(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Студио
media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

Речиси еден месец по тешките јавно изнесени обвинувања во поткастот „Претрес со Ландов“, Судски совет на Република Северна Македонија сè уште нема одговор на прашањата поврзани со случајот во кој поранешниот телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Драганчо Стоименов – Дацо Белски, јавно обвини судија од Основниот суд во Кочани за сериозни злоупотреби.

— реклама —

Како што објавивме на 18 јануари, Белски во емисијата тврдеше дека од неговата тогашна сопруга биле побарани 5.000 евра од судијата Спиро Борисов, откако нему му била определена мерка притвор. Тој пред камерите говореше за директни контакти на судијата со неговото семејство, за предавање пари кои подоцна биле прикажувани како „позајмица“, како и за посети на судијата во домот на неговите родители додека бил во домашен притвор.

— реклама —

Во рамки на емисијата беа презентирани и пораки и скриншотови од комуникација за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата, во кои се спомнува враќање на средства и конкретни износи, меѓу кои и 1.500 евра како дел од вкупната сума.

— реклама —

И покрај сериозноста на изнесените тврдења и јавно прикажаните пораки, судијата Борисов до денеска нема јавно демантирано ниту еден од наводите. Дополнително, тој и натаму ја извршува функцијата и, според официјалните податоци, е и претседател на Основниот суд во Кочани.

Редакцијата на „Скопје1“ и понатаму нема добиено одговор ниту од Судскиот совет на прашањата: дали е поведена постапка по претставката, дали е известено Јавното обвинителство, дали е побаран став од судијата и зошто, и покрај јавно презентираните докази и тврдења за тешки прекршувања на законот, нема мерка за негово привремено оддалечување од функцијата.

Молкот на надлежните институции, како и отсуството на било каква јавна реакција од самиот судија, дополнително ги продлабочува сомнежите и ја отвора дилемата за ефикасноста на механизмите за надзор и одговорност во судството. Случајот, кој директно задира во интегритетот на судската власт, и понатаму останува без институционален епилог.

Обвинувањта:

Zy2zP26iJEY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Судијата Спиро бараше 5.000 евра и ме советуваше ‘замини од државата’, сведочи бегалецот Дацо Белски за претседателот на кочанскиот суд

Студио | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања