Стоматолозите и МЗ во судир околу лиценците, апликациите сега одат директно во Министерството
Стоматолозите и Министерството за здравство влегоа во жесток спор околу лиценците за работа. Министерот Азир Алиу вели дека од денес апликациите одат директно во Министерството поради неправилности во Комората, додека од таму тврдат дека контроли немале утврдено никакви пропусти.Од денеска стоматолозите ќе можат да поднесуваат барања за лиценци директно во Министерството за здравство, соопшти министерот Азир Алиу. Тој увери дека постапката ќе се одвива со ист рок како досега, а можно е и побрзо
Македонија | пред 11 месец