Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
siljanovska-t324

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, каде што во рамки на свеченото отворање се одржа и Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети дека фестивалот започнал во 1961 година, по повод стогодишнината од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци, и оцени дека Струга прераснала во „поетска република“ која обединува творци од целиот свет.

„Најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста и слободољубивоста. Струга е место што ги спојува поетите без разлика на политичките или идеолошките поделби“, рече претседателката.

— реклама —

Таа предупреди на предизвиците од дигиталната зависност, сензационализмот и брзиот развој на технологијата, нагласувајќи дека и покрај вештачката интелигенција, „само поетите се господари на чувствата и волшебници на зборот“.

— реклама —

Сиљановска-Давкова потсети на судбината на забранети книги, меѓу кои и АБЕЦЕДАРОТ, и истакна дека „живиот збор е делотворно оружје што може да ја разбуди совеста, да поттикне активност и да ја промени реалноста“.

Таа го поздрави враќањето на традиционалните белези на фестивалот – читањата кај Св. Климент во Охрид, поетското пловење до Св. Наум и матинето во дворот на „Св. Богородица Перивлепта“, и ги прогласи овогодинешните Струшки вечери за отворени.

— реклама —

„Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐ уште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, порача Сиљановска-Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Македонија | пред 2 седмици

media-library5qlrqriqfq0f4W5sFCf

(Видео) Музичка вечер на Црн Дрим во организација на „Соларис“ и Europe House

Македонија | пред 3 седмици

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 3 месеци

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања