СУДСКИПРЕДМЕТИ

Habib-Bunaku-960x573-1

За убиството на Буњаку во Чаир: Две лица ги криеле пиштолите, по тројца се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 11 месец

IMG_6897

На татко и се заканила дека ќе го убие, дете удрила со нога во стомак - велешанка оди во притвор

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик.Делата ги извршила последователно така што најпрво на 10.02 при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом кршејќи ја вратата, па кога не го нашла, се упатила кон автобуското стојалиште каде го затекнала оштетениот и му упатила отворени закани со намера да го вознемири и да го заплаши.На 12.02 осомничена е дека извршила физичко насилство врз дете родено 2011 година, така што најнапред започнала вербална расправија, а потоа детето го удрила со нога во стомакот. Нешто подоцна истиот ден се појавила пред домот на оштетените со стап во раката и им се заканила на девојчето и нејзината мајка дека ќе ги убие, со што кај нив предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.Исто така, на 14.02 го забележала девојчето во дворот на семејната куќа и започнала да фрла камења кон оштетената. Девојчето побегнало, а осомничената продолжила да фрла камења кон паркинг простор каде имало паркирани возила и ученици кои чекале превоз. На тој начин предизвикала значителна опасност за животот и телото на присутните и оштетила два автомобила.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и поради опасноста да ги повтори кривичните дела или да ги изврши делата со кои се заканува и кои вклучуваат противправни дејствија и закани кон 13-годишно девојче, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и ја определи притворската мерка за осомничената.

Македонија | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Обид за убиство во Чаир: 25-годишник пукал кон пешак, кого претходно го испрскал поминувајќи во вир со автомобил, поради што се скарале

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 17 јули, во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка “Фидани” и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. МВР постапува за пронаоѓање на осомничениот.

Скопје | пред 1 година

Grabez-pistol

Прилепчанец ограбил стан во Скопје: се бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Сомненијата укажуваат дека делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице кое е идентификувано и по кое се трага.На 23 јули, во временски период меѓу 12 и 13 часот, двајцата со провалување насилно влегле во стан на булеварот “Трета македонска бригада” и одзеле лаптоп компјутер, рачни часовници и други предмети во вкупна вредност од 38.000 денари.За осомничениот 35-годишник од Прилеп кој веќе е лишен од слобода, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Македонија | пред 1 година

koronavirus-1

Има ли саботажа со исклучување на коморите за реагенси во ИЈЗ: обвинителството отвори случај

„По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело“, велат од Обвинителството и додаваат:Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија.Се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Го убиле со калашников, по кратка караница - страотни детали за крвопролевањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил “Волво” со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат.Categories

Македонија | пред 1 година

darko-k

(Видео) Каевски дојде за да му судат: со лонгета, успеа да стигне на судење за спортските ваучери

Ексдиректорот на Агенцијата за млади и спорт обвинет за направена штета врз државниот буџет од пет милиони евра, се појави на судење. Тој минатиот пат отсуствуваше поради операција на ногата и судењето се одложи, а сега, со лонгета дојде во судот.Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвини дека направиле штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт.Случајот се отвори откако Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до надлежниот обвинител дека постои сомнеж во доделувањето на спортските ваучери од страна на раководни лица од АМС. Веднаш потоа јавниот обвинител поднесе обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

Македонија | пред 1 година

asm-raicevic-sudenje-kaevski-mojsoski

Каевски оперирал тетива, па не дојде на судење: Обвинителката решена да одговара со другите за штета од 5 милиони евра

Откако на првото рочиште не се појави првообвинетиот Дарко Каевски судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт се одлага за 9 јули. Авокатот на Каевски, Петре Шилегов кажа дека неговиот клиент е на домашно лекување откако му бил извршен оперативен зафат на тетивата. Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвини дека направиле штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт.„Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради бројот на обвинетите, поради природата на кривичното дело, поради настаните кои се случувале и особено поради штетата која што е настапена, многу висока, изнесува над 5 милиони евра, рече таа.Случајот се отвори откако Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до надлежниот обвинител дека постои сомнеж во доделувањето на спортските ваучери од страна на раководни лица од АМС. Веднаш потоа јавниот обвинител поднесе обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања