ШТИП

snimka-ceca-stip

(Видео) Снимка од барањето на часовникот кој го зела кучката Цеца од затвореник во Штип

Снимка од моментот кога во КПУ Штип се префрла дрогата преку ѕидот, а затвореникот за кој Пандов рече дека е дел од подземјето ја бара, додека полицајците наводно му го барале скапиот часовник кој му го зела кучката Цеца со која играле на шеталиштето...На снимката се гледа токму тоа што директорот на Управата за извршување на санкции го презентираше на прес-конференцијата.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-22-at-11.57.14

(Видео) Тело на маж по одминати години најдено во Штип, при ископ за мегапарк

Тело во распаѓање е најдено кај некогашните бунари на ЈП Исар во Штип, јавува телевизија Стар. На местото сега треба да се гради мегапарк.„Телото е пронајдено при ископ, речиси на површината на земјата. Очевидци потврдуваат дека телото било покриено со гранки, на нозете немало чевли и дека се работи за маж во поодминати години“, јавува медиумиот.„Скопје1“ испрати прашања за МВР, од каде потврдуваат дека тело е најдено, детали најавуваат веднаш откако ќе биде завршен увидот.

Македонија | пред 11 месец

08012025_Mickoski_Stip_2

Мицкоски: Пуштен е во употреба клон од детска градинка и спортска сала во Штип, продолжуваме посветено да работиме

„Задоволство е денеска да се биде овде Штип. Сепак три проекта се значајни за квалитетот на живот на штипјани.На овој начин сакам да се заблагодарам на поканата на градоначалникот, а воедно да изразам и благодарност до членовите на Владата коишто се денеска тука со мене, но и на пратениците и на сите останати коишто денеска даваат поддршка на овие проекти, бидејќи на овој начин само ќе го направиме животот на штипјани поквалитетен.Како што кажа и градоначалникот, тука не застануваме, продолжуваме и понатаму. Веќе, ако не се лажам, следната недела ќе започне проектот којшто беше дел од оној прв повик на Владата, тоа е обиколницата, проект вреден околу 2 милиона евра и понатаму веќе од втората половина на овој месец јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти коишто ќе бидат финансирани од Владата.Овде во Штип се планирани проекти да се финансираат во вредност од 6 и половина милиони евра за следната година и така продолжуваме и во иднина. Ја развиваме Македонија насекаде. Знаеме дека на тој начин само ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните.Уште еднаш, голема благодарност до градоначалникот, до штипјани, до советниците, до администрацијата, пратениците, членовите на Владата, коишто учествуваат во сите овие проекти коишто значат подобар живот за граѓаните, што претставува и наша цел и задача, но и она коешто сме го ветиле пред граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

20230227071314

Невреме во Штип: Се расчистува низ градот, паднала и бандера

ТППЕ Штип досега повеќепати интервенирала во отстранување на паднати дрвја како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина (Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. 4-ти километар, нас. Насеље, градски пазар). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило.ТППЕ Виница со 2 пожрникари и 1 ПП возило интервенирале во отстранување на падната бандера кај бањата во с.Истибање .Од наша страна неколкупати е известена и дежурната служба на EVN за ризични електрични столбови (навалени, исфрлање искри од жици и сл., како последица од силниот ветер) на територијата на градовите Штип и Кочани, како и во селата Облешево и Истибања .

Македонија | пред 1 година

nikoloski-stip-3

Николоски: Браната на Отињa во Штип ќе ја завршиме до 2026 година, определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзина доизградба

Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме. Определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзината доизградба, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната посета на општина Штип.„Вчера се распиша тендер за доизградба на браната на Отиња, што конечно ќе значи завршување на овој долго ветуван проект. Определивме 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде 8 милиони евра кои што ќе се инвестираат во изградба на браната и оваа брана ќе има значење не само за Штип туку и за целиот реион бидејќи покрај за наводнување ова езеро ќе биде и за рекреација и ќе значи за сите граѓани од Источна Македонија. Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa да стане за Источна Македонија. Ова е проект кој што многу влади го ветувале, еве конечено со тендерот што вчера го распишавме ќе го завршиме. Можам да ветам дека до крај на 2026 година ќе биде завршено езерото, а веќе 2027 година во летната сезона да се користи. Вкупно смо оваа година за Штип инвестираме 12, 5 милион евра“, изјави министерот Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

Capture

(ВИДЕО) Тепачка на базенот во Штип, летаа боксови, а жените се фатија за коса

Вчера на социјалните мрежи се споделуваше видео снимка од тепачка на градскиот базен во Штип.

Македонија | пред 2 години

bolnica-stip

Шест милиони евра ќе наплаќа државата од фирмата што не ја изгради болницата во Штип

Нов тендер за изградба на болницата во Штип ќе се распише штом се направи пресек што од неа е реализирано до сега. Од Министерството за здравство посочуваат дека бараат да се активираат банкарските гаранции на фирмата „Интракт“, која не ја заврши изградбата иако потпиша договор.„Поднесени се барања за активирање банкарски гаранции во износ од шест милиони евра и тие се реализирани. Рокот за изградба бил 30.6.2023, а досега се реализирани само 30 отсто“, велат од Министерството за здравство.Во рок од 42 дена треба да се достави проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка.За раскинувањето на договорот, министерот за здравство, Фатмир Меџити, откри во интервју за „Макфакс“ и зборуваше во детали.

Македонија | пред 2 години

zemjotres-2-2

Земјотрес во Штип

Околу 3 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје.Според првичните информации, земјотресот се случил во 02 часот и 41 минута.Епицентарот е кај градот Штип на длабочина од 1 километар.

Македонија | пред 2 години

Capture-2

Ние не можиме во Штип да влезиме во ЕУ ќе сме влегвале, велат граѓани бидејќи се наплаќа влез во градот

Вработени во штипското јавно претпријатие „Стипион“ вчера ги запираа автомобилите кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари ако се дојдени за манифестација „Пастрмалијада“На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како паркинг-редарите ги запираат колите и им наплатуваат на возачите, од кои некои велат дека им барале 100 денари.На влезот во градот се создал метеж, а револтирани возачи прашуваа зошто мора да платат за да влезат во градот.На социјалните мрежи велат дека наместо да наплаќаат за влез во градот, треба да плаќаат за да им дојдат луѓе.https://twitter.com/satelite_chris/status/1573566829095682048?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/tomebato/status/1573562827197059072?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/somnitelen69/status/1573585934796443649?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/TojSoSlikite/status/1573453921888108551?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/Esk0bar_0d_SK/status/1573417485621248017?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/ddimkooooo/status/1573418755748683778?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfAhttps://twitter.com/Sija_licka/status/1573572206440898561?s=20&t=XFM6afCno2hkD3o5IrkcfA 

Коментари | пред 3 години

image-171154

Тони Цетински вечерва на штипска „Пастрмалијада“

Со сечење на џиновската пастрамајлија синоќа почна 14.издание на штипската манифестација „Пастрмалијада“. Штипјани, но и гостите од земјава уживаа во настапите на ДНК, хрватската пејачка Јелена Розга, оркестарот на маестралниот Џамбо Агушев, а за младите забавата продолжи со познати диџеи.Оваа манифестација се одржува по две години пауза.Манифестацијата продолжува и вечерва со настапите на Зоран Илиев, Куку Леле и Тони Цетински.

Магазин | пред 3 години

Stip_23

ЈП Стипион: Влезот во Штип не се наплаќа

ЈП Стипион преку социјалните мрежи информираат дека влезот во градот Штип не се наплаќа.„На влезовите во градот Штип за Пастрамалијадата има поставено пунктови каде на сите посетители се делат флаери и се насочуваат возилата до места кои се предвидени за паркирани на возила и каде повторно има контролор кои ги организира возилата!Влезот во нашиот град НЕ се наплаќа!!“, стои во соопштението.Претходно на фејсбук страницата „Под Исарот“ денес беше објавено видео за кое се тврди дека е снимено на влезот на Штип. Под видеото стои дека на автомобилите кои влегуваат во градот им се наплаќа од 80 до 100 денари за влез.

Македонија | пред 3 години

Capture-2

(ВИДЕО) Возачи плаќаат од 80 до 100 денари за влез во Штип, не се знае кој ја врши наплатата

На фејсбук страницата „Под Исарот“ денес беше објавено видео за кое се тврди дека е снимено на влезот на Штип. Под видеото стои дека на автомобилите кои влегуваат во градот им се наплаќа од 80 до 100 денари за влез.„ВниманиеНа влезо на Штип се наплаќа од 80 до 100 денара влез“, стои во описот на видеото.Корисник на фејсбук реагираше во врска со овој случај. Тој вели дека наплатено им било само на автомобилите кои немале штипски регистарски ознаки.„За влез у Штип кај Лук Оил редари ти наплаќат 80 денара доколку не си со "ST" таблица?Дири и доколку си транзит, пак ти наплаќат!Штипски возила се пропуштат?Да објасне некој правник:Дали право на слободно движење смее да ти го оспоре неуниформирано лице?Дали е во ред селективноста што ја прават?Дали воопшто треба да му се застане на редар, (не на полицаец) на јавен пат?Некој закон по кој може да го прават ова, или го прават зошто им се може“, стои во објавата.Засега нема информации од надлежните лица кој ја врши наплатата.

Македонија | пред 3 години

44464632_297025617797678_8288878331105902592_n

Во Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината, вели СДСМ

Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните, вели СДСМ„Освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови.Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место им се личните и партиските интереси“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања