Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

Со девет гласа „за“, Судски совет на Република Македонија по втор пат ги разреши судијките Наташа Савовска Димитровска и Роза Георгиева од Апелационен суд Скопје, кои постапувале во предметот „Телеком–Фокуснет“, додека третата судијка, Јетмире Ајдини, е санкционирана со парична казна. Оваа одлука е конечна и нема право на жалба.

Одлуката е донесена попладнево, едногласно, и е идентична со претходната, иако по првото разрешување Савовска Димитровска поднесе жалба до Врховен суд на Република Македонија, која беше уважена, со јасни напатствија предметот повторно да биде разгледан од Судскиот совет.

— реклама —
media-library6sk98v6re5c8eyI55DH

Случајот „Телеком–Фокуснет“ трае повеќе од две децении и произлегува од тужбата на интернет-провајдерот Фокуснет од Штип против телекомуникациската компанија Телеком. Апелациониот суд донесе пресуда со која Телеком беше задолжен да исплати отштета од околу четири милиони евра. По повторното разгледување, Судскиот совет утврди сериозни прекршувања и недоследности во постапувањето на Апелација.

Судијката Јетмире Ајдини, по чии укажувања за незаконско постапување беше отворена постапката, на членовите на Судскиот совет им посочила и дека постојат два записника од исто рочиште, при што еден од нив, според нејзините наводи, бил лажен. Таа беше казнета парично.

— реклама —

Паралелно со дисциплинската постапка, Основно јавно обвинителство отвори предистражна постапка за можни неправилности при донесувањето на пресудата, со што дополнително се отвори прашањето за интегритетот и одговорноста во судството.

Минатата недела,

media-library12rfg1kae1fk8FB0s1i

Нови имиња во Судскиот совет, а стари сомнежи во правосудството

Судскиот совет на Македонија повторно се најде во фокусот на јавноста – институција што со години се соочува со сериозни критики, скандали и рекордно ниско ниво на доверба кај граѓаните, а која сега доби два нови члена по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. За нови членки на Судскиот совет беа избрани професорката по право Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, во момент кога ова тело се наоѓа под силен притисок од јавноста и под лупа поради сопств

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —

, сега разрешната судијка Савовска Димитровска преку адвокат упати закани до главниот уредник на „Скопје1“, најавувајќи кривична пријава. На ова реагираше Здружение на новинари на Македонија, кое поднесе претставка и до Адвокатската комора. Со оглед дека судијката во меѓувреме е разрешена, за нејзиното однесување повеќе не е надлежен Судскиот совет.

Во истата недела, Наташа Савовска Димитровска јавно негираше дека сторила законски прекршувања и им порача на членовите на Судскиот совет да не подлегнуваат на притисоци, нагласувајќи дека одлуките ги донела според сопственото судиско убедување.

— реклама —
DSC_0095

Македонски Телеком ги отфрла обвинувањата од судијката Наташа Савовска Димитровска: На незаконски начин Апелација преиначи одлука

Македонски Телеком јавно ги отфрла, како што наведува, незаконските, невистинити и неаргументирани обвинувања што изминатиот период беа пласирани во јавноста во врска со постапката што се води пред надлежните институции, а произлегува од долгогодишниот судски спор меѓу Македонски Телеком и компанијата Фокуснет.Рекацијата во целост:„Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правотоКако одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 5 месеци

media-libraryqmk3vmphl1mc0T8xndN

Садула Изаири избран за нов член на Судски совет

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања