Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нови имиња во Судскиот совет, а стари сомнежи во правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library12rfg1kae1fk8FB0s1i

Судскиот совет на Македонија повторно се најде во фокусот на јавноста – институција што со години се соочува со сериозни критики, скандали и рекордно ниско ниво на доверба кај граѓаните, а која сега доби два нови члена по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. За нови членки на Судскиот совет беа избрани професорката по право Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, во момент кога ова тело се наоѓа под силен притисок од јавноста и под лупа поради сопственото работење.

— реклама —

Судскиот совет, како клучна институција во системот на судската власт, со години е симбол на нефункционалност, кавги, внатрешни табори. Не така одамна, самите тогашни членови на ова тело, незаконски го разрешија сопствениот претседател. Според перцепцијата на граѓаните, довербата во ова тело е сведена на симболични два проценти – податок што често се споменува во јавноста како илустрација за длабоката криза во која се наоѓа целиот правосуден систем. Претседателот Александар Камбовски, смета дека довербата е драстично повисока и дека тие два проценти се извадени од контекст. Во Советот со години се акумулираат десетици претставки и предмети против судии, кои или се разгледуваат со години или остануваат без јасен и транспарентен исход, што дополнително ја разјадува вербата во правосудните институции. Некогаш пак, исходот од претставките, како изрекување на парична казна наместо построга санкција како разрешување на судија – дополнително влијае за песимизмот.

Еден од најекспонираните случаи во кои директно се отвори прашањето за одговорност на судии е предметот „Телеком“, каде што се инволвирани судијките Наташа Савовска Димитровска, Роза Георгиева и Јетмире Ајдини од Апелацискиот суд Скопје. Во овој спор, стар повеќе од две децении, интернет-провајдерот Фокуснет од Штип ја тужеше компанијата Телеком, а Апелацискиот суд донесе пресуда со која Телеком треба да исплати отштета од околу четири милиони евра на штипската фирма. По разгледувањето на предметот, Судскиот совет утврди сериозни прекршувања и недоследности во постапувањето на Апелација, меѓу кои и постоење на два записника од исто рочиште, од кои едниот, според наодите, бил лажен. Советот констатираше одговорност кај судијките што постапувале во предметот, при што две од нив – Савовска Димитровска и Георгиева – беа разрешени. Тие се жалеа во Врховен суд, па предметот се врати на повторно одлучување. Сега повторно нивната судбина е во рацете и на новоизбраните членки на Судскиот совет.  Паралелно, Основното јавно обвинителство отвори предистражна постапка за можни неправилности при донесувањето на пресудата, што дополнително го отвори прашањето за интегритетот и одговорноста во судството.

— реклама —

Вториот случај што силно одекна во јавноста и повторно го стави Судскиот совет под притисок е поврзан со обвинувањата изнесени од Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешен телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски. Во поткастот Претрес со Ландов, Белски јавно тврдеше дека од неговата поранешна сопруга биле побарани 5.000 евра, откако нему му била определена мерка притвор од судијата Спиро Борисов од Основниот суд во Кочани. Овие тврдења се официјално пријавени и до Судскиот совет, кој е должен да постапи по наводите и да утврди дали постои дисциплинска или друга одговорност.

— реклама —

Сите овие случаи, заедно со низа претходни контроверзии, ја ставаат институцијата Судски совет во исклучително незавидна позиција. Изборот на нови членки се случува во момент кога јавноста очекува не декларативни заложби, туку конкретни резултати, јасни одлуки и видлива одговорност. За граѓаните, Судскиот совет одамна не е апстрактно тело, туку институција што директно ја симболизира состојбата на правдата во државата.

Дали новиот состав ќе донесе суштинска промена или ќе продолжи континуитетот на недоверба и сомнежи, останува да се види. Но едно е јасно – Судскиот совет е на сериозен тест пред јавноста, а просторот за нови грешки е практично исцрпен.

— реклама —
media-librarykgu5elnmkf66cyXeQ4l

Судијка под истрага, „Скопје1“ под закана: Кој го напиша вториот записник за случајот „Телеком“?

Судскиот совет констатирал сериозни прекршувања во постапувањето на судијката Наташа Савовска-Димитровска во предметот „Телеком“. Поради тоа, таа најпрво била суспендирана, а потоа и разрешена. Прашањето дали во предметот постоел двоен записник, како што пред членовите на Судскиот совет тврдела нејзина колешка, Јетмире Ајдини, која исто постапувала во предметот, не е утврдено од Судскиот совет. Тие сметале дека за тоа треба да одлучи Обвинителството, кое води предистражна постапка. Ова е точната

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања