СУДСКИПРЕДМЕТИ

DSC_0288

Скопјанец си го натепал сопственото дете, бркајќи го од дома, го мавал по глава, го фрлал низ ходник - претходно е осудуван

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.„На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-27-at-16.33.39

Две години затвор за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово

Возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Семејството е разочарано од казната.[caption id="attachment_323339" align="alignnone" width="881"] Screenshot[/caption]Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.

Македонија | пред 9 месеци

kesisov-1

Кешишев ја „одмотува“ мрежата со негови тврдења за Вања; Туфегџиќ: Се разговарало ли за грабнување на повеќе лица, пред грабнувањето на Вања?

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, продолжија со испрашување на обвинетиот Влатко Кешишев. Прв започна адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, кој во Обвинителство призна вина, а пред судот посочи дека ниту учествувал, ниту знае нешто за убиството на двете лица.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Од каде тргнаа и по која рута се движеа за време на убиството на Панче Жежовски?Обвинетиот Влатко Кешишев: Во Велес јас ги чекав кај пругата, кај црниот паркинг. После саат време мислам дојдоа кај мене, ставивме гориво во ‘цитроенот’ потоа влезе Вилибор со мене во ‘кангуто’ за да ми кажува по кој пат да возам. По нас доаѓаа Палчо и Боре со цитроенот. По стариот пат Велес-Скопје, стигнавме до самиот пункт, Вељо излезе од ‘кангуто’ и појде со нив, со ‘цитроенот’ до јамата. Ги чекав околу пола саат и потоа дојде Велибор, седна покрај мене во ‘кангуто’ и ми кажа каде да возам. Се спуштивме покрај самиот пункт да излезе на автопатот и ми кажуваше каде да возам. Се приклучивме на стариот пат за Катланово, по нас доаѓаа Палчо и Боре со цитронот. На растојание. Бидејќи имаа комуникација со моторолите. И стигнавме до првата населба, Маџари мислам се вика и ми кажаа: ‘на паркингот’. И тогаш стигнаа Палчо и Боре се паркираа позади нас. Палчо ги избриша возачот и мењачот во ВД 40, потоа влезе во кангуот покрај него беше Боре, а позади бевме јас и Вељо.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев:  Кога стигнавте во Велес каде се наоѓа тој паркинг плац и дали ги поминувате бензиските пумби?Обвинетиот Влатко Кешишев: Ние не влеговме во Велес, последниот тунел каде што е пред Велес, по индустриска зона и таму стигнавме до тој плац, каде што е блиску до пругата. Но не сме влегле во Велес.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев:  Во својот исказ кажа дека после убиството на Вања он ги фрлал лопатите. Може ли да појасни каде ги фрлал?Обвинетиот Влатко Кешишев: Од кога излеговме од местото, се приклучивме на асвалтот, имаше едно 500 метри од патот. Ми кажа мене Палчо да ги фрлам во еден дол со капини. Јас ги фрлив, мене ми рекоа.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев:  Дали пред убиството на Вања биле во обиколка на зградата каде што живее девојчето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сум бил на обиколка, првиот пат кога се проба, вториот пат кога се изврши сум бил, инаку не сум бил во обиколка а не знам дали биле они.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Дали знае колку влеза има зградата?Обвинетиот Влатко Кешишев: 2, од каде да знам.Потоа, прашања поставуваше и адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кажавте дека една година пред грабнувањата и настаните во Велес и Скопје сте биле присутни во штабот во Скопје каде се правеле планови за грабнување со кои не сте се согласувале, дали во ваше присуство имало разговори за повеќе лица кои требало да бидат грабнати пред да се донесе одлука за грабнување на особата во зградата во Скопје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Знаев дека првиот пат кога ја ископавме дуппката дека ќе биде наметнета за киднапирање на луѓе, на човек, после тоа немаат разговарано за други работи до тоа што се случи во Панче. Да имав слушано муабети, не се правдам, не ме интересираше. Помина долго време од кога се правеше тој муабет а немаше ништо. Јас не се правдам, не но го сфатив тоа здраво за готово, се додека не се случија тие работи.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога се вративте со ‘цитроенот’ од Велес во Скопје кога за прв пат слушнавте договарање на друга особа?Обвинетиот Влатко Кешишев: Мислам дека тоа беше првиот пат кога немаше успех. Потоа вториот пат, се случи тоа.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: На 15.12.2023 ќе кажете пред јавен обвинител: ‘По ден ипол околу пладне дојдоа Велибор и Боре, го донесоа ‘кангуто’ и тогаш се договараа за грабнување на особа женска а на која не знам. Дали тоа е точно?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не се сеќавам точно, не ескивирам и не лажам за тоа.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Колку состаноци имало за грабнување на особата од зградата во Скопје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Па не знам колку точно, неколку пати кога доаѓашe Велибор во штабот, се почнуваше таа тема.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Kолку временски траеле овие состаноци?Обвинетиот Влатко Кешишев: Јас не бев присутен до крај, не се правдам ама не знам колку долго.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали сте слушнале некои од присутните da разговарале со таткото на особата што треба да се грабне?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не тука во судница слушнав прв пат, од Велибор или не знам кој.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Што мислевте вие зошто треба да се грабне таа особа?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не мислев ништо, бидејќи не го сфатив сериозно тоа додека не се случи.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали знаевте или слушнавте од кого треба да се бараат пари за грабнатото лице?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам тоа беше договор меѓу нив.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали ја видовте сликата од особата која требаше да биде грабната?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, кога се вративме во штабот на ФБ ја видов сликата од детето, до тогаш немав видено никаква слика.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога за прв пат дознавте за таткото на детето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Кога го доведоа во притвор слушнав дека разговарале со таткото на детето. Во притвор слушнав дека се вика Александар.Дали вие еслушнавте или видовте како Љупчо Палевски како разговара со Александар Ѓорчевски? Не го слушам ниту го пратам со кого разговара.Дали знаевте дека пред зградата нема камера? Не знам, не сум информиран.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали денот кога е грабнато детето имавте мобилни телефони или само радио станици?Обвинетиот Влатко Кешишев: Никој немаше телефон беа само трите радио станици.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Каде го оставивте мобилниот телефон пред да тргнете да ја грабнете особата од зградата во Скопје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Сите телефони мислам беа во штабот.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали слушнавте дека некој кажал дека некој кажал дека девојчето е погрешка грабното и дека не требало да биде грабното?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не бидејќи бев на 20-тина метри поставен за стража и немав слушнато разговори.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали некој во ваше присуство пред убиството се јавил на мајката и таткото на детето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам, не сум видел не сум слушнал.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали по убиството некој ги спомена мајката и таткото на детето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сите ќутеа, и јас.

Македонија | пред 9 месеци

kesisev-5

Палевски го испрашуваше Кешишев кој му рече дека се плаши од него: Дали во ранецот, Палевски го носел пиштолот?

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, го започна распрашувањето на обвинетиот Влатко Кешишев. На претходното рочиште, Кешишев побара Палчо да биде изваден од судницата, оти тој би бил причина за да сведочи невистини. Палевски во имениот на Кешишев бил запишан како „царот“, а во неколку наврати има сведочено дека го слушал сѐ што ќе му кажел. И на ова рочиште, Кешишев рече: „Уште имам страхопочит кон тебе“.Палевски најмногу време посвети да поставува прашања за ранецот кој претходно го споменуваше Кешишов. Меѓу првите прашања до обвинетиот му беше: Зошто кога ќе се спомене ранецот, Кешишов зборува за пиштол со кој се извршени двете убиства.„Претпоставувам дека пиштолот е во ранецот. Ако беше во тебе, на телото, ќе се препознаеше, ќе се видеше преку маицата. Затоа и претпоставувам дека пиштолот бил со моторолите во ранецот“, рече Кешишев.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека ме познавате 2 години, па ве прашувам во тој период слушнавте закани, навреде и уцени од мене кон вас?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, никогаш.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во истиот тој период сте слушнале на посетители, членови да им се зкаанувам, навредувам или оценувам?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не секогаш на другите им даваше совети, немам слушнато во периодот додека бев таму.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во истиот период, било кога сте слушнале закана кон Велибор Манев?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не никогаш.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Дали ви се пожалил Велибор дека е уценет од мене?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Забележавте дека Велибор Манев не по своја волја презима и извршува дејствија?Обвинетиот Влатко Кешишев: Какви дејствија?Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Дејствија кои ги споменавте во вашиот исказ. Поконретно: Дали за време на настаните забележавте дека Велибор Манев не по своја волја извршува дејствија?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Кажавте дека сте биле домаќин во штабот, Може ли било кој да изнесува било што од штабот без јас да дадам дозвола?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, прво требаше да се праша Палчо пред да се изнесе и изнесе. Зад негов грб ништо не се работело, без да знае он.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Штабот кој го споменавте имаше 80 м2 на двата ката, каде сте забележале ранец во штабот?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сум видел, не се сеќавам.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Во штабот освен мојот пиштол кој ми беше одземен во ваше присуство 6 месеци пред настаните, сте виделе друго оружје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам, не сум видел. Не знам каде стоел ранецот, но главно Палчо го носеше.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  На монтираните видеа на ОЈО, на незаконски начин презентирани во судот, на инсертите каде носите ранец и гориво, се гледа Љупчо Палевски или Влатко Кешишев и Велибор Манев?Обвинетиот Влатко Кешишев: На тоа што видов, се гледам јас и Велибор,  кога ми кажа да го извадам ранецот од ‘кангуто’ и да го внесам во гаражата.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кога последен пат сте го виделе или носеле плавиот ранец?Обвинетиот Влатко Кешишев: Мислам дека само тогаш беше.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: На месноста Дупки го носевте ли ранецот?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не јас цело време бев во ‘кангуто’, не сум видел ниту носел ранец.

Македонија | пред 9 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

(Видео) Година дена наназад пред убиствата на Вања и Панче се подготвувале грабнувања на луѓе, ова треба да нѐ загрижи, укажа Туфегџиќ и побара истражните органи да реагираат

Адвокатот Владимир Туфегџиќ го впери прстот во Обвинителството, оти не реагирале по сведочењата на дел од обвинетите во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дека грабнувања и убиства се планирале уште пред да се реализираат овие две. Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчески, татко на Вања, вели дека и со исказот на обвинетиот Влатко Кешишев, кој рече дека за таткото првпат чул во притвор, се докажува дека тој нема никаква вина.„Уште еден сведок кажа дека година дена наназад пред случувањата во Скопје и Велес, се подготвувале грабнувања на луѓе и за такви активности кои сите нас треба да нѐ загрижат. Наместо Јавното обвинителство да тргнат во таа насока, ја дефокусираа истрагата со неоснованото обвинвање на Александар, а тоа е поради не поседување на унифицирани стандарди за постапување во ваков случај“, укажа Туфегџиќ.Тој додаде дека Обвинителството не постапило и по неговите пријави дека во странски држави се објавувале докази од постапката за убиството на Вања, алудирајќи на објавите од српскиот политичар Срѓан Ного.„Обвинителството не постапи ни по пријавите за тортура, ни по известувањето за објавување на дел од доказниот материјал од странска држава. Не добивме одговори на многу прашања. Се надевам дека ќе преземат нешто“, додаде тој.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-24-at-13.34.51

Речиси пет години затвор за Бугаринот кој измами кумановка за 30 илјади евра со наводна сообраќајка

Бугарскиот државјанин Предраг Миленков (60) од Софија, кој ja измами Г. В. (66) од Куманово за 30.000 евра, доби казна од четири години и 10 месеци. Судијата смета дека тој сторил тежок вид на измама, со јавувањето кај семејството Величковски на кои им побарал 50.000 евра, со тврдење дека член на семејството умртил мигрант. Тие немале толку средства, па исплатиле сума од околу 30.000 евра.„Превидената максимална казна е пет години затвор, судот му изрекува на обвинетиот четири години и 10 месеци. На оштетените, семејството Величковски, му се досудува износ од околу 30.000 евра“, рече судијата.Бугарскиот државјанин измамата ја направи на 31 јануари. Тој не призна вина, туку рече дека и тој бил измамен од друго лице. Но, истрагата утврдила дека тој ги земал парите, а бил снимен и од надзорните камери на местото каде било примопредавањето.

Македонија | пред 10 месеци

zan-mitrev

Случајот против Жан Митрев почна од почеток

Две судијки поротнички во исто време си дадоа оставки од функцијата, ова е причината поради која предметот во кој докторот и сопственик на Клиниката, Жан Митрев е обвинет за измама на 283 пациенти да се врати од почеток.Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари 2023 година поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. А за ова кривично дело „измама“ предвидената казна затвор е од една до 10 години.Од ОЈО тогаш рекоа дека дека се лекувале со методот на хемофилтрација за време на пандемијата со Ковид 19 и дека 283 луѓе се пријавиле со оштетно побарување, кои рекле дека се чувствуваат измамени и се приклучиле, но и дека имало и такви кои не сакале и рекле дека не сите се чувствуваат за оштетени.Никола Додевски, адвокатот на Жан Митрев, денеска кажа дека обвиненијата за измама на пациенти се апсурдни.На рочиштата се се враќа од почеток, па така ќе треба повторно да се сослушуваат и да дадат искази и сведоците.Обвинителството смета дека скапото лекување од ковид-19 во клиниката Жан Митрев било непријавена клиничка студија, односно наспроти домашните законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.Од Жан Митрев тврдатдека тоа се неточни наводи, насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на болницата,, Жан Митрев”.

Македонија | пред 11 месец

IMG_3884

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења, во кои се опишувала здравствената состојба на осудениот. Со нив, освен што се констатирало дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема ниту терапии, ниту доктори, ниту услови, таму се нотирало и дека тој има инвлидитет бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и тенкото црево. Во документацијата имало и извештаи за неговата состојба, по како што се наведува, две живото-загрозувачки операции додека бил во затвор, а дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведат фатални последици.Судиите пред нив имале неколку опции за постапување, при донесување на одлуката. Па така, можеле да ја преиначат претходната пресуда во однос на санкцијата (што и го направиле), да ја ублажат веќе изречената казна, да одредат колку ќе се изврши од претходно определената казна.Јовановски-Боки 13 беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“. Интересно е дека за делото „примање награда за противзаконито влијание“ беа осудени и Сашо Мијалков во „Титаник 2“ каде доби две години затвор (делото му застари), Никола Груевски во случајот „Тенк“ каде доби исто така две години затвор, врховниот судија Наќе Георгиев кој се спогоди за три години затвор, членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети кој се спогоди за условна осуда.Сторувањето на кривичното дело „перење пари“, кај Јовановски, го спореа и Коалицијата за правично судење во нивната студија, со тврдење дека не е исполнето битието на делото.„Нејасно е зошто купувањето на материјални добра со илегално стекнати пари е класифицирано како кривично дело од чл. 273 став 1 од КЗ, бидејќи таквото дејство, само по себе не го исполнува битието на казненото дело перење пари. Доколку тоа би било така, во тој случај и обвинетиот кој извршил кривично дело кражба и украл пари за да купи храна или облека би требало да биде обвинет како за кражба, така и за перење пари, бидејќи храната ја купил со илегално стекнати пари, односно истите ги пуштил во оптек“, се вели во студијата.Коалицијата го спореше квалификацијата на делото, нееднаквиот пристап на одбраната и на Обвинителството до доказите, за вештачењето на телефонот на Боки 13 и друго.Јовановски и моментално е на лекување.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-27-at-20.23.18

Десет осомничени од затворот Шутка, меѓу кои ексдиректорот: пуштале затвореници на слобода иако не смееле, тврди Обвинителството

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерки на претпазливост спрема десет лица вработени во КПУ Затвор Скопје. Постои основано сомнение дека осомничените како соизвршители сториле кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ и кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, додека прво и десетоосомничениот сториле и кривично дело и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“.„Првосомничениот злоупотребувајќи ја својата службена должност на директор на установата, во период од март до јули 2024, со намера да им овозможи корист односно противзаконска поволност на петмина осуденици и привремено да ги ослободи, дозволил и наредил осудените кои биле од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности што согласно судските одлуки не им следувале. Постапувајќи спротивно на одредбите на законските и подзаконски акти за спровод на осудени лица, биле издавани наредби со кои се дозволило осудените лица да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби, иако во Постапката за спроведување вон установа јасно е наведено дека спроведувањето на лица лишени од слобода од казнено поправната установа се спроведува единствено до суд, здравствена установа или друг орган.Ваквото противзаконско спроведување се вршело така што осудените лица доставувале молба до првоосомничениот кој со факсимил или потпис ги одобрувал молбите на осудените повремено да го напуштат затворот. Врз основа на потписот третопријавениот – командир на затворска полиција, кој бил задолжен за спровод, иако знаел дека таквиот вид на спровод е спротивен на закон и процедурите за спровод, изготвувал наредба за спровод на осудените лица која наредба била одобрена од првоосомничениот, а во неколку наврати тоа го сторил второосомничениот – затворски полицаец и личен возач на директорот. Одобрените наредби третоосомничениот ги предавал на останатите осомничени затворски полицајци, кои иако знаеле дека таков спровод на осудено лице е спротивен на законот и процедурите, го извршувале користејќи службени возила и службено гориво на установата и ги носеле осудените до определените места ослободувајќи ги да извршуваат приватни работи, а по 8 до 10 часа ги враќале назад во затворот. За извршената наредба на дел од осомничените затворски полицајци првоосомничениот им одобрувал прекувремени работни часови. Со ваквите противзаконски дејствија била предизвикана штета на Буџетот на РСМакедонија, за сметка на мала имотна корист за петмината осомничени.Десетоосомничениот пак, како затворски полицаец, непреземајќи должни мерки и активности при утврдување на бројна состојба на осудени лица, постапил спротивно на одредбите од Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција. Тој при вршење физички проверки за бројната состојба на затворените лица не пријавил дека одредена група на осудени лица сместени во импровизирани простории не се присутни, туку напротив, констатирал дека нема отсутни. Така, при ненајавен вонреден надзор од страна на Управата за извршување на санкции, било констатирано дека недостасуваат 11 осудени лица, а истите не биле пријавени дека не се присутни. Со непреземање на дејствија што му биле во надлежност, осомничениот сторил кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“. За истото дело е осомничен и тогашниот директор на затворот кој бил должен да преземе соодветни мерки, во однос на просториите во кои биле сместени осудените лица, а кои не исполнувале законските услови. Со непреземање на дејствија и активности им овозможил на осудените лица да бидат сместени во импровизираните простории без посебен надзор како што налага Законот за извршување на санкции, со што создал и овозможил услови кои што довеле до нивно бегство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд, ценејќи ги околностите, а заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување присуство на обвинетиот, поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост како поблаги мерки за обезбедување присуство на осомничените и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање, Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за преземање на определени работни активности – затворски полицаец, а кои се поврзани со кривичното дело“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 11 месец

dete-siluvanje

Жена силувана во Скопје, монструмот е 37-годишен скопјанец - побаран притвор

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.„Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителство.

Скопје | пред 11 месец

Messenger_creation_AC54AD5D-AE99-4C6E-9B52-C83B0BAF6418

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.„При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна недозволена продажба. Исто така, од осомничениот 37- годишен тетовец се одземени и парични средства во вкупен износ од 71.700 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик дека осомничениот би можел да го повторува делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Основното јавно обвинителство Тетово.

Македонија | пред 11 месец

palco-palevski-141

Палевски: На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам

Љупчо Палевски-Палчо тврди дека последен пат со другите обвинети се видел во мај, а не ден пред да биде грабнат и убиен Панче Жежовски. Според него, датумите на снимките кои ги презентираше обвинителството се манипулирани. Тој тврди дека на снимките не се гледа дека тој има микрофон на него, не коментирајќи го делот дека носи слушалка.„Овие материјали кои денес беа презентирани, не се веродостојни и се манипулирани, манипулирани се датите, јас во присуство на тројцата сообвинети сум бил прв и последен пат на петти мај, не на 22.11.2023 година. Комоцијата на обвинителството во презентирање и наметнување на лажни докази, како на пример дека на црната јакна се гледа црн микрофон на јакната, во ноќен режим камери, тоа е невозможно. Јавното обвинителство е претворено во медиумски деск. На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам, вели Палевски.Тој посочи и дека не е возможно да нема ДНК во возилото „Рено кангу“ ако тој бил во него.„Невозможно е да управувам 120 км со возило, а да не оставам ниедна ДНК во возилото. Во исто време, кога сум патувал од Белград кон Турција во „ренџ ровер“ сум оставил 7 примероци на ДНК. Следи мојата одбрана и се надевам судот ќе ми дозволи целосно да ја изведам за да ги демантирам лагите на Јавното обвинителство“, рече Палевски.Обвинетиот посочи и: „И токму затоа пристигнаа нови докази за учеството на МВР и на ЈО дека од првиот ден, од 5 декември 2023 година се во тек со оружјето“.

Македонија | пред 11 месец

obvineti

Снимки пред убиството на Жежовски: Палевски со слушалка, другите со мотороли - се собрале во домот на Велибор Манев

Снимки од домот на обвинетиот Велибор Манев во Велес, покажуваат што правеле тој, заедно со Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов, вечерта на 21.11, односно ден пред да биде киднапиран и убиен Панче Жежовски. Според Обвинителството, ова се моментите кога се планирала реализацијата на грозоморниот чин.20:57 минутиВелибор Манев пристигнува пред неговиот двор. Од возилото излегува лице и влегува во куќата. Обвинителката тврди дека тоа е обвинетиот Боре Видески со неговото возило „шкода“.По неколку минути, од возилото „Рено кангу“, од совозачката врата излегол обвинетиот Влатко Кешишов кој исто така влегол во куќата. По него и обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.22:26 минутиИзлегува Влатко Кешишов во дворот од куќата на Манев и се прекрстува држејќи ранец во раката, а потоа става нешто во возилото. Потоа, со „Реното кангу“ излегува на улица, а Манев со возило „мерцедес“.По 20-тина минути...Велибор Манев се враќа со „мерцедесот“ од местото каде што бил и повторно заминува. Во 22 часот и 43 минути Манев ги носи двете туби кон „кангуто“, кое во тој момент е паркирано на улицата.22:40Обвинителката посочува дека се гледа Палевски со црна слушалка во увото, како со Боре Видески излегуваат на улица. Кешишев се упатува кон „Реното кангу“, другите чекаат. Видески во раката држи радиостаница, односно „моторола“ и ја тестира. Радиостаница имаат и Велибор Манев и Влатко Кешишев. Од снимките, обвинителката вели дека се гледаат и микрофони закачени на Палевски, Манев и Видески.Велибор Манев и Жежовски се соседиЧетворицата тргнуваат пешки, токму во правецот на куќата каде живеел Жежовски, тврди обвинителката презентирајќи ги снимките.22:56 минути Обвинителката презентирајќи снимки вели дека се гледа како Кешишев се враќа пешки од правецот од кој претходно замина пешки. Две минути подоцна „Реното кангу“ оди кон останатите обвинети.По околу 30-40 минути...Се забележува како „Реното кангу“ се паркира пред „Шкодата”. Од него излегуваат Кешишев и Палевски, кој зборува на микрофон што го држи во десната рака. Потоа од правецот од Велес, доаѓаат Велибор Манев и Боре Видески.  Тројца влегуваат внатре додека Кешишев се упатува кон „Рено кангуто“, зема кеса и туба и влегува во домот на Манев.На следна снимка се гледа како сите четворица излегуваат од куќата на Велибор Манев и се качуваат во „Реното кангу“. Се враќаат, па пак излегуваат утрото на 22.11 во 06:33 минути. Ова е денот кога е убиен Жежовски.Панче Жежовски првично се водеше како исчезнат, додека неговото запалено возило „Цитроен“ беше пронајдено кај Бразда, близу местото каде била закопана Вања. Жежовски беше пронајден закопан кај Рудник, на патот Велес–Скопје, убиен со пиштол.

Македонија | пред 11 месец

bajrami

Од Лотарија платени 400.000 евра за простории кои не биле ниту користени - нова пријава за избеганиот Прпарим Бајрами од ДУИ

Ексдиректорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами од ДУИ, доби нова кривична пријава. Тој се гони за изнајмување на деловни простории по цена за метар квадратен, најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена. Во склучениот договор пак, не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое претставувало посебен услов во повиокот.„Исто така, деловните простории не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија. На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.“, стои во пријавата од Финансиската полиција.Од Обвинителството посочуваат дека постапуваат по пријавата.„Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата. Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази“, вели оБВИНИТЕЛСТВОТО..

Македонија | пред 11 месец

trgovija-so-deca

Шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со луѓе. Имено, предметот беше оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“, по што истиот е препратен на надлежност во ова обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело Трговија со луѓе.Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20.11.2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги. Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи определување на мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање.За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања