Студентите поднесоа тужба за субвенционираниот оброк, Јаневска вели дека се водат преговори за нов модел
Форумот за образовни промени (ФОП), во име на шестмина студенти свои членови, поднесе тужба против Министерството за образование и наука пред Управниот суд поради неусогласувањето на износот на субвенционираниот студентски оброк со растот на животните трошоци. Од Форумот сметаат дека зголемувањето е законска обврска, а не прашање на добра волја на институциите.„Да бидеме јасни, висината на субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретроградниот Меркур или прашање на милостина на Владата
Македонија | пред 1 час