Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

судски постапки

Screenshot-2025-01-19-at-08.12.40

Се бара притвор за Штекли и уште девет лица: три се во бегство

Од вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на подрачјето на Градот Скопје се спроведува координирана акција во соработка со МВР. Одделот за специјални полициски операции изврши претреси на 20 локации во Скопје и на една локација во Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстанци.Од слобода се лишени 10 лица за кои постои основано сомневање дека се членови на криминална група која подолг временски период извршува кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и наркотични средства. Осомничените – членови на криминалната група, дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанци директно до корисниците.Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, надлежниот обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка против 14 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот.Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.

Македонија | пред 10 месеци

najcevska

Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека Обвинителството треба да ја испита смртта на Алекс од Свети Николе. Таа не верува на извештајот од ДСЗИ, според кој, вина кај лекарскиот персонал немало.„Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство. Длабинска истрага за секој од случаите, наместо површни извештаи кои мирисаат на корупција. И доколку се утврди грешка во извештајот на инспекторатот секој од потпишаните инспектори и непосредно надредените да одговараат кривично за прикривање на убиство“, вели Најчевска.Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по извршениот вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, не биле констатирани недостатоци во трите институции. Во штипската Клиничка болница му била поставена дијагноза сомноленција. Сомноленцијата претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност.Сепак таткото излезе со друго тврдење:

Коментари | пред 10 месеци

sudija

Судијка и сопственици на аптеки од Велес, добија обвинение

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.За фалсификување на службената исправа како продолжено кривично дело е обвинета судијката која во текот на постапката беше и разрешена од судиската функција, додека управителката на ланецот аптеки и нејзиниот сопруг се обвинети за поттикнување при извршувањето на кривичното дело и за употреба на исправите со невистинита содржина.Првообвинетата, постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава.Дополнително, како судија во вонпарнична постапка, обвинетата надвор од АКМИС системот за електронско управување со предметите во Судот, составила решение со кое на истите подносители им го усвоила предлогот за привремени мерки за обезбедување непарично побарување, со кое им овозможила на предметниот имот да впишат прибелешка во јавните книги со забрана за отуѓување и оптоварување. Потоа решила привремената мерка веднаш да биде извршна и примерок веднаш да биде доставен до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес. Решението било со невистинита содржина во поглед на податоците за наводно одржаното рочиште, а документот спротивно на судскиот деловник било доставено само до предлагачот.Со посебно решение, таа ја задолжила спротивната страна да ги надомести парничните трошоци на предлагачите во износ од 1.124.308 денари, повторно веднаш давајќи и својство на правосилност и извршност на исправата, иако знаела дека се исполнети законските услови за повлекување на привремената мерка со што парничните трошоци би паднале на товар на подносителот. И ова решение не го доставила до останатите странки во постапката, туку единствено до предлагачот, со што ги оневозможила да користат правен лек – жалба.За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот.Обвинетите сопственици ги употребиле ваквите исправи со невистинита содржина пред Агенцијата за катастар на недвижности за да внесат промени во имотните листови во корист на обвинетото правно лице. Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина.

Македонија | пред 10 месеци

269270811_3122456584744255_158385271110718809_n

Се заканувале, запалиле автомобил, а целта била да изнудат пари - детали за случај од Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата “Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил “Сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_6897

Гостиварец осомничен за силување на девојче: Од познанство на интернет, до злоставување

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар.Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче.Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

Македонија | пред 11 месец

vardar-3

Една од починатите жени го возела автомобилот кој излета во Вардар - детали од обвинителот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата.Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите.Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот.По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности.

Македонија | пред 11 месец

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Десет лица во рацете на Обвинителството, сосе двајца службеници „паднаа“ при криумчарење на луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Девојка паднала од надвозник во Скопје и загинала: трагична несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице.Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол.Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности.

Скопје | пред 11 месец

crna-gora-apsenje

Две години криумчареле луксузни автомобили: познати сите детали за акцијата

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција.

Македонија | пред 11 месец

policiski-cas-policija-policaec

Полицајци со ножеви нападнати од две лица, оти ги застанле да ги исконтролираат: го нападнал, турнал, се заканувал

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.

Македонија | пред 11 месец

filipovic

Одново се суди усмртувањето на пешакот кај МНТ: Возачот со нов адвокат, судот треба да има супервештачење

Владимир Туфегџиќ е адвокатот кој сега ќе ја брани Гордана Филиповиќ, возачот кој со „БМВ Х5“ удри во пешакот Слободан Анѓеловски. Тој почина на лице место. Случајот се суди одново поради промена на судечкиот совет. Нов судија Лидија Петровска. Судењето се одложи бидејќи обвинителката имала притворски предмет.Несреќата се случи во 2022 година, беше донесена пресуда за таа да оди три години во затвор. Сепак, пресудата е укината од Апелација со напатствија да се направи супервештачење за причините за смртта, како и зошто пешакот паднал по загуба на рамнотежа.Според второстепените судии, неопходно е супервештачењето, бидејќи во претходните имало контрадикторности. Пред Туфегџиќ, нејзин адвокат беше Љубомир Михајловски-Џанго.Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на преминот по кој се движел Анѓеловски. Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач.

Македонија | пред 11 месец

kucinja-kuce

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина кај газдите, но, било утврдено дека тие не сториле никаква грешка при грижа за миленикот. Сега починатото дете, само се прекачило преку оградата и било нападнато.„Во однос на предметниот настан, кој беше грозоморен чин, се преземаа многу дејствија, инстантно. Беше извршена обдукција од што се утврдија причините за смртта на детето. Беа испитани вешти лица. Меѓутоа, од целовкупниот собран доказен матеирјал, се утвди дека најрпсосто кажано се рбаоти за несреќан настан, поради што.Беше донесена резолуција да се заврши постапката. Конкретното место на настанот беше обезбедено, куќата беше оградена, сопственикот ги имал преземено сите законски и подзаконски мерки – до знак за забранет влез. Детето кое загина ја има прескокнато оградата без надзор, иако имал укажување да не го прави тоа од претходно“, рече обвинителот кој го водел предметот.Детето беше однесено во безживотна состојба во болница, а обидите за реанимација беа неуспешни. Во моментот кога било примено немало срцева акција и не дишело.

пред 11 месец

20241217125848

Смртта на професорот Кожухаров се испитува: како со автомобил завршил во Црна река

Обвинителството ја испитува точната причина за смртта на професорот д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економски факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот „Скопје“. Ова доаѓа откако тој беше најден мртов, со автомобил излетан во Црна река. Обвинителството се сомнева како настанала несреќата, па затоа наредиле и истрага.Засега е извршен увид на лице место, а телото на професорот е дадено на обдукција. Обдукцискиот наод се уште го немаат добиено, пет дена по настанот.Се проверуваат базни станици, телефонски комуникации, но и детали од ХЕЦ Тиквеш дали кога е испуштана браната на хидроцентралата и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.Кожухаров почина 11 дена пред неговиот 64-ти роденден.Професорите на универзитетот се простија од својот колега.„Те чекавме на утринското кафе пред да почнеме со часовите и денот, а наместо тебе, ни пристигна жалната вест за твоето неочекувано заминување! Нѐ остави со голема празнина таму каде што беше ти, во нашите срца, во училниците на Универзитетот! Ќе го паметиме вчерашниот ден, 16 декември, во спомен на сите прекрасни денови и предизвици што ги поминавме заедно!Нека ти е светол патот во вечноста!“, стои во објавата на професорите на универзитетот.

Македонија | пред 11 месец

IMG_6897

Скопјанец најден починат со автомоил во Црна река: се бараат листинзи од мобилни оператори

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-04-01-at-18.59.08

Пукал ама не го погодил - истрага за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. За уште едно лице е поведена постапка поради сомненија за дејствија на – Помагање по извршување на кривичното дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 декември, во селото Мирковци, сега осомничениот 37-годишник со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а мотивот му била претходна меѓусебна нетрпеливост поради нерасчистени должничко – доверителски односи. Тој отишол до домот на оштетениот, каде пред вратата извадил огнено оружје – пиштол и испукал еден куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди.Куршумот завршил во ѕидот веднаш до рамката од влезната врата, во висина на градите на оштетениот, кој веднаш кога го забележал пиштолот се повлекол во внатрешноста на куќата и ја затворил влезната врата која автоматски се заклучува. Осомничениот започнал да тропа и удира со нога на затворената влезна врата, па откако не успеал да влезе во куќата, побегнал од местото заедно со лицето кое постои сомнение дека му помагало по сторувањето на кривичното дело да не биде откриен.Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, предложи за осомничениот сторител на обидот за убиство да биде определена мерка притвор. Со решение, Основниот кривичен суд Скопје ја определи бараната притворска мерка во траење од 30 дена.CategoriesСоопштенија

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања