Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

стојанче ангелов

stojance-angelov

(ВИДЕО) Ангелов за изјавите на Меџити: Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во интервју за „Макфакс“ вели дека кочницата за спроведување на иницијативата е во ДУИ.Знаев, додава Ангелов, дека, додека не избоксуваме согласност од ДУИ, немаме ништо од тоа.За реакциите од страна на огнената група на ДУИ и изјавите на Изет Меџити, Ангелов дециден: „Огнената група може да кажува што сака, во ДУИ командант е Али Ахмети. И на УЧК и на ДУИ. Огнените ќе скокаат и ќе излезат од ДУИ, со тоа нивната кариера ќе заврши“, оценува тој.Во моментов, не гледа, како што вели, опасност за врвот на ДУИ од огнените. Тие, како што оценува, ја злоупотребуваат темата.„Изет Меџити колку време беше на висока позиција во ДУИ? Што чекал Меџити, зошто 22 години не им помогнал на ветераните од УЧК? Чекал 22 години и сега кога има политички несогласувања ја злоупотребува темата да поентира кај дел од Албанците“.

Македонија | пред 2 години

20230524133224

Ангелов до Гаревски: Доколку не сте сигурен дека мостот е безбеден, не ги охрабрувајте граѓаните да поминуваат по него

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, се обрати до Михаил Гаревски, кој тврдеше дека мостот Беласица, со извесни санации, може да биде безбеден за сообраќај.„Почитуван професоре Гаревски,Градот Скопје, од кој сте ангажирани да ја процените штетата на опожарениот мост Беласица, веднаш после пожарот изрече забрана за движење на возила и пешаци по овој мост. Се додека забраната не биде тргната по мостот не смеат да се движат ниту возила, ниту пешаци.Доколку вие, како неспорно стручно лице од оваа област, врз основа на вашите досегашни испитувања на штетата на мостот сметате дека мостот е безбеден за пешаци, молам, во согласност со пропишаните процедури, веднаш известете го градот Скопје да ја тргне изречената забрана и со тоа да им се олесни животот на граѓаните кои го користат овој мост.Доколку не сте сигурни дека мостот е безбеден, молам не ги охрабрувајте граѓаните да минуваат по него, како што ни пренесува новинарот на Макфакс“, напиша Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 2 години

stojance

Ангелов до Таравари: Имате ли информации дека во Македонија има Албанци кои сакаат да се радикализаираат?

Под наслов „Изјасни се д-р Таравари!“, Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој воедно е и член на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ и актуелен директор на Центарот за управување со кризи, ја коментираше изјавата на лидерот на Алијанса, Арбен Таравари.Своето размислување првиот човек на Достоинство го изнесе преку подолг пост на фејсбук.Постот го пренесуваме во целост.„Евентуално загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во земјава, па дури и да се појават нови идеи за реорганизација на државата”. Ваква заканувачка порака упати лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Да ја слушнев оваа изјава пред 20 години, без да му ја мислам ќе одговорев, ајде, ве чекаме, обидете се да ги реализирате вашите големи идеи за реорганизација на Македонија! Само, да не излезе како во 2001-та кога од “борци за ослободување на вековните албански огништа”, притиснати од македонските безбедносни сили, преку ноќ станавте “борци за човекови права” а потоа опкружени од нас, македонските бранители, молевте да бидете извлечени од опколеното Арачиново.Но денес, 22 години после воениот конфликт од 2001-та, 15 години откако сум на чело на Достоинство, помудар и потрпелив, но и со значително политичко искуство од нашата валкана политичка сцена, малку подостарен но сеуште во одлична форма за одбрана на Македонија, сепак ќе кажам нешто сосем друго.За судбината на Македонија одлучуваат сите нејзини граѓани, вклучително и Албанците, преку свои демократски избрани претставници во македонското Собрание. Оттука, Бугарите ќе станат дел од македонскиот Устав само тогаш кога најмалку 80 пратеници, како репрезент на македонските граѓани, ќе гласаат “за”.Доколку Таравари смета дека актуелниот пратенички состав не е соодветен репрезент на народната воља тогаш останува можноста да се прифати предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, веднаш да се излезе на вонредни парламентарни избори, да се формира нов собраниски состав и повторно, преку обид за обезбедување на најмалку 80 пратеници, да се разгледа делегираната народна воља на сите македонски граѓани вклучително и на Албанците. Многу едноставно. Доколку ниту тогаш нема најмалку 80 пратеници кои ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот, Бугарите ќе мора да почекаат.Ќе чекаат Бугарите, но ќе чекаат и Македонците, и Албанците, и сите останати македонски граѓани. Првите за влез во Уставот, останатите за влез во ЕУ. Се додека не дојде до промена на политичката воља во Бугарија или во Македонија, нешто за што постојат најразлични методи, од најдемократски па до не толку демократски.Најдемократскиот метод за реална проверка на граѓанската воља е организирање на демократски референдум со едно единствено и едноставно прашање, дали сте за или против влез на Бугарите во македонскиот Устав?Притоа, за да ја избегнам опасноста и моите зборови да звучат популистички и распалувачки, “да”, јас ќе одговорам “да” за влез на Бугарите во Уставот и со разумни и издржани факти, без притисок, уцени и закани, ќе се обидам да убедам што повеќе граѓани да гласаат “за”.“За”, бидејки со влезот на Бугарите во Уставот ќе се направи јасна уставна разлика помеѓу двата народа, Македонците и Бугарите, а воедно ќе продолжат и преговорите со ЕУ и европскиот пат на Македонија.Истата оваа формално правна процедура важи и за било каква реорганизација на државата. Мнозинството македонски граѓани, а не Арбен Таравари или радикализирани Албанци, одлучуваат за организацијата или реорганизацијата на Македонија.Оттука неговите зборови може да се толкуваат во две насоки. Најпрво како искрена но несмасно дадена изјава со која укажува дека лично тој има сомнежи или информации за постоење на Албанци кои би се радикализирале доколку Бугарите не влезат во Уставот, а со тоа би се закочил и европскиот пат на Македонија. Но, за да ја толкуваме неговата изјава во оваа насока требало да нагласи дека ниту тој лично, ниту луѓето кои ги предводи не се согласуваат со ваква радикализација.Во вториот случај неговата изјава може да се толкува како евтин популизам и обид за добивање лесни политички поени кај дел од македонските Албанци без притоа да води сметка како се чувствуваат Македонците па и сите останати, вклучително и голем дел од македонските Албанци на кои одамна им е дојдена преку глава ваквата распалувачка и заканувачка реторика.Сакам да верувам дека д-р Арбен Таравари мислел на првата можност, но за секој случај му укажувам дека во Македонија одлуките треба да се носат со почитување на народната воља, а не со провокации, уцени и закани кои ги креваат меѓуетнички тензии и го нарушуваат ионака кревкиот меѓуетнички мир, а со тоа и процесот на понатамошното меѓуетничко помирување, процес на кој некои од нас макотрпно работат со години наназад трпејки притоа голем јавен притисок и штета.Скопје, 12.02.2023 годинаГенерал Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство“, пишува на постот.

Коментари | пред 2 години

stojance-angelov

Ангелов бара амнестија за 27-ми април: Го амнестиравме УЧК, време е Македонците да си подадат рака

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов побара амнестија за осудените за 27-април. Тој вели дека сите припадници на УЧК кои во 2001 ја нападнаа државата и убиваа македонски војници и полицајци беа амнестирани, па така Македонците, но и сите други треба да си подадат рака и да си простат.„Со Законот за амнестија од март 2002 година сите припадници на УЧК кои во 2001-та ја нападнаа дежавата и убиваа македонски војници и полицајци беа амнестирани. Беа амнестирани и оние кои ги убија 8-те бранители во заседата кај Вејце но и оние кои ги убија 10-те македонски бранители во заседата кај Карпалак како и оние кои ги убија 8-те македонски бранители кај Љуботенски Бачила.Како тоа да беше малку, во 2011 година, со Автентичното толкување на Законот за амнестија македонското Собрание ги амнестираше и оние кои извршија воени злосторства убивајќи 12 невини македонски цивили собрани од улица или од нивните домови. Беа амнестирани и злосторниците кои највулгарно и ѕверски се изживуваа врз киднапираните мавровски работници.Војната од 2001-та веќе одамна е зад нас. Во Македонија тече процесот на помирување. Помирување помеѓу Македонците и Албанците но и помирување помеѓу припадниците на македонските безбедносни сили и припадниците на УЧК.И покрај сите слабости и недостатоци процесот на помирување ја направи Македонија далеку побезбедна и постабилна земја од она што беше некогаш, и повеќето од нас, заедно, успеавме да направиме огромен безбедносен чекор напред, помагајќи и на Македонија да влезе во најголемиот воено политички сојуз во светот, НАТО.Но, процесот на помирување не треба да застане овде. Ние, македонските бранители од Достоинство, одамна зборуваме за процес на внатрешно помирување помеѓу самите Македонци бидејки внатре-македонската нетрпеливост и омраза наместо да се намалува и полека да спласне или исчезне, од ден на ден, станува се поголема и поголема, зголемувајки го јазот помеѓу Македонците во татковината и во светот.Доволно е само различно мислење за иста тема за да дојде до изблик на вулгарни навреди, нетрпеливост и омраза а понекогаш и закани или физички пресметки.Еден од најсензитивните настани кој драстично ја зголеми и сеуште ја зголемува нетрпеливоста помеѓу Македонците е и крвавиот 27 април 2017 година, настан кој за малку ќе ја турнеше државата во безумна граѓанска војна. Постоеше опасност да почнат да се убиваат Македонец со Македонец, брат со брат, татко со син, само затоа што припаѓаат на различни политички страни.Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план.Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ, гледаа обид за линч врз нивните родители и деца.Но, како и да е, и оние кои го осмислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во него, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители вклучително и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции и силно спротивставени аргументи и ставови, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април.Како Достоинство, први, уште на 28 април 2018 година, додека во знак на почит кон 8-те загинатите херои палевме свеќи и полагавме цвеќе на местото на заседата кај Вејце, повикавме да се развие дебата за амнестија на тогаш обвинетите за 27 април.Според нас од Достоинство, тие не се херои, но уште помалку се терористи и не треба да бидат во затвор.Додека некои ветерани од УЧК со години се наоѓаат на високи државни позиции, меѓу лицата кои гнијат во затвор осудени за 27 април е и поранешниот началник на полициските специјални единици, храбар бранител од 2001-та.Како непосреден учесник во воената 2001-ва, како тешко ранет бранител од борбите во Арачиново, јас смогнав сили да си подадам рака со тие кои ме ранија и почнав да работам на процесот на помирување помеѓу Македонците и Албанците, помеѓу бранителите и УЧК.Затоа, си земам за слобода уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги повикам Македонците но и сите други, да си подадеме рака, да си простиме, да покажаме милост, и сите заедно да продолжиме напред, бидејки кој и да е на власт, Македонија сеуште ја чекаат тешки и неизвесни времиња. А нам бранителите од Достоинство, Македонија ни е се’ што имаме!Поаѓајќи од овој наш став, Достоинство дава целосна подршка на иницираниот Предлог-закон за амнестија на учесниците во настаните од 27 април, кој од неколку адвокати е испратен до македонското Собрание. Воедно, ги повикуваме сите пратеници, без разлика на верската, етничката или партиската припадност, да дадат подршка на оваа иницијатива, да го предложат и изгласаат овој Закон.Ги зедовме во предвид и укажувањата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски дека правдата ќе биде задоволена само тогаш кога Врховниот суд ќе го врати овој предмет во прв степен а потоа би била донесена ослободителна пресуда. Без да навлегуваме во тоа колку е реална оваа можност во разумен временски рок, мораме да констатираме дека времето безмилосно тече и секој еден ден кој овие луѓе го поминуваат во затвор е ден помалку поминат со нивните семејства, со нивните родители, сопруги и деца.Затоа, час поскоро амнестија на осудените за крвавиот 27 април но воедно ова да биде последна групна амнестија дадена од македонското Собрание“, вели Ангелов.

Коментари | пред 2 години

stojance

Ангелов до Ахмети: Македонските вооружени сили не отстапија ни педа земја, а откако УЧК увидоа дека не можат да се спротистават станаа борци за човекови права

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, пренесуваат медиуми на албански јазик.На ова реагираше Стојанче Ангелов кој вели дека македонските вооружени сили победиле секаде каде што имале надредба да војуваат и не дозволиле да биде отцепена ниту педа македонска земја.„Синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партиски собир во Шипковица меѓу другото кажал дека се сретнал со делегација од Украина при што им рекол:“Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’Ваквата изјава на Ахмети е некоректна, неполитичка дури би ја нарекол и безобразна, затоа што, да се споредува нападот на Русија врз Украина со одбраната на Македонија во 2001-та е неточно и невкусно бидејки се работи за два сосем различни воени конфликти.Во 2001 година Република Македонија и нејзините вооружени сили беа нападнати од УЧК. Со комуникето број 4 УЧК побара од “Славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа.Но ние, припадниците на македонските безбедносни сили, војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја.Откако од УЧК увидоа дека никако не можат да се спротистават на македонските безбедносни сили, ја сменија стратегијата а со тоа и реториката и наместо борба за ослободување на вековните албански огништа почнаа да зборуваат за борба за човекови права. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.Сакам да верувам дека изјавата на Ахмети е кажана наменски, како дел од политичкиот говор за подгревање на националната атмосфера на собирот во Речица но апелирам до сите политичари, посебно до највлијателните, да бидат исклучително внимателни и да престанат да користат ваква распалувачка реторика. Бидејки, само неколку погрешни реченици може да предизвикаат значаен чекор назад кон влошување на меѓуетничките односи, нарушувајќи го процесот на помирување на кој макотрпно работиме години наназад“, вели Ангелов.

Коментари | пред 2 години

stojance

„Ја осудувам постапката на Џафери, на граѓаните треба да им се даде можност да се изјаснат“, вели Ангелов

Стојанче Ангелов ја осуди постапката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и смета дека на граѓаните треба да им се даде можност да се изјаснат на референдум.Ангелов вели дека е отворен по прашањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.„Сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање“, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Македонија | пред 3 години

stojance-angelov

Ангелов против францускиот предлог: Некоректно е да се појавам на протеститe

Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов го осудува насилството на протестите врз полицајците и истакнува дека не заслужиле да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруги.Ангелов вели дека францускиот предлог ваков каков што е, е неприфатлив, но, додава, би било некоректно да се појави на протестите против него, затоа што е дел од коалицијата на власт.– Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди дветретинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна – потенцира Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Македонија | пред 3 години

stojance-angelov

(ФОТО) Стојанче се разочарал, малку му биле шегите

Дирекоторот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на социјалните мрежи објави дека е разочаран.Ангелов вели дека очекувал повеќе шеги на негова сметка во врска со санираниот мост во Драчево.„Очекував барем десетина смешни мемиња, симпатични досетки и шеги со мене и санираниот мост пред Драчево но нема ниту една.Изгледа не е толку инспиративно, забавно и смешно кога благодарение на мојот начин и "сејфти фрст" брзо и успешно ќе се отстрани некоја голема опасност“, вели Ангелов.Граѓаните реагираа, велат дека е ставен на сериозна позиција и треба да работи, оти поминато е времето за шали.„Тоа не е нешто со кое што треба да се рекламираш, туку треба да се срамиш што во 2022 година мора медиумски да се реагира за една дупка да биде санирана“, „Тешко на државата со функционери кои сакаат да бидат во мемиња!!!!“, „Кажи до кај е работата со авионите за гаснење пожар, пола источна Македонија изгоре лани од шо немаше со шо да гасите, не туку се прај интересен“, се само дел од коментарите под објавата на Ангелов.

Коментари | пред 3 години

stojance-angelov

Ангелов „го поздрави“ Заев

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја поздрави испратената помош за Украина, од страна на фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.Во Украина беснее војна, таму има многу гладни луѓе. Се сложувам дека таква помош е потребна и во Македонија. Но еве, да го повикаме поранешниот премиер, следната пратка да ја направи во земјава, рече вчера Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“, како одговор на прашање од водителите.Поранешниот премиер Зоран Заев вчера објави дека преку Фондацијата „Заев – Едно општество за сите” испратени се 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

Македонија | пред 3 години

FU9lAfhX0AIVBOP

„Стојанче има возено точак и паднал со главата на мостот, сега само не заe*ава“, реакции по увидот на дупката во Драчево

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, пред неколку дена алармираше за големата дупка која се појавила на мостот кај Маркова Река, и која претставува огромна опасност по животот на патниците кои се движат по мостот.Појасни дека е поставена сигнализација околу дупката, извршен бил увид, и надлежните институции ќе постапат понатаму.„За нас во ЦУК секогаш важи правилото “Сејфти фрст”“, вели Ангелов.Оваа негова изјава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а ова се дел од нивhttps://twitter.com/dremkamisedreme/status/1535289174647001095?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/brunobananiBa/status/1535561061356777477?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Giotto_mkd/status/1535557458680336384?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/TX4Oa5nEf4vVixd/status/1535270863842459651?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Torko_Mk/status/1535557061727203328?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/NaToshoPomalioT/status/1535371254852632578?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/realLOshGZE/status/1535368224669302784?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/goranman2/status/1535353376254398465?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/pavnikolaevic/status/1535344230507347968?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Professor_AXA/status/1535340226293415936?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Totoska666/status/1535339537060143104?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Pat1entHater/status/1535282078731972608?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/sugaryouknowm_e/status/1535298941536845825?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Kalabalak_/status/1535295849458286593?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Totoska666/status/1535286344687271939?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtA 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-04-124536

Ангелов бара да учиме од Албанците

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција изјави дека Македонците треба да учат од Албанците како се почитуваат оние кои се бореле за сопствената држава.„Денес е прослава на ДУИ односно 20 години од формирањето на политичката партија ДУИ, која што произлезе од редовите на УЧК. Јас и го честитам овој јубилеј од 20 години и сакам да укажам дека граѓаните Албанци од Македонија, на било кои избори, секогаш повеќе од 55% даваат поддршка на ДУИ. Тоа зборува во насока дека меѓудругото дека Албанците даваат поддршка на ДУИ затоа што потекнува од УЧК, организација која што се бореше, според нас за отцепување на дел од територијата на државата, но според нив за нивните права.Ние Македонците треба да учиме од Албанците како се почитуваат оние кои што се бореле за сопствената, во нашиот случај ние се боревме за државата. Тие се бореа за нешто кое што нам ни е туѓо, но сепак Албанците покажуваат почит кон нив. Поголем дел од македонските бранители верувавме дека ВМРО-ДПМНЕ е она што е ДУИ во албанскиот блок, и дававме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за жал наместо да ни биде возвратено на ист начин, некаде по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, по 2006 година бранителите беа тужени, додека злосторниците опфатени со хашките случаи беа амнестирани, но и многу други неправди“, вели Ангелов

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања