Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип. За ова извести Обвинителството кои додаваат дека е најден и пиштолот.
„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено од слобода. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинитлството.
Детали тука:
Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локац
Македонија | пред 1 година
Снимки тука:
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера
Македонија | пред 1 година