ШТИП

IMG_5168

Трагична сообраќајка со жртви на експресниот пат Штип – Радовиш, загинаа работници!

Трагична сообраќајна несреќа со жртви се случила утринава на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балатилиска Река. Комбе што превезувало работници излетало од коловозот, при што, според првичните информации, има загинати и повредени.На местото на несреќата интервенираат екипи на Итната медицинска помош со две возила, пожарникари од ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе излезе со повеќе информации за причините и последиците од оваа трагедија.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-24-155722

Дисциплинска постапка против ФК Шкупи поради инцидентот на натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера попладен излезе со остра реакција поради случувањата на натпреварот од младинските категории меѓу Брегалница и Шкупи, кога родители на гостинските играчи влегоа на терен и физички нападнаа дел од домашните фудбалери.„Ова однесување е крајно неприфатливо и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плејот и безбедноста на младите играчи. Особено е вознемирувачки фактот што едно дете доби тешки повреди, вклучувајќи скршеници, како последица од нападот“, се наведува во соопштението на ФФМ.Од Федерацијата најавија дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки против одговорните.„Дисциплинска постапка ќе биде поведена против ФК Шкупи и сите инволвирани лица, со цел да не се дозволи вакво недолично и опасно однесување да се повтори. ФФМ уште еднаш потсетува дека насилството на спортските терени е недозволиво и ќе биде строго санкционирано. Компромис за насилство, без разлика од кого и на кое ниво, нема да има“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-155722

(Видео) Двајца малолетници во болница: детали за упадот на натпреварот Брегалница-Штип

На игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на младински фудбалски натпревар меѓу екипите на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, се случил тежок инцидент во кој родител на играч од скопскиот тим физички нападнал двајца малолетни фудбалери од домашната екипа.Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето А.А. (43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, влегол на теренот и им нанел повреди на двајцата малолетници. Тие биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип каде им е укажана медицинска помош.Напаѓачот бил лишен од слобода од страна на полициските службеници на СВР Штип, а за настанот бил известен и јавен обвинител. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни кривични пријави.Настанот предизвика згрозување кај јавноста, а се очекува дополнителна реакција од спортските институции и клубовите вклучени во натпреварот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

(Видео) Инцидент на фудбалски натпревар Брегалница-Шкупи: родители влетале на терен да се пресметуваат

Во текот на натпреварот меѓу младинските фудбалски екипи (генерации 2009/2010) на Брегалница и Шкупи, на теренот Бело Брдо во Штип избувнала насилна тепачка кога родители на екипата противник влегле и имале обид за пресметка.Сцената на нападот е снимена и во јавноста кружи видео материјал. Според досегашните извештаи, неофицијално, има повредени.Деталите околу случувањето, како и официјалните наод од истрагата, се очекуваат од МВР. Добивањето на потполно разгледување на видеоматеријалот и изјавите на очевидци ќе бидат клучни за целосно утврдување на случајот.

Спорт | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Полиција уапси тројца во Штип, пронајдени пушки и стотици куршуми

Тројца штипјани уапсени поради незаконско поседување оружје – при претрес во дом пронајдени три автоматски пушки и рамки со муниција.-На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм, се наведува во соопштението од МВР.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_6897

Побаран притвор за пијаниот штипјанец кој со ловечки нож ја убил својата мајка

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 54-годишен жител на градот, осомничен за убиство на својата 84-годишна мајка, кривично дело од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Трагедијата се случила рано утрово во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип. Според обвинителството, осомничениот – под дејство на алкохол со концентрација од 2,43 промили во крвта – по вербална расправија земал ловечки нож и и нанел убодна рана во пределот на вратот на својата мајка. Жената починала на лице место од исцрпување на крв.По нападот, тој самиот се јавил на бројот за итни случаи 112 и го пријавил настанот. Полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот.Јавниот обвинител поднел предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип за определување мерка притвор.

Свет | пред 6 месеци

policiska-lenta

Трагедија во Штип: Поранешен угостител во алкохолна криза ја убил својата мајка

Рано утрово, Штип беше потресен од тешко убиство – 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, ѝ го одзеде животот на својата 84-годишна мајка. Локалното население тврди дека угостителот со години се борел со зависност од алкохол, но и дека имал и проблеми со коцка, поради што често се позајмувал пари од најблиските.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека трагедијата се случила ноќеска, околу 02:00 часот. Жената е убиена во семејниот дом. Осомничениот со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, која починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје е пронајдено и одземено за натамошна постапка“, информираат од МВР.Од полицијата потврдија дека против С.З. ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка за убиство на близок роднина, по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Жителите на Штип велат дека С.З. некогаш важел за успешен угостител, но зависноста од алкохол и коцка целосно го оддалечила од бизнисот и од нормалниот семеен живот, што на крај кулминирало со оваа трагедија.

Македонија | пред 6 месеци

Ilija

Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош: Левица алармира на предизборен поткуп

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!-Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството. Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница. Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината - бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна, наведува Левица!Посочуваат и дека според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“.-Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот, велат од Левица.фото: ФБ/Илија Петковски Џани

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-12.13.01

(Фото) Во Штип, демолирани рамките со фотографиите од загинатите во Кочани

Искршени рамките со фотографиите од момчињата кои загинаа во трагедијата во Кочани, а кои беа поставени на плоштадот „Слбоода“ во Штип. Порталот „Мнет“ објави и фотографии од кои се гледа дека една од фотографиите е извадена од рамката, а од другата е изваден додатокот на рамката на кој истата се потпира.Овие фотографии се поставени на плошадот повеќе од два месеци. Граѓаните оддаваа почит, а првите денови, на ова место се палеа и свеќи во знак на жалост.

Македонија | пред 8 месеци

496510455_10161671992933720_8032107300759074868_n

Саботирана струјата во штипската модуларна болница, постоело опасност да избие пожар, вели директорот Захариев

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев, објави дека во модуларниот објект, намерно се оштетува струјата во неколку наврати. Тој посочува дека случајот е загрижувачки и станува збор за сериозна закана.„Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип! Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар. Дополнително, овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар. Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција“, вели Захариев.Тој посочува дека има камери и обезбедување. Засега не е познато дали случајот е пријавен во МВР.„Не е муабетот каде е обезбедувањето, туку до каде оди човечката психа. Да споиш фаза и нула за да предизвикаш пожар не можам да си го објаснам“, додава Захариев коментирајќи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4872

(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип. За ова извести Обвинителството кои додаваат дека е најден и пиштолот.„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено од слобода. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинитлството.Детали тука:Снимки тука:

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4872

(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера по лицето кое пукаше, кое според неофицијалните информации, е турски државјанин. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци. Полицајците му дале знак да застане, но наместо тоа, тој, ја пробил патарината.„Стој, стој“ се слуша на снимката, покрај уклучените полициски сирени.Според неофицијалните информации, лицето кое пукало и бегало, возело возило марка „БМВ“.

Македонија | пред 9 месеци

asdfasd

Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство.

Македонија | пред 9 месеци

asdfasd

(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот

Доцна вечерва имало пукање во центарот на Штип, а неофицијално едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, во кафе-бар лоциран на плоштадот.Местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница.„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“

Македонија | пред 9 месеци

zelezarski

Осудениот Железарски за низа кривични дела е затвореникот со дрогата, часовникот и кучката Цеца

Осудениот Жан Железарски е затвореникот кој зборувајќи на мобилен телефон ја барал дрогата префрлена во дворот на затворот „Штип“, а затворските полицајци наводно трагале по скап часовник кој кучката Цеца му го зела додека играле. За него, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, рече дека е познато лице од подземјето. На македонските затвори им се врати пред речиси четири години, а претходно беше во двегодишно бегство.Железарски е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и измама. Железарски доби 14,5 години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни две години затвор.Но „Детонатор“ не е единствен случај. Бројни се пресудите против него. Го гонеле за телесни повреди, насилство, оштетување туѓи предмети, давање лажен исказ, предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста.Скандалот со дрогата, часовникот и кучката Цеца е последен во низата за затворскиот систем, како и за Железарски. Сега, поради тоа што го оставиле со мобилен и наместо да му го одземат си се поздравиле – ќе одговараат полицајците кои му помагале за дрогата односно за да го најде часовникот земен од Цеца. За полициските службеници се води дисциплинска постапка, а ќе се достави и кривична пријава, најави Пандов.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања