„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стоматолозите и МЗ во судир околу лиценците, апликациите сега одат директно во Министерството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Стоматолозите и Министерството за здравство влегоа во жесток спор околу лиценците за работа. Министерот Азир Алиу вели дека од денес апликациите одат директно во Министерството поради неправилности во Комората, додека од таму тврдат дека контроли немале утврдено никакви пропусти.

— реклама —

Од денеска стоматолозите ќе можат да поднесуваат барања за лиценци директно во Министерството за здравство, соопшти министерот Азир Алиу. Тој увери дека постапката ќе се одвива со ист рок како досега, а можно е и побрзо завршување.

Алиу потсети дека на 8 август, по препорака на стручна комисија, Министерството ѝ ги одзеде надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора поради утврдени неправилности во нејзината работа. Според него, доколку ваквиот чекор не бил преземен, во септември или октомври половина од стоматолозите во државата ќе останеле без лиценци.

— реклама —

„Од денеска сите барања ќе се примаат кај нас. Потпишав решение со кое Секторот за стоматологија, заедно со вработените од Комората, ќе ги процесира сите апликации. Нема да има застој, ќе се работи по ред и закон. Сè е потпишано врз основа на документи и факти“, изјави Алиу по промоцијата на реновираната инфраструктура на Клиниката за урологија.

За задолжителните обуки кои стоматолозите мора да ги поминат за да добијат лиценца, министерот информира дека се водат разговори со стоматолошките факултети во Скопје и Тетово, кои наскоро ќе подготват програма и материјал. Обуките ќе бидат хибридни – со физичко присуство во факултетските простории и онлајн за оние што не можат да присуствуваат.

„Пристапот ќе остане ист, но во согласност со законот. Стоматолозите може да бидат спокојни – од денес имаме јасна методологија и алгоритам за работа“, додаде Алиу.

Од друга страна, претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, Маријан Денковски, вчера ги демантираше тврдењата за неправилности. Тој наведе дека во изминатиот период Комората била предмет на повеќе надзори и контроли од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Управата за јавни приходи и други институции, при што, според записниците, не биле утврдени неправилности, ниту во делот на јавните овластувања.

„Доколку е направена грешка, подготвени сме да ги прифатиме последиците, но ако се потврди дека нема финансиски или други криминали, очекуваме јавно извинување до членовите на Комората и до јавноста“, изјави Денковски.

Комората најави вонредни седници на Извршниот одбор и Собранието, по кои ќе излезе со официјален став.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања