Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

судски постапки

DSC_0052

Жртвите биле жени и девојчиња кои ги напаѓал во Центар и Аеродром - уапсен разбојник, се бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби.Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети.Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 11 месец

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Маж од струшко го гонат за производство да видеа со детска порнографија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Обвинет е за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.На своите два мобилни телефони, преку инсталираните апликации за комуникација – Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот. Во групите чии имиња сами по себе упатувале дека се наменети за ширење на детска порнографија, но и во директна комуникација со приватни профили, обвинетиот споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица или со лица кои изгледале како малолетници. Видеа и фотографии кои прикажуваат детска порнографија поседувал и во мобилните телефони и тие биле пронајдени кога телефоните му биле одземени при извршениот претрес.Јавниот обвинител до Основниот суд во Струга достави и посебен предлог со кој побара на обвинетиот да му биде продолжена определената мерка притвор, како и да му бидат одземени мобилните телефони како средство употребено за извршување на кривичното дело.

Македонија | пред 11 месец

DSC_0052

Ја удирал со боксови, ја стегал околу врат, ја влечел за коса - се бара притвор за скопјанец кој извршил семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата.Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода. Затоа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Упасен 35-годишник: купил бензин па запалил три автомобили и објект во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишник поради продолжено извршување на – Тешки дела против општата сигурност предвидено според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Постои основано сомнение дека осомничениот на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело и со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот, при што настапила поголема имотна штета.Откако претходно во пластични шишиња набавил бензин од бензинска пумпа во Куманово, тој намерно предизвикал пожари на неколку локации во Куманово, каде запалил три патнички моторни возила и еден објект – фотокопирница која се наоѓа во состав на станбена зграда.Мотивите за извршување на делото се испитуваат, но исклучено е дека повод била меѓуетничка нетрпеливост. Доказите до овој момент не укажуваат на инволвираност и на други лица.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.Categories Соопштенија

Македонија | пред 11 месец

bitpazar

Обвинение за уште една узурпација за паркинг во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.Во конкретниот случај станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до цветниот пазар кај Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар, а кое согласно Деталниот урбанистички план „Саат кула“ во Општина Чаир било наменето за изградба на катна гаража и било предвидено за продажба со јавно наддавање. Меѓутоа, од 24.08.2023 година обвинетиот го користел земјиштето како импровизиран паркинг простор. Тој поставил рампа и пункт за наплата на паркинг, ангажирал еден вработен да врши наплата за користење на паркинг место и на корисниците во име и за сметка на правното лице им издавал сметки, ограничувајќи и контролирајќи го влезот и излезот до земјиштето.Јавниот обвинител предложи спрема обвинетиот да биде определена и мерка на претпазливост – забрана да презема работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана да го користи земјиштето.Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријавите за дивите паркинзи во Општина Чаир, и во текот на вчерашниот ден поднесе обвинение против друго физичко и правно лице кои исто така подолг период узурпирале земјиште за таа намена во близина на Поликлиниката Битпазар.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Хорор во Кавадарци: Жена се обидела да ја убие својата мајка додека спиела, удирајќи ја со чекан по глава

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2, а во врска до член 19 (во обид) и во врска со член 12 став 2 (битно намалена пресметливост).Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото.Согласно извршените вештачења е утврдено дека обидот за убиство го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции.Бидејќи се уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Семејна драма во Скопје: Ја фатил за вратот и ја стегал, па со боксови ја удирал во глава

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 1 декември, во семејниот дом во селото Љубанци, при вршење семејно насилство, тој телесно ја повредил неговата поранешна сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.По вербална расправија меѓу двајцата, осомничениот со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, продолжил со тупаници да ја удира по главата, нанесувајќи и телесни повреди изразени во вид на набиеници на главата и вратот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, пред се поради опасноста од бегство.

Скопје | пред 1 година

parkin-poliklinika-1-1170x527-1

Земјиште на поликлиника „Битпазар“ стана „див“ паркинг каде скопјанец си наплаќал карти

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.CategoriesСоопштенија

Скопје | пред 1 година

pozar-advokatska-ulicka-34898943

Детали за палењето на Адвокатска комора: Скопјанец со отишол со секира и керозин, имал план како се да дигне во воздух

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ на ул. “Методија Шаторов – Шарло”, предизвикувајќи на тој начин значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери.Една недела претходно осомничениот набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. На критичното утро, со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со “фантомка” и со секирата ја скршил влезната врата. Коцките керозин ги наредил на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил. Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9.255.000 денари. Само 30-тина минути по настанот осомничениот веднаш со сопственото возило, преку граничниот премин “Блаце” ја напуштил државата.Фактот што тој се крие и е недостапен за органите на прогонот, можноста да го повтори делото или да ја попречи постапката со влијание на сведоците се основи поради кои јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница.

Македонија | пред 1 година

prostituc-1

Голема акција за трговија со луѓе во Скопје и Куамново: Претреси на пет локации, четири уапсени за посредување при проституција и перење пари

По повеќемесечна предистражна постапка на предметен јавен обвинител, Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при МВР, и истражители од Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчеравечер е реализирана акција во која од слобода се лишени четири лица. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Куманово при што привремено се одземени телефонски уреди, лап-топ, два пиштоли, девизни и денарски парични средства и документација. Поради постоење на основано сомнение дека тројца од приведените сториле кривични дела „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, а четвртоосомничениот кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата.„Во временскиот период од декември минатата година до вчера првоосомничената – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во РСМ, заедно со второ и третоосомничениот – македонски државјани, од кои едниот е роден во Сирија, како и две неидентификувани лица од РПортугалија, од користољубие со умисла организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил. Тие, во период од скоро една година заради вршење на проституција во РСМ прифатиле пет бразилки од 26 до 38 години кои ги сместувале во претходно изнајмени станови во Скопје, во комплексот „Џевахир Холдинг“. Девојките во двата стана каде што биле сместувани давале сексуални услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб страна наменета за понуда на ескорт девојки во цела Европа. На страницата девојките имале креирани еден или повеќе профили на кои биле постирани телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги и фотографии со експлицитна содржина. Првоосомничената ги контролирала профилите на девојките, контактирала со потенцијалните клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ за сексуални услуги, одобрувала дополнителни услуги за клиентите кои чинеле од 70 евра и нагоре и гарантирала за безбедноста на девојките. За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката на девојките која ја делела со второ и третоосомничениот кои организирале прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките.Со намера да го прикрие вистинскиот извор, локацијата, понатамошниот тек и вистинските сопственици на паричните средства стекнати со вршење на кривично дело „Посредување при вршење на проституција“, првоосомничената дел од паричните средства преку систем за електронски трансфер на пари за територијата на РСМ во период од една година уплатила износ од 26.151 евра кон четири лица во Португалија и три лица во Бразил. Второосомничениот пак, во два наврати дел од паричните средства стекнати од претходно сторено кривично дело во износ од 3.000 УСД ги уплатил кон едно лице во Норвешка, а во повеќе наврати извршувал готовински исплати на парични средства во износи од 440 евра по основ на закупнина за становите во кои девојките престојувале и ги давале сексуалните услуги, како и повеќе готовински исплати на парични средства за различни сопствени животни потреби и потреби на девојките. Третоосомничениот износ од 1.965 евра преку субагент за трансфер на пари ги испратил на првоосомничената на нејзина сметка во Португалија, а 150 евра испратил кон физичко лице во Колумбија. Четвртоосомничениот пак, кој во повеќе наврати бил корисник на сексуални услуги од една од девојките, дури и со одобрување на првоосомничената и паричен надоместок од најмалку 5000 евра по патување што бил исплаќан на првоосомничената, девојката го придружувала при неговите патувања во Рим и Лондон. Откако ја стекнал довербата на девојката, со цел да ги пушти во оптек и да го прикрие потеклото паричните средства што девојката ги прибавила со извршување на казниво дело „Оддавање на проституција“ по чл.19 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, ѝ креирал кориснички профил на веб платформа за тргување со електронски пари (крипто валути) иако знаел дека парите девојката ги прибавила со казниво дело. Преку профилот и со поседување на електронски паричник (wallet), девојката непречено можела да врши трансакции и да го прикрие изворот на паричните средства. Со опишаните дејствија осомничените сториле кривично дело-Перење пари и други приноси од казниво дело.Во текот на денешниот ден предметниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор против осомничените“, велат од ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Разбојниците кои со пиштол и фиктивен динамит влегоа во „Нептун“ имаат 27 и 21 година: одат зад решетки

Против две лица на возраст од 27 и 21 година Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 29 ноември, двајцата осомничени со електрични тротинети дошле до продавницата за бела техника “Нептун” кај Градскиот стадион. Биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, додека едниот осомничен на себе носел и импровизирана рачно изработена експлозивна направа во форма на динамит.Двајцата соизвршители влегле во продавницата, во која во тој момент биле присутни повеќе вработени, возрасни купувачи, но и три деца. На сите им се заканиле со оружјето и експлозивот, а еден од осомничените застанал пред вратата за да ги спречи да излезат.Другиот осомничен влегол позади пултот од каде ги одзел парите од касите, па заканувајќи се со оружјето побарал од вработените да му го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери. Вкупно со разбојништво и закана по животите на присутните осомничените одзеле пари во вкупна вредност од 556.146 денари, ги предупредиле присутните да не повикуваат полиција и излегле од продавницата.Во непосредна близина пред продавницата ги затекнале полициски службеници кои веднаш на лице место ги лишиле од слобода.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да побегнат, да се обидат да влијаат врз сведоците или да го повторат делото.

Македонија | пред 1 година

vanja-tatko-tufegdzik

Братучед на убиената Вања: Му пишав на Илон оти Александар бараше, морав бидејќи беше во агонија

Иво Нешковиќ, братучед на убиената Вања и внук на обвинетиот Александар пред судот сведочеше за моментите по исчезнувањето на девојчето. Раскажа и за две пораки кои ги добиле на социјалните мрежи од кои едната била дека Вања била видена како влегува во некој автомобил. Александар, побарал од сведокот да исконтактира со Илон Маск, па тој тоа се обидел да го направи.„Вујко ми побара да му пишам на Илон Маск, Старлинг има 4000 сателити, тие се користат за комуникација немаат камера. Му напишав на Илон Маск неколку пати, и му пратив на вујко ми слика од мојот телефон само да го смирам бидејќи не можам да ви објаснам тоа беше агоноија. Јас не очекував тој да ми врати, кој сум јас Иво од Скопје, тој е Илон Маск. Вања имаше слика со НАСА и мислевме таа да му ја пратиме, но не стигнавме. Мајка ми беше таму таа ме известуваше, затоа што вујко ми не јадел не пиел, и јас и кажував да пие кока-кола да не колабира човекот“, рече Нешковиќ.Сведокот додаде дека му позајмувал пари на Александар, но не му ги барал назад.„Јас знам дека после разводот станот на улица ‘Наум Наумовски Борче’, Зорица му го препиша на Александар. Едниот стан на Партизанска требаше да биде на едната ќерка, на ‘Наум Наумовски Борче’ на другата. Не го познавам со Љупчо Палевски, никој од моето семејство, сме немале комуникација. Не ми кажал Александар дека комуницирал, името го дознав од медиуми. Немаше никакви долгови“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“

Основниот кривичен суд изрече затворски казни за петмина обвинети во случајот „Синџир“, кои вчера признаа вина. Тие се обвинети за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и 1.000 евра казна, додека мајката на првообвинетиот доби година и единаесет месеци затворска казна и уште 1.000 евра казна.Останатите двајца обвинети, кои признаа вина, добија по две години затвор и по 1.000 евра казна.Само еден од шестмината кои вчера пред Судот признаа вина, Јетон Каба доби условна казна затвор од две години, доколку не стори дело во следните пет години и казна од илјада евра.За шест фирми чии застапници, исто така, вчера признаа вина судот изрече парични казни, но и забрани за учество во јавни повици и концесии.

Македонија | пред 1 година

3-2

Се сомничат за убиство, а добија куќен притвор: познати иницијалите на лицата осомничени за убиството во Железара

Кривичен суд се огласи за изречените мерки за лицата осомничени за убиството на докторот во Железара.“Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки за претпазливост против две лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со Убиството на лекар во населабата Железара, донесе решнија со кои: Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор”, велат од Кривичен суд.

Скопје | пред 1 година

merko-3

Уште едно обвинение против Мерко: ќе му се суди за несовесно работење

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања