата мерка притвор во предмет во кој е обвинет за обид за убиство.„По добивањето на кривичната пријава против лицето за кое покажувате интерес, предметниот обвинител достави низа наредби до МВР за спроведување истражни дејствија во насока на утврдување на фактите наведени во пријавата. До денес до обвинителството не се доставени повратни информации по наредбите“, информираат од Обвинителството.Со случајот е запознаен и Судскиот совет, кој, според информациите, ја проследил пријавата до надлежното обвинителство.Како што „Скопје1“ објави на 18 јануари, Белски во емисијата тврдеше дека од неговата тогашна сопруга биле побарани 5.000 евра од судијата Спиро Борисов, откако му била определена мерка притвор. Пред камерите тој говореше за, како што наведе, директни контакти на судијата со неговото семејство, за предавање пари кои подоцна биле прикажувани како позајмица, како и за посети на судијата во домот на неговите родители додека тој бил во домашен притвор.Во рамки на емисијата беа презентирани и пораки и снимки од комуникација за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата, во кои се спомнува враќање на средства и конкретни износи, меѓу кои и 1.500 евра како дел од вкупната сума.И покрај сериозноста на изнесените тврдења и јавно презентираните материјали, судијата Борисов досега јавно не ги демантираше наводите. Според официјалните податоци, тој и натаму ја извршува функцијата и е претседател на Основниот суд во Кочани, додека постапката по пријавата е во тек.Тврдењата на Белски:

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Речиси еден месец по тешките јавно изнесени обвинувања во поткастот „Претрес со Ландов“, Судски совет на Република Северна Македонија сè уште нема одговор на прашањата поврзани со случајот во кој поранешниот телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Драганчо Стоименов – Дацо Белски, јавно обвини судија од Основниот суд во Кочани за сериозни злоупотреби.Како што објавивме на 18 јануари, Белски во емисијата тврдеше дека од неговата тогашна сопруга биле побарани 5.000 евра од судијата Спиро Борисов, откако нему му била определена мерка притвор. Тој пред камерите говореше за директни контакти на судијата со неговото семејство, за предавање пари кои подоцна биле прикажувани како „позајмица“, како и за посети на судијата во домот на неговите родители додека бил во домашен притвор.Во рамки на емисијата беа презентирани и пораки и скриншотови од комуникација за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата, во кои се спомнува враќање на средства и конкретни износи, меѓу кои и 1.500 евра како дел од вкупната сума.И покрај сериозноста на изнесените тврдења и јавно прикажаните пораки, судијата Борисов до денеска нема јавно демантирано ниту еден од наводите. Дополнително, тој и натаму ја извршува функцијата и, според официјалните податоци, е и претседател на Основниот суд во Кочани.Редакцијата на „Скопје1“ и понатаму нема добиено одговор ниту од Судскиот совет на прашањата: дали е поведена постапка по претставката, дали е известено Јавното обвинителство, дали е побаран став од судијата и зошто, и покрај јавно презентираните докази и тврдења за тешки прекршувања на законот, нема мерка за негово привремено оддалечување од функцијата.Молкот на надлежните институции, како и отсуството на било каква јавна реакција од самиот судија, дополнително ги продлабочува сомнежите и ја отвора дилемата за ефикасноста на механизмите за надзор и одговорност во судството. Случајот, кој директно задира во интегритетот на судската власт, и понатаму останува без институционален епилог.Обвинувањта:

Студио | пред 1 месец

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Судијата Спиро бараше 5.000 евра и ме советуваше ‘замини од државата’, сведочи бегалецот Дацо Белски за претседателот на кочанскиот суд

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Драганчо Стоименов – познат како Дацо Белски, во поткастот „Претрес со Ландов“ изнесе тешки обвинувања против судијата од Основниот суд во Кочани, Спиро Борисов. Белски тврди дека од неговата екссопруга биле побарани 5.000 евра откако му била определена мерка притвор од истиот судија.Белски во емисијата посочи дека, судијата имал директни контакти со неговото семејство, при што на неговата тогашна сопруга ѝ било побарано финансиско „помагање“, кое подоцна било оправдано како позајмица. Тој пред камерите тврдеше дека парите биле предадени, а како доказ презентираше пораки и скриншотови од комуникација меѓу поранешната сопруга и судијата. Според кажувањето на Белски, судијата во два наврати доаѓал и во домот на неговите родители додека тој бил во домашен притвор, при што, како што тврди, го советувал дека за него „можеби е подобро да си замине“, односно да ја напушти државата. Белски изјави дека токму поради, како што рече, неправдата и притисоците, денес се наоѓа во бегство од правдата.Во рамки на емисијата беа прочитани и пораки за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата Борисов, во кои се спомнува враќање на позајмени средства, вклучително и конкретен износ од 1.500 евра како дел од вкупната сума.Редакцијата на „Скопје1“ се обиде да добие став од судијата Борисов, кој беше контактиран на два телефонски броја, но тој не одговори на седумте испратени прашања. Со тоа, до овој момент, судијата јавно не ги демантираше тврдењата изнесени од Белски, ниту презентираните пораки.Прашања беа испратени и до Судски совет, со барање за појаснување како е постапено по поднесената претставка против судијата, дали е известено обвинителството, дали е побаран негов став и зошто, и покрај презентираните докази, судијата сè уште не е привремено оддалечен од функцијата. До моментот на објавување на овој текст, од Судскиот совет нема одговор.Пораките видете ги тука:Случајот отвора сериозни прашања за интегритетот на судството, евентуалното влијание и злоупотреба на судиската функција, како и за ефикасноста на институциите задолжени за надзор над судиите.

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања