Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

стојанче ангелов

media-libraryq207fbq1ek755qYsa8x

Стојанче Ангелов потврди: „Со специјална пена е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново“

По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сеуште може да се забележи чадење од неколку места, изјави утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Синоќа, како што беше соопштено, бил подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.Најверојатно намерно запален сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.

Скопје | пред 2 месеци

stojance-angelov1

Густ чад и силен ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јасен! „Пожарите се подметнати“

Густ чад го оневозможува гаснењето од воздух на пожарот во ловиштето „Јасен“, кој четврти ден се обидуваат да го стават под контрола екипи со хеликоптери, ер трактори и припадници на Армијата и МВР. Во текот на ноќта успеаја да изгаснат една од линиите над патот и да спречат огнот да навлезе во боровата шума.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пламените јазици зафаќаат стрмни и тешко пристапни делови, каде што на одредени места човечкиот пристап е невозможен. Утрово повторно се активира дел од пожарот на сртот, каде што се испратени екипи за да го запрат ширењето.„Од долната страна на патот, од капијата на ‘Јасен’ кон езерото Козјак, состојбата е многу лоша. Има густ чад и видливоста е мала, особено за леталата, па затоа не можеме да дејствуваме од воздух. На терен, покрај екипите на АРМ и МВР, има и тимови од ‘Јасен’ и ‘Национални шуми’, повеќе специјални возила и цистерни, а од вчера помагаат и пожарникари од Кавадарци со две возила,“ изјави Ангелов.Освен во „Јасен“, активен пожар има и во општина Сарај, од селото Радуша кон Дворце, каде што гори ниска вегетација. Во моментот не е закана, но може да се прошири кон планината Жеден. Во атарот на селото Крапа, во Македонски Брод, гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.Во последните 24 часа се регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Ангелов посочува дека дел од пожарите се подметнати, бидејќи бројот од вчера повторно е многу висок, а дополнителен проблем претставува и силниот ветер.

Македонија | пред 3 месеци

pozarnikari-oglas

Скопјани не сакаат да гасат пожари за 24.000 денари, огласот заврши, пријавени се помалку од 500

Заврши рокот за пријавување на јавниот оглас преку кој Владата побара 400 невработени лица за ангажман во борба против шумски пожари низ целата држава, со месечен надомест од 24.000 денари. Иако мерката беше промовирана како можност за обука и понатамошно вработување, бројот на пријавени кандидати едвај ја надминува потребната бројка, а интересот во Скопје е особено низок.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој веднаш по објавувањето на огласот тврдеше дека интересот е огромен, сега вели дека има нешто под 500 апликанти на ниво на држава, додека за Скопје се пријавиле помалку од 50 лица, иако биле потребни 80.„Во следните два до три дена кандидатите ќе бидат контактирани и повикани во локалните територијални противпожарни единици. Дел од нив, особено оние што ќе работат преку ДЗС, ќе започнат со најмалку дводневна обука. Во тој период ќе се направи селекција на оние што ќе може понатаму да се дообучуваат како пожарникари“, изјави Ангелов.Најуспешните учесници ќе добијат можност да бидат примени во редовниот состав на локалните противпожарни служби, каде платите се повисоки – над 40.000 денари. Најдобрите меѓу нив, пак, ќе можат да станат дел од новата специјализирана единица на ДЗС, каде што условите и примањата ќе бидат уште подобри.„Специјалната единица ќе брои помалку членови, но ќе се користи на најризични и непристапни терени, каде што е потребна висока физичка подготвеност. Ќе се бараат млади, снаодливи и издржливи лица, кои ќе можат да одговорат на комплексни задачи“, истакна Ангелов.Тој додаде дека ангажманот за 24.000 денари е почетна фаза за проценка и селекција на кандидати, која треба да доведе до нови вработувања во службите за заштита и спасување.

Македонија | пред 4 месеци

Gumi

Стојанче Ангелов: „Спречен пиромански план во срцето на Осогово“

Благодарение на навремената интервенција на шумочуварите, спречен е уште еден обид за подметнување шумски пожар во тешко пристапен дел од Осоговските Планини, објави дирекоторот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во месноста Алтн Врв, на над 2000 метри надморска височина, биле пронајдени гуми, суви гранки и запалив материјал – сè внимателно подготвено за потпалување.-СПРЕЧЕН УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАРВчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума.Голема благодарност до Шумочуварската служба на Национални шуми.Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.

Македонија | пред 4 месеци

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Голем пожар кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ и зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци. Интервенцијата на терен ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“.-Локалното население се организираше и излезе на терен за да ги заштити домовите, а на лице место беше ангажирана и тешка механизација со која се изработуваа противпожарни линии, информираше доцна синоќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на вчерашниот ден, огнената стихија се доближи и до црквата Света Петка во Кумановско, а екипите беа насочени кон спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Македонија | пред 4 месеци

pozar-3

Пожарот во Крива Паланка направил најголеми штети, а втор по критичност е тој во Визбегово

Најголема штета направил пожарот во Крива Паланка каде има загинст човек, штети по гасоводот, опасност за куќите.“Овој можеше да направи катастрофални штети. Сега е во ред”, рече Ангелов.Втор по критичност бил пожарот во Визбегово, таму дејствувале пожарникари, но и Армијата.

Македонија | пред 4 месеци

stojance-angelov-1

„Стојанче ќе им плаќа по пиво, тие ќе јавуваат за пожари – нов модел за заштита и спасување”

Во отсуство на системски одговор и транспарентност за вложувањата во противпожарната опрема и ресурси, јавноста сè почесто реагира со сарказам и револт. Социјалните мрежи се преплавени со коментари, а меѓу нив е и објавата на Ина Многу Фина.-Никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година. По изјавите на бескрајно харизматичниот и духовит Стојанче во кого некој гледа менаџер ја гледам сериозноста на пристапот. Возила од паркинг на АРМ сочувани левел баба ги возела, пожарникари бараме во јули за 24к плата, пилоти ќе обучуваме од септември веројатно за пожарите во јануари да се спремни и најјакото од се не требало дронови туку Стојанче кој до пред некоја година не го интересирало дали постои ДЗС, сега, пазете ова, ќе им плаќал по едно пиво на селаните пред кооперации и они ќе биле место дронови единица за брзо алармирање за пожари.Демек оние 5 луѓе што се собираат "Кај Миле" на гајбите во Благодарево после 5 пива кога ништо не гледаат ќе го видат пожарот во планината, исто ко дрон, ќе го извадат телефонот и ќе му ѕвонат на Стојанче ваљда да му кажат. И он изгледа ќе дојде со гранката и ќе го истепа огинот кој што го регистрирале кооперација единиците за известување.Ама среќа за пратениците за трошоци и за службени коли немаме ваков проблем. За пожарите нека се засрамат овие што не донирале, буџетот си има свои приоритети. И не треба многу со недоверба да се гледа, треба и вие да им верувате ко тие што му веруваат на народот. Еве во Битола, два месеци стара фирма добила тендер од 2.5 милиони евра од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер. Келнер не можеш да најдеш за 2 месеци не па 330 работници ама ете му верувале. Значи треба да се има доверба и со Господ напред некој нешто ќе донира и се ќе биде ок. Добро?, пишува во нејзината објава.

Македонија | пред 4 месеци

stojance-angelov1

(Видео) Некој намерно потпалува кај Блаце оти се најдени палети полиени со бензин, во Чучер Сандево не се изгорени куќи, ниту има опасност, вели Ангелов

Во Чучер Сандево не се изгорени куќи, црковни објекти не се во опаност, Ова го вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека на патот кон Блаце, се најдени палети, односно дека некој се обидел да го реактивира пожарот.„Не е точна веста дека вчера некој манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот, исто така не е точна веста дека изгореле три куќи од село Чучер, апсолутно во текот на вчерашниот ден не дозволивме да изгори ниту една куќа“, рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Тој рече дека за пожарот на патот кон Блаце, има уште повеќе индиции дека е подметнат.„Пожарникарите најдоа дрвени палети, претходно намачкани со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно се обидуваше да го реактивира пожарот кој е под контрола“, рече Ангелов.

Скопје | пред 5 месеци

stojance-angelov

Еден „ер трактор“ подготвен, друг на пат, трет во дефект, а и пилоти сѐ уште во дефицит

Од трите противпожарни авиони „ер трактор“ со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во моментов целосно исправен и подготвен за акција е само еден. Вториот се очекува да пристигне до крајот на следната недела, а третиот има посериозен технички проблем, кој ќе бара повеќе време за поправка отколку што првично било планирано.Но, проблемот не е само во флотата – туку и во кадарот. Во моментов, само еден активен пилот е ангажиран во рамките на ДЗС. Како и минатата година, се очекува поддршка и од двајца пензионирани пилоти, кои и годинава ќе се вклучат во справувањето со пожарите.В.д. директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој на оваа функција стапи пред еден месец, уверува дека се прават напори за проширување на пилотскиот состав. Според неговите најави, до крајот на септември бројот на пилоти треба да се зголеми на вкупно пет.Во таа насока, вчера беше потпишан договор за повторен ангажман на двајцата пензионирани пилоти Стоје Арсовски и Васко Михалчев, кои ќе управуваат со противпожарните „ер трактори“ во претстојната летна сезона, кога се очекува зголемен ризик од шумски пожари.

Актуелно | пред 5 месеци

angelov

Владата му ја покачи платата на директорот Стојанче Ангелов

Владата го измени коефициентот за пресметка на платата, за директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), сега да има покачување. Измената доаѓа по смената на директорот, односно откако со ДЗС почна да раководи Стојанче Ангелов.Неговата плата, се зголемува за околу 12 илјади денари, односно за 13,8 отсто. Па така, платата која досега била 92.375 денари, од идниот месец ќе биде 105.159 денари.Ангелов пред повеќе од година во „Претрес“ кажа дека тој е редовно вработен во М-НАВ, работно место кое му е во мирување поради директорската функција.?t=6769„Утре ако ме смени Владата, ќе се вратам на моето работно место во Македонска навигација. Да кажам дека се добри платите. Но платата не била пресудна“, рече Ангелов.Инаку, Ангелов беше директор на Центарот за управување со кризи. Владата го назначи во ДЗС на местото од Џеват Селмани кој е во куќен притвор како осомничен за пожарот во „Пулс“. 

Македонија | пред 5 месеци

IMG_6546

Средба со високи претставници на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија

,,Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска во посета прими високи претставници на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (ЈИЦА - JICA), предводена од досегашниот Главен претставник на ЈИЦА од канцеларијата за Балкан од Белград, г. Уеки Масахиро, на кого му завршува мандатот и неговиот наследник на позицијата, г. Фукуда Хаџиме.Во текот на дискусиите претставниците на ЈИЦА беа запознаени со проблемите предизвикани од шумски и други пожари на отворен простор од големиот размер, во текот на месеците јули и август, како и за местото и улогата на ЦУК во услови на прогласена кризна состојба. Исто така, беа разменети иницијални мислења во врска со поставеноста и организацијата на системот за управување со катастрофи во Јапонија, во пресрет на најавените реформи и реорганизација на Националниот систем за управување со кризи во нашата држава.Во рамките на оваа протоколарна посета, од страна на директорот, Ангелов, беше изразена голема благодарност до ЈИЦА за поддршката во развојот и јакнењето на капацитетите на Центарот за управување со кризи и Системот за управување со кризи, во целина, преку трансфер на технологии и знаења, како и обезбедување на соодветна техничка помош. Истовремено, високите претставници на ЈИЦА, исто така изразија благодарност до ЦУК за долгорочната соработка, што во континуитет трае речиси 15 години, како и за поддршката на ЈИЦА за проширување на соработката во областа на управување со кризи и намалување на катастрофи со земјите од Западен Балкан.На крајот од посетата, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, му врачи пригодна благодарница за досегашната соработка и поддршка на г. Уеки, досегашниот Главен претставник на ЈИЦА од канцеларијата за Балканот, при што му посака успех на неговата нова работна позиција, а на новоименуваниот Главен претставник на ЈИЦА за Балканот, г. Фукуда, му посака успешно извршување на неговата функција со желба за понатамошно продолжување на заедничката соработка.”, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

pozar

Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш ставен под контрола

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку видео изјава информираше за состојбата со пожарите низ државата. Во моментов активни се 15 пожари.,,Рано утрово во 5 часот се одржа брифинг со домашните и странските пилоти кој учествуваат во гаснењето на пожарите. Рано утрово полета големиот српски хеликоптер со пет тони вода кон пожарот во Радовиш и слободно можам да кажам дека овој пожар во непосредна близина на Радовиш и селото Штурово веќе е ставен под целосна контрола. На територијата на Општина Чашка кај селата Горно и Долно Јаболчиште дејствува еден црногорски хеликоптер и еден полициски хеликоптер. На територијата на Општина Росоман кај селото Сирково дејствува еден полициски хеликоптер и трите „ер трактори“ на ДЗС. На нив во секој момент треба да се приклучи хрватски „канадер“, кој покажа одредени слабости и истите треба да бидат отстранети во секој момент. Кај Лисец ќе дејствува романскиот „спартак“ кој ќе фрли пет тонски водни бомби.”, вели Ангелов.Ангелов информира дека на вчерашната седница одржана во Неготино, бил донесен заклучок за зголемување на бројот на припадниците на Армијата за помагање во справувањето со пожарите.,,Рано утрово претстедателката потпиша указ со кој ни се доделуваат 300 припадници на Армијата како помош во справувањето со пожарите. И за плус 30 припадници е зголемен и бројот на полицајци. На располагање денеска имаме и 60 припадници на Единицата за брзо распоредување.”, вели тој.

Македонија | пред 1 година

stojance-angelov

Ќе ,,лета” ли Стојанче Ангелов од директорската фотелја во ЦУК

Техничкиот премиер Талат Џафери за денеска најави дека ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на сосега коалицискиот партнер „Достоинство“, Стојанче Ангелов.Ангелов кој сите овие години на владеење на СДСМ и ДУИ беше во коалиција си нив, пред два дена најави дека ја напушта коалицијата предводена од СДСМ.,,Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, ќе донесам и соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас директно ќе комуницирам со директорот. Така што како ќе биде, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган”, изјави Џафери.За лидерот на ДУИ сега е време на пазарење.Ангелов рече дека поради неисполнети очекувања за надминување на проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, „Достоинство“ ќе излезе од коалицијата.Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од СДСМ но не и од ДУИ.Ангелов најави дека раководството на партијата донело одлука да ја прифати можноста да влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

stojance-angelov

Ангелов за заседите кај Карпалак: На истото место на кое десетина дена претходно Тигрите влетаа во жестока заседа, минибус полн со армиски резервен состав бил погоден со ракета од РПГ

Стојанче Ангелов утрово на социјалните мрежи сподели статус со наслов „Заседите кај Карпалак“ по повод 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.„На самиот крај на јули 2001 година на повик за помош, вод специјалци од Тигрите итно упатив кон Тетовско да извлече опкружена мала полициска единица. Командантот на Тигрите Горан Здравковски беше надвор од државата во набавка на специфично оружје.Вод од дваесетина Тигри со 4 борбени оклопни возила "Хермелин" и едно теренско возило "Пинц Гауер" со тревога ја напушти касарната Илинден продолжувајќи по автопатот од Скопје кон Тетово.Во моментот кога колоната борбени возила на Тигрите навлегла во месноста Карпалак врз нив бил отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ).Во тој момент јас, иако триесетина дена претходно тешко ранет во Арачиново, се наоѓав на своето командно место во касарната Илинден.Командирот на вод, херојот Васко Стамевски ми се јави на телефон и силно викајќи, за да можам да го слушнам од пукотниците кои одекнуваа од слушалката на мобилниот телефон, ме извести дека влетале во заседа на УЧК. Сите 4 митралесци од Тигрите жестоко распалиле кон позициите на УЧК со што ја намалиле нивната прецизност. Насилно, без сопирање, со многу избушени гуми, Тигрите со голема брзина се пробивале низ заседата на УЧК.Во еден момент, Хермелинот во кој се наоѓал командирот херој Васко Стамевски бил погоден со ракета од РПГ. Силната детонација го пробила оклопот на возилото, огнениот млаз од ракетата влегол внатре во возилото, од силниот притисок на повеќето Тигри им биле оштетени ушните тапанчиња и почнало да им тече крв од ушите.Подотворената странична врата на Хермелинот врз која паднала вреќичка со песок и поради брзање не успеале да ја затворат до крај, овозможила да се намалили внатрешниот притисок од детонацијата и им го спасила животот.Во истиот момент неотворен сандак со куршуми калибар 7,62х39мм, за автоматски пушки, од пламенот на експлозијата се запалил и силно почнал да гори. Околу него имало куп други сандаци со разни типови на куршуми и експлозивни средства вклучително и рачни бомби, ракети за РПГ, зољи, гранати за автоматски фрлачи на гранати, итн...Од силината на експлозијата возачот херој Раде Колев делумно ја изгубил свеста. Командирот херој Васко Стамевски почнал да вика по него да додава гас на возилото а тој се фрлил на воланот помагајќи му во одржување на правецот на движење...Истовремено Тигарот херој Мите Глигоров, отворил шише кисела вода и почнал да истура врз запалениот сандак со муниција чиј пламен се разгорувал многу брзо. Во секој момент Хермелинот со Тигрите можел да летне во воздух...Добрата обука, храброста, пожртвуваноста, тимската работа и борбеното искуство на Тигрите како и транспортните борбени оклопни возила помогнаа сите полициски специјалци да останат живи. Некои од нив со ослабнат слух, но сите живи.Десетина дена подоцна, на 08 август 2001-та, колона армиски резервисти, по истиот патен правец е упатена кон боиштето во тетовско. На истото место на кое десетина дена претходно храбрите Тигри влетаа во жестока заседа сега минуваше слабо обезбедена колона армиски возила вклучително и автобус.Неколку секунди подоцна врз армиската колона беше отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ). Еден минибус полн со храбри припадници на армискиот резервен состав бил погоден со ракета од РПГ и почнал да гори...Во заседата кај Карпалак загинаа 10 македонски херои, припадници на резервниот армиски состав:Ердован Шабаноски (20)Веби Рушидоски (26)Марко Деспотоски (27)Дарко Вељаноски (27)Горан Миноскии (29)Пеце Секулоски (29)Љубе Грујоски (31)Сашо Китаноски (39)Бранко Секулоски (42)Нане Наумоски (48)Вечна ви слава, херои македонски“, напиша Ангелов.

Коментари | пред 2 години

Fabric

Охриѓанец побара евакуација поради гласната музика, па Стојанче му врати: Ако не можете да ја победите, придружете и се

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, освен за сериозни ситуации, знае да се вклучи во хумористични преписки со граѓаните.Еден Охриѓанец, на Фејсбук реагира за гласната музика во Охрид, на што Ангелов му одговори да се приклучи, да заигра и да запее.

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања