Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Средба со високи претставници на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6546

— реклама —

— реклама —

,,Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска во посета прими високи претставници на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (ЈИЦА - JICA), предводена од досегашниот Главен претставник на ЈИЦА од канцеларијата за Балкан од Белград, г. Уеки Масахиро, на кого му завршува мандатот и неговиот наследник на позицијата, г. Фукуда Хаџиме.

— реклама —

Во текот на дискусиите претставниците на ЈИЦА беа запознаени со проблемите предизвикани од шумски и други пожари на отворен простор од големиот размер, во текот на месеците јули и август, како и за местото и улогата на ЦУК во услови на прогласена кризна состојба. Исто така, беа разменети иницијални мислења во врска со поставеноста и организацијата на системот за управување со катастрофи во Јапонија, во пресрет на најавените реформи и реорганизација на Националниот систем за управување со кризи во нашата држава.

Во рамките на оваа протоколарна посета, од страна на директорот, Ангелов, беше изразена голема благодарност до ЈИЦА за поддршката во развојот и јакнењето на капацитетите на Центарот за управување со кризи и Системот за управување со кризи, во целина, преку трансфер на технологии и знаења, како и обезбедување на соодветна техничка помош. Истовремено, високите претставници на ЈИЦА, исто така изразија благодарност до ЦУК за долгорочната соработка, што во континуитет трае речиси 15 години, како и за поддршката на ЈИЦА за проширување на соработката во областа на управување со кризи и намалување на катастрофи со земјите од Западен Балкан.

На крајот од посетата, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, му врачи пригодна благодарница за досегашната соработка и поддршка на г. Уеки, досегашниот Главен претставник на ЈИЦА од канцеларијата за Балканот, при што му посака успех на неговата нова работна позиција, а на новоименуваниот Главен претставник на ЈИЦА за Балканот, г. Фукуда, му посака успешно извршување на неговата функција со желба за понатамошно продолжување на заедничката соработка.”, информираат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq207fbq1ek755qYsa8x

Стојанче Ангелов потврди: „Со специјална пена е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново“

Скопје | пред 2 месеци

stojance-angelov1

Густ чад и силен ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јасен! „Пожарите се подметнати“

Македонија | пред 3 месеци

pozarnikari-oglas

Скопјани не сакаат да гасат пожари за 24.000 денари, огласот заврши, пријавени се помалку од 500

Македонија | пред 4 месеци

Gumi

Стојанче Ангелов: „Спречен пиромански план во срцето на Осогово“

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања