СТРУГА

jlldiz-veaposka-750x430-1

Три години одлагања во процесот за Веапоска – делото застарува идната година!

И денешното рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со Јилдиз Веапоска од Дебар не се одржа. Наместо разгледување на извештајот од супервештачењето, постапката повторно беше стопирана поради барањето на одбраната за изземање на судијата кој го води процесот.Родилката, која по породување со царски рез во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, видно потресена излезе од судницата. Таа изјави дека повеќе нема ни здравје ни сила да се носи со постојаните одложувања и дека, како што рече, во државата нема ни суд ни правдина.„Срамно е, докторите дојдоа од Скопје за вештачењето, а наместо завршни зборови, повторно се пролонгира процесот без рок,“ додаде Веапоска.Нејзиниот застапник, адвокатот Сашо Јанев, смета дека ваквите барања се дел од стратегија на одбраната за одолговлекување и застарување на предметот. „Сепак верувам дека судот ќе реагира ефикасно и дека ќе добиеме осудителна пресуда која одамна ја очекуваме,“ истакна Јанев.Судењето против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и докторката Лилјана Јованоска – трае речиси три години. Делото може да застари на почетокот од идната година, а предметот веќе трипати се враќаше на почеток поради промени на судиски состав.

Македонија | пред 4 месеци

deponija-44

Ќе запалеле цела депонија во обид да извадат метални федери од душеци-кривична пријава за прилепчанец и стружанец

Во градската депонија во Струга, Е.В. (38) од Прилеп со привремен престој во Струга и Ф.Н. (61) од Струга запалиле душеци за да извадат федери и бакарни жици за продажба; по интервенција на Територијалната противпожарна единица биле пријавени во ОВР Струга, а против нив е поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 02.08.2025 во Градската депонија во Струга, пријавените запалиле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат, но биле затекнати од вработените во Територијалната противпожарна единица Струга и биле пријавени во ОВР Струга, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

siljanovska-t324

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, каде што во рамки на свеченото отворање се одржа и Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети дека фестивалот започнал во 1961 година, по повод стогодишнината од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци, и оцени дека Струга прераснала во „поетска република“ која обединува творци од целиот свет.„Најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста и слободољубивоста. Струга е место што ги спојува поетите без разлика на политичките или идеолошките поделби“, рече претседателката.Таа предупреди на предизвиците од дигиталната зависност, сензационализмот и брзиот развој на технологијата, нагласувајќи дека и покрај вештачката интелигенција, „само поетите се господари на чувствата и волшебници на зборот“.Сиљановска-Давкова потсети на судбината на забранети книги, меѓу кои и АБЕЦЕДАРОТ, и истакна дека „живиот збор е делотворно оружје што може да ја разбуди совеста, да поттикне активност и да ја промени реалноста“.Таа го поздрави враќањето на традиционалните белези на фестивалот – читањата кај Св. Климент во Охрид, поетското пловење до Св. Наум и матинето во дворот на „Св. Богородица Перивлепта“, и ги прогласи овогодинешните Струшки вечери за отворени.„Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐ уште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, порача Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-3

Голем пожар кај Октиси, во опасност имотот на жителите – побарана итна воздушна интервенција

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.-Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот, информира ЦУК.

Македонија | пред 5 месеци

mercedes

Заплена на луксузни возила во Струга по гласна бучава – одземени се пет автомобили, интервенција на полицијата

Струшката полиција синоќа интервенирала по дојава за нарушен јавен ред и мир предизвикан од голема бучава на паркинг во градот. Според информациите објавени од Министерството за внатрешни работи, на терен биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила. Присутните не постапиле по наредбите на полицијата, па биле повикани засилувања, а ситуацијата била ставена под контрола.Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава, преземени и други мерки по ЗБСПДенеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола.Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 месеци

policija-1313

ОЈО Струга отвори истрага за обид за убиство и насилство – предложен притвор за двајца осомничени

Две лица се опфатени со истражна постапка што ја отвори Основното јавно обвинителство Струга по насилен инцидент што се случил на 2 август во Струга. Едниот од осомничените се товари за обид за убиство и насилство, а вториот за помагање при извршувањето на делото.-На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото, информираат од обвинителството.Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 5 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар.Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-14.59.21

(Видео) Менди Ќура влегува во трката за Струга – независно, но со поддршка од „Вреди“?

Бизнисменот Менди Ќура објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Струга како независен кандидат, а неофицијално, неговата кандидатура ќе ја поддржи и владејачката коалиција „Вреди“.„Ова не е трка за власт, туку повик за обединување“, вели Ќура во објава на Фејсбук, најавувајќи програма базирана на транспарентност, развој и инвестиции.Иако во „Вреди“ сè уште нема официјална одлука за градоначалнички кандидат во Струга, упатените проценуваат дека Ќура ќе биде нивниот избор под формула „независен со поддршка“, стратегија што албанскиот блок сè почесто ја користи на локално ниво.Ќура најавува дека ќе го понуди своето искуство од економијата во служба на градот, со акцент на младите, инфраструктурата и локалната правда. Поддршката ја бара од сите – без оглед на етничка или политичка припадност.

Македонија | пред 7 месеци

struga

Обвинение за брутален напад во Старата чаршија во Струга – двајца во притвор, трет осомничен е малолетник

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против две полнолетни лица од село Радолишта, осомничени за кривично дело насилство, а постапка ќе се води и против трет соизвршител – малолетник, согласно Законот за правда на децата.Настанот се случил на 21 јуни во Старата чаршија во Струга, каде по вербална расправија, тројцата осомничени го нападнале оштетениот. Тој се обидел да побегне, но кога се вратил по мобилниот телефон што го испуштил, бил нападнат со тупаници и клоци.Жртвата побарал помош, а насилството престанало дури кога случаен минувач застанал со автомобил и интервенирал. Повредениот се засолнил во блиско кафуле, а потоа бил пренесен во болниците во Струга и Охрид.Обвинителството побара продолжување на притворот за двајцата полнолетни, со образложение дека покрај нападот, го вознемириле и јавниот ред и мир.

Македонија | пред 7 месеци

struga-divogradbi-6

Стружанец градел на државно земјиште, узурпирал дел од Охридското Езеро - си доби кривична

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган“, велат од МВР.

Охрид | пред 10 месеци

272275387_469538504637781_7337616212632868526_n

Претрес во Струга: полицијата најде оружје и куршуми

На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола.При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2022-03-23-200222

Во пресрет на летото, пак се гори трската во струшкиот дел на брегот од Охридско Езеро

Пред почетокот на новата летна сезона, повторно гори трската на брегот од Охридското Езеро, во Струга. Овој дел е под заштита на УНЕСКО, а изминатите години на местата од изгорените површини се појавија монтажни објекти и реквизити, но и тврди објекти - сите дивоградби.„На 08.02.205 во 14.40 часот во ОВР Струга е пријавено дека пред хотел на струшкото крајбрежје на Охридското езеро настанал пожар на трска, која е заштитена со закон. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга“, велат од СВР Охрид.Увид бил извршен и се работи на расчистување на настанот.

Македонија | пред 11 месец

pozar-struga

(Видео) Голем пожар, гори Безистенот во Струга

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро.На терен се четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари.Според првичните информации од терен, се работи за голем пожар. Причините не се познати.

Македонија | пред 1 година

Ramiz-Merko-780x470-1

Се нижат обвиненијата против Мерко откако го ставија на „црна листа“: Противзаконски одобрил барање за реконструкција на базен

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против 11 физички и едно правно лице во врска со бесправно градење на објект кај базенот на хотелот “Дрим”.„Правното лице и неговиот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот врз основа на основен проект изготвен во 2016 година.Градоначалникот на Општина Струга, третообвинет во предметот, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист – недвижност, односно дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра. Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист.Четвртиот и петтиот обвинет се исто така службени лица – референт и раководител од Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Струга, кои го изготвиле и одобриле одобрението за градба со што несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности.Врз основа на вака незаконски издадено одобрение, инвеститорот – обвинетото правно лице и управителот започнале градба на објектот и наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса извеле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел и помошни простории, какои дополнително изградена спојница – депанданс со стариот дел на хотелот. Вкупната површина на вака бесправно изградениот објект спротивен на одобрението за градење изнесува 1.630 м2.Останатите седум обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење. Имено, Основното јавно обвинителство Струга, водејќи ја истрагата за овој предмет наредило три вештачења – во 2021, 2022 и 2023 година од различни стручни лица од наведените области кои во наодите тврделе дека бесправно изградениот објект според своите габарити, внатрешна површина и висина одговара на техничката документација од основниот проект. Тие не навеле дополнителни забелешки за реалната состојба на лице место, а сите отстапувања ги констатирале како законски уредени измени при градење.Првообвинетото правно лице и управителот се обвинети за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а, градоначалникот за – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, двајцата други службеници во Општината како соизвршители за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, а вештаците се обвинети за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 од Кривичниот законик“, вели обвинителството.

Македонија | пред 1 година

merko-3

За здравје кај Мерко нема да се учи, поништено одобрението за струшкиот универзитет

Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки издадена за Меѓународниот универзитет-Струга, со кој раководи семејството на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.„Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга“, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања